Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска)
![]() ![]() Свети Никола
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°6′34.6″N 21°27′14.1″E / 42.109611°N 21.453917°E |
Место | Љубанци |
Општина | Бутел |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Живопис | 1881 |
Архитектонски опис |
Свети Никола — главна селска црква во скопското село Љубанци.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Народната традиција наведува дека црквата била подигната во исто време како и познатата Јахја-пашина џамија во Скопје. За градењето на црквата, заслуга има еден предок во денешниот род Ниниќевци, кој добил одобрение за изградба на црквата токму од Јахја-паша.[2]
Црквата била повторно поправана во 1881 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува живопис, кој потекнува од 1881 година.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Долго време се верувало дека престолните икони за црквата биле изработени од страна на познатиот мајстор Дичо Зограф. Сепак, при неодамнешните теренски истражувања и увид на самите икони, се дошло до заклучок дека престолните икони во црквата не се дело на самиот Зограф, туку на мајсторот Павле Аврамовски од селото Галичник, кој завршил со работа во црквата во 1881 година. Ова е потврдено и со натписот на сводниот лак, кој се наоѓа на јужната страна од црквата. Веројатно, истражувачите во минатото ја поистоветиле оваа црквата со истоимената манастирска црква, која се наоѓа над самото село Љубанци.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот
-
Апсидата
-
Обнова на црквата
-
Задниот дел
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- ↑ „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. preminportal.com.mk. Посетено на 2020-03-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Никола“ - Љубанци (селска) на Ризницата ?