Дабици (Сопот)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дабици


Местоположба 41°47′7″N 21°43′2″E / 41.78528° СГШ; 21.71722° ИГД / 41.78528; 21.71722Координати: 41°47′7″N 21°43′2″E / 41.78528° СГШ; 21.71722° ИГД / 41.78528; 21.71722
Основни податоци
Место Сопот (Велешко)
Општина Велес
Тип

 тумул


Период железно време
Портал „Археологија“

Дабици — археолошко наоѓалиште во атарот на селото Сопот, Македонија. Претставува тумули од железно време.[1]

На 1 км источно од селото и на 2 км од утврдувањето Сопотско Кале, од обете страни на патот Скопје-Велес се среќаваат тумули, со особена концентрација на десната, поточно јужната страна од автопатот. Многубројни наоди од керамика, бронзен накит и железно оружје, откупени за Народниот музеј во Велес, се пронајдени при обработувањето на земјата. По контролните ископувања на Народниот музеј од Велес, во 1985 година на овој локалитет се изведени 4 истражувачки кампањи од страна на Музејот на Македонија. Откриени се вкупно 11 тумули со вкупно 40 гробни целости од VII и VI век пред н.е. Погребувањата во Дабици се организирани во родовски тумули, под кои се среќаваат околу 2 до 7 закопувања. Тумулите имаат пречник од 5 до 9 м во основата и височина до 1 м, прстенест ограден ѕид од покрупни камења и структура на насипот од земја и камен. Гробните конструкции имаат ориентација север-југ, градени се од аморфни камења и покриени со танки камени плочи. Покојниците се инхумирани. Врз основа на хронолошките и културните вредности на археолошките наоди, некрополата во Дабици ги поврзува локалните особености на Брегалничко и Повардарјето во железното време, поточно културните манифестации на овие два региона во VII и VI век пред н.е. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на Македонија во Скопје.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 82. ISBN 9989-649-28-6.