Теќе (Отовица)
Изглед
„Теќе“
| |
| |
Местоположба | 41°46′23″N 21°46′40″E / 41.77306° СГШ; 21.77778° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Отовица |
Општина | Велес |
Тип |
|
Период | бронзено време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Теќе — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Отовица. Претставува населба од бронзеното и доцноантичкото време. На 2 км источно од Башино Село, на просторот помеѓу подножјето на врвот Кале и малата височинка наречена Теќе, на местото каде Отавичка Река се влева во Езерото Младост, при подготовките на садење на лозјата се откриени голем број фрагменти од керамички садови карактеристични за бронзеното време. Исто така, по површината се среќаваат и фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на Македонија.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кале - Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Отовица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 60-61. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Отовица
- Археолошки наоѓалишта во Општина Велес
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Велешко