Волинска Област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волинска Област
Волинська область
Знаме

Местоположба
Карта на Украина, Волинската област е означена со црвено
Информации
Админ. центар:Луцк
Официјални јазици:украински
Површина:20.143 km²
Население:1.040.083 (01.12.2012)
Број на реони:16
Регистерска ознака:AC
Областен управител:Олександр Савченко


Волинската Област (украински: Волинська область; исто така се нарекува Волин — украински: Волинь) — област во најзападниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Луцк.

Географија[уреди | уреди извор]

Волинска Област има вкупна површина од 20.143 км2 (3,3% од Украина). На запад се граничи со Полска, на север со Белорусија, на југ со Лавовската, на исток со Ровненската Област. Во областа има 1.076 села и 11 градови. Реки во областа се: Стир, Припјат, Турија, Стохид. Езеро: Свитјаз.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението во 2001 година, во Волинска Област живеат најмногу Украинци (96,95 %), а останатите се Руси (2,38 %), Белоруси (0,30 %).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]