Црква „Св. Никола“ - Радишани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Crkva-Sv.Nikola-Radisani-MK.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба
Населено место Радишани
Општина Бутел
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 16 век
Живопис 1631
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Никола е македонски православен христијански црковен храм кој се наоѓа во скопската населба Радишани.[1] Градена е во 16 век. Црквата е мала, еднобродна, засводена со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Имала и припрата од западната страна која е урната. Калотата на апсидата е потесна од својата основа и на неа има шарање со цигли. Црквата е градена од кршен камен, а е реконструирана во текот на 1980/81 година. Живописот е фрагментарно зачуван во апсидата, на јужниот и на западниот ѕид, како и на западната фасада. Според стилските карактеристики датира од 30-тите години на XVII век, поточно од 1631 година. На тоа укажува блискоста на живописот од првиот мајстор на припратата во црквата Св. Архангели над селото Кучевиште. Тоа најдобро се гледа на претставата на Св. Богородица поширока од небото од црквата Св. Никола во споредба со Богородица во конхата на припратата во црквата Св. Архангели. Всушност, тие припаѓаат на првите дела од сликарската работилница на т.н. Овчарско-кабларска сликарска група која гравитира од југ кон северните простори на Балканот. Во непосредната околина на црквата постојат стари и напуштени гробишта со доста стари но зачувани камени крстови. Се до средината на XX век црквата стоела разрушена со зачувани ѕидини, изградени од тенок делкан камен, цигла и малтер во висина од 1 метар, а крај неа за празникот Св. Никола се собирале постарите селани[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.7