Црква „Св. Никола“ - Љубанци (манастирска)
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°6′35.7″N 21°28′10.7″E / 42.109917°N 21.469639°E |
| Место | Љубанци |
| Општина | Бутел |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола — главна и единствена манастирска црква на Љубанскиот манастир во скопското село Љубанци.[1] Црквата, заедно со целиот манастирски комплекс, е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот е сместен северно од селото Љубанци, вгнезден во планинската падина на Скопска Црна Гора.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Народната традиција наведува дека црквата била обновена во 1847 година. Таа била подигната од истите мајстори и зографи, како и соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот е релативно мал. Во текот на XX век, црквата се наоѓала во лоша состојба, како и целиот манастир.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Познатиот мајстор Дичо Зограф во 1853 година ги изработил престолните икони за црквата. Тоа биле иконите: „Богородица со Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Никола“ и „Св. Три Јерарси“.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Страничен поглед
- Дел од внатрешноста
- Иконостасот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- ↑ „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. preminportal.com.mk. Посетено на 2020-03-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Љубанци (манастирска) на Ризницата ?


