Порцеланова (Долно Оризари)
Порцеланова — археолошко наоѓалиште во велешкото село Долно Оризари. Претставува населба и некропола од римско време.
На просторот на фабриката за порцелан „Борис Кидрич“, при нејзината изградба се пронајдени и уништени повеќе објекти и дел од некрополата. Притоа еден дел од подвижниот археолошки материјал (мермерна пластика, керамички садови, монети и др.) е пренесен во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 75. ISBN 9989-649-28-6.