Прејди на содржината

Тринеделница

Од Википедија — слободната енциклопедија
СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
                
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганство · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи

Тринеделница (Беин амецарим хебрејски: בין המצרים ) — период на жалење во спомен на уништувањето на првиот и вториот Еврејски храмови. Тринеделницата започнува на седумнаесеттиот ден на месецот тамуз, постот на Шива асар бетамуз и крајот е на деветтиот ден од месецот ав, со постот три недели подоцна наречен Тиша беав. И двата поста ги одбележуваат настаните поврзани со уништувањето на двата храма и подоцнежното протерување на евреите од Израел. Според традиционалното сметање на времето, уништувањето на првиот Храм од страна на Навуходонозор II, во 586 година п.н.е. и уништувањето на вториот Храм од страна на римјаните, во 70 година. Еврејското времесметање, сепак, го сместува уништувањето на првиот Храм во 421 година п.н.е. (Погледајте Години кои недостасуваат (еврејски календар))

Чествување

[уреди | уреди извор]

Жалосните чествувања за време на трите недели се поделени на четири нивоа, зголемувајќи се по интензивност:[1]

  1. Од седумнаесетти тамуз па до крајот на тамуз
  2. Од Рош ходеш па се со неделата кога е Тиша беав
  3. Неделата кога е Тиша беав па сè до осми ав
  4. Денот кога е Тиша беав

Вообичаените ашкеназиски обичаи, или минаг, ја ограничуваат должината на косата, бричењето и слушањето на музика, иако заедниците и самите лица поединечно имаат различен начин на почитување на овие обичаи. Во овој период не се склучуваат бракови или пак се одржуваат прослави, бидејќи радоста од таквиот настан ќе биде во спротивност со очекуваното жалоствено однесување во овој период.

Многу ортодоксни евреи се воздржуваат од јадење на месо за време на Деветдневницата која започнува од првиот ден на месецот ав и трае до средината на денот по постот за деветти ав, што се заснова на верувањето дека храмот горел токму во тој период.

Време на опасности

[уреди | уреди извор]

Тринеделницата е период на несреќа, бидејќи многу несреќи и трагедии му се случиле на еврејскиот народ во тој период. Трагедии кои се случиле во овој период се: кршењето на десетте заповеди од страна на Мојсеј, кога видел дека луѓето го обожуваат златното теле, палењето на Сефер Тората од страна на Апостомиј за време на ерата на Вториот Храм, уништувањето на двата храма за време на Тиша беав,протерувањето на евреите од Шпанија на Тиша беав 1492 година, и почетокот на Првата светска војна на Тиша беав 1914 година, при која биле раселени голем број на еврејски заедници.

Како резултат на сето гореспоменато, евреите се особено внимаваат да ги избегнат сите опасни ситуации за време на тринеделницата. Вакви настани се: одење до опасни места, удирање на дете или ученик, подложување на оперативен зафат и летање со авион. Обичај е да се одложат и судските случаи по поминувањето на трите недели.[1]

Деветдневница

[уреди | уреди извор]

Според Мишна (Таанит 4:6 Архивирано на 13 јуни 2010 г.), „од почетокот на ав, радоста се намалува.“ Последните девет денови од трите недели се и првите девет денови од месецот ав, при што истите завршуваат со постот Тиша беав, период на голема ожалостеност според ашкеназиските обичаи. Многу еврејски заедници се воздржуваат од јадење на живина, црвено месо и пиење на вино, носење на свежо испрани алишта и бањање. Сефардите ги почитуваат повеќето од овие забрани но само од неделата пред Тиша беав. Јеменските евреи не ги почитуваат овие обичаи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Barclay, Rabbi Elozor; Jaeger, Rabbi Yitzchok (2003). Guidelines: Over Four Hundred of the Most Commonly Asked Questions About the Three Weeks. Targum Press. ISBN 1-56871-254-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]