Црква „Св. Троица“ - Чучер-Сандево

Координати: 42°6′10.7″N 21°22′41.73″E / 42.102972° СГШ; 21.3782583° ИГД / 42.102972; 21.3782583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°6′10.7″N 21°22′41.73″E / 42.102972° СГШ; 21.3782583° ИГД / 42.102972; 21.3782583
Место Чучер-Сандево
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Троица
Архитектонски опис

Света Троица — главна селска црква во скопското село Чучер-Сандево.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на крајот од стариот дел на некогашното село Чучер.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Историските податоци навестуваат дека црквата постоела многу одамна и дека била подигната од страна на српскиот крал Милутин, односно потекнува од крајот на XIII век. Во 1856 година започнала изградба на целосно нова градба по иницијатива на селскиот учител Никодин.[3] Сепак, низ времето, црквата останала целосно запустена и во 1938 година, таа мала стара градба била срушена и се започнала изградба на нов поголем храм. Меѓутоа со отпочнувањето на Втората светска војна, црквата не била довршена.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Старата црква била многу убава и повеќе од половина градба била сокриена во земја. За да се дошло до олтарот требало да се слегува по многу скалила.[3]

Градбата на новиот храм е со големи димензии и солидна изработка.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Според натписот кој стоел до влезната врата на старата црква, живописот во црквата бил завршен на 29 октомври 1856 година од страна на Дичо Зограф. Сепак, при најновите теренски истражувања овој податок не може да се потврди, бидејќи старата црква е целосно срушена и е започната градба на нов храм. Со тоа, живописот на Дичо е целосно уништен.[4]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 1856 година, Дичо Зограф ги изработил сите престолни икони и крстот над иконостасот.[4]

За потребите на иконостасот ги изработил престолните икони Исус Христос Седржител, Богородица со Христос, Свети Јован Претеча, Свети Никола, Свети Атанасиј Александриски, Крунисување на Богородица, Свети Архангел Михаил, Свети Харалампиј и Света Петка.[4]

Дичо, исто така, го изработил и крстот над иконостасот со Богородица, Свети Јован Крстител и Распетието Христово во средината.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
  3. 3,0 3,1 „РОДНОКРАЈСКИ ЗАПИС“. web.archive.org. 2016-03-04. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-01-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. preminportal.com.mk. Посетено на 2020-01-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]