Винарска Визба (Велес)
Изглед
„Винарска Визба“
| |
Местоположба | 41°43′00″N 21°47′00″E / 41.71667° СГШ; 21.78333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велес |
Општина | Велес |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Винарска Визба — некропола од римското време во подрачјето на градот Велес, Македонија. На 2 километри северно од градот, на левата страна на Вардар, при изградбата на винарската визба на АК „Лозар“ се пронајдени гробови со кремирање и инхумација. Иван Микулчиќ мисли дека од ова наоѓалиште потекнуваат 15 стели од мермер со релјефни претстави и грчки натпис. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кале — градиште од доцноантичкото време;
- Петрова Чешма — могила од римското време;
- Велес; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 61. ISBN 9989-649-28-6.