Прејди на содржината

Црква „Св. Наум Охридски“ - Радишани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Наум Охридски Чудотворец

Поглед кон црквата

македонска православна црква
ЕпархијаСкопска
Архијерејско намесништвоСеверноскопско
Местоположба

Карта

Координати42°3′18″N 21°27′20″E / 42.05500°N 21.45556°E / 42.05500; 21.45556
МестоРадишани
ОпштинаБутел
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Наум Охридски
Изградба1936
Архитектонски опис

Свети Наум Охридски Чудотворецмакедонски православен храм во населбата Радишани во Скопје.[1] Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм[2]. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на св. Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден[2]. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор на лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици. Архиепископот г.г. Гаврил, по свое завештание, заедно со неговиот наследник, Архиепископот г.г. Михаил, се погребани во припратата на црквата[3].

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 7
  3. „Големо осветување во црквата Св. Наум Охридски во Радишани, Скопје | Преспанско - Пелагониска Православна Епархија“. 2017-10-24. Посетено на 2025-12-13.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]