Википедија:Велоекспедиции 2019
Во текот на 2019 година била организирана третата посебна експедиција во една област, Скопско, односно во селата на падините на Скопска Црна Гора, во областа Црногорија.
Воедно, во текот на 2019 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија.
Прва велоекспедиција
[уреди извор]Скопско
[уреди извор]На 12 октомври 2019 година (сабота), корисниците Ehrlich91 и Македонец се упатиле кон селата во областа Црногорија, каде што била спроведена третата организирана посебна велоекспедиција.
Експедицијата започнала во утринските часови и првото село за посета било Орман, кое не е дел од наведената област, но учесниците поминувале низ него. Во селото биле посетени двете цркви, главната селска црква од каде била пружена и можност за панорамска фотографија на селото и манастирската црква пред селото, како и познатата мотокрос патека во селото.
Потоа учесниците ја преминале реката Лепенец и се упатиле во првото село од областа Црногорија, а тоа се денешните споени села Бразда и Глуво. Бидејќи селото Бразда веќе имаше доста фотографии од самото село и од селската црква, како и познатата Бражданска гробница, учесниците направиле само неколку фотографии и продолжиле кон селото Глуво, каде ги посетиле двете цркви, обновената црква „Св. Атанасиј“ на ридот западно од селото и старата црква „Св. Никола“ во самото село.
Потоа, продолжиле кон некогашното село Чучер, кое по Втората светска војна и новосоздадената населба Сандево веднаш под него, го добило името Чучер-Сандево, каде биле фотографирани споменикот и спомен-куќата на народниот херој Александар Урдаревски, како и средновековната црква „Св. Троица“. Од таму продолжиле кон средновековниот манастир „Св. Никита“, кој иако нарекуван бањански, претставува дел од селото Горњане. Иако на дофат на Скопје, манастирот и манастирската црква не располагале со голем број фотографии и немало статии за нив на самата Википедија. Од манастирот имало можност за убава панорамска фотографија на селото Горњане. Од него, учесниците продолжиле по асфалтот нагоре за да го фотографираат и селото Блаце.
По спустот, се упатиле кон селото Бањане, каде ја фотографирале црквата „Св. Ѓорѓи“, која содржи интересен фрескоживопис, но за жал истата била заклучена и била фотографирана само нејзината надворешност. Во селото Бањане останале за фотографирање црквите во планинскиот дел на атарот, а учесниците продолжиле кон селото Кучевиште. Најпрвин го посетиле Кучевишкиот манастир, а од таму по земјен пат се упатиле кон црквата „Св. Спас“ (или службено позната како „Воведение на Пресвета Богородица“).
По Кучевиште, продолжиле кон споеното село Побожје, каде исто така бил посетен манастирот, како и двете селски цркви, но и селското училиште.
Како последно село било Љубанци, каде биле посетени дури четири селски цркви, почнувајќи со црквата „Св. Јован“, која добила и свои конаци и голема камбанарија, потоа гробјанската црква „Св. Богородица“, и двете цркви посветени на Свети Никола, манастирската над селото и селската во самото село.
- Исход
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 11 села, заедно со бројни цркви и други културни и природни знаменитости.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Предмет на Википодатоци | Забелешки |
---|---|---|---|---|
1. | Орман — село | Q15977297 | значително подобрена статија | |
2. | Црква „Вознесение Христово“ - Орман — црква | Q24238152 | значително подобрена статија | |
3. | Црква „Св. 40 маченици“ - Орман — црква | Q24238153 | значително подобрена статија | |
4. | Ормански манастир — манастир | Q83492903 | нова статија | |
5. | Бањане — село | Q2883573 | значително подобрена статија | |
6. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бањане — црква | Q19799494 | нова статија | |
7. | Културно наследство на Македонија во Општина Чучер-Сандево — културно наследство | Q85997164 | нова статија | |
8. | Блаце — село | Q1432124 | значително подобрена статија | |
9. | Бразда — село | Q1432124 | значително подобрена статија | |
10. | Глуво — село | Q521879 | значително подобрена статија | |
11. | Црква „Св. Никола“ - Глуво — црква | Q20499081 | нова статија | |
12. | Црква „Св. Атанасиј“ - Глуво — црква | Q84168122 | нова статија | |
13. | Горњане — село | Q1735326 | значително подобрена статија | |
14. | Црква „Св. Никита“ - Горњане — црква | Q19698447 | нова статија | |
15. | Горњански манастир — манастир | Q83880242 | нова статија | |
16. | Кучевиште — село | Q1528332 | значително подобрена статија | |
17. | Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ - Кучевиште — црква | Q20499946 | нова статија | |
18. | Кучевишки манастир — манастир | Q12284432 | нова статија | |
19. | Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кучевиште — црква | Q12293248 | нова статија | |
20. | Мирковци — село | Q3089317 | значително подобрена статија | |
21. | Црква „Св. Никола“ - Мирковци — црква | Q86084247 | нова статија | |
22. | Црква „Св. Петка“ - Мирковци — црква | Q86083268 | нова статија | |
23. | Црква „Св. Меркуриј“ - Мирковци — црква | Q86081165 | нова статија | |
24. | Чучер-Сандево — село | Q341735 | значително подобрена статија | |
25. | Црква „Св. Троица“ - Чучер-Сандево — црква | Q20499612 | нова статија | |
26. | Споменик на Александар Урдаревски - Станко — споменик | Q84082410 | нова статија | |
27. | Куќа на Александар Урдаревски-Станко — спомен-куќа | Q84082464 | нова статија | |
28. | Општина Чучер-Сандево — општина | Q629720 | подобрена статија | |
29. | Лепенец — река | Q674219 | подобрена статија | |
30. | Побожје — село | Q3090941 | значително подобрена статија | |
31. | ПУ „Кирил и Методиј“ - Побожје — основно училиште | Q86458170 | нова статија | |
32. | Црква „Св. Петка“ - Побожје — црква | Q20499372 | нова статија | |
33. | Црква „Св. Димитриј“ - Побожје — црква | Q86459886 | нова статија | |
34. | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Побожје — црква | Q86601829 | нова статија | |
35. | Побошки манастир — манастир | Q20499563 | нова статија | |
36. | Љубанци — село | Q3071257 | значително подобрена статија | |
37. | Културно наследство на Македонија во Општина Бутел — културно наследство | Q86921279 | нова статија | |
38. | Црква „Св. Никола“ - Љубанци (манастирска) — црква | Q86924032 | нова статија | |
39. | Љубански манастир — манастир | Q19796627 | значително подобрена статија | |
40. | Црногорија — област | Q12298947 | нова статија | |
41. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Љубанци — црква | Q87068880 | нова статија | |
42. | Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска) — црква | Q20499184 | нова статија | |
43. | Црква „Св. Богородица“ - Љубанци — црква | Q25552849 | значително подобрена статија |
Фотографии
[уреди извор]Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Велоекспедиција Црногорија на Ризницата ?