Црква „Св. Никола“ - Глуво
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°5′13.11″N 21°23′46.73″E / 42.0869750°N 21.3963139°E |
| Место | Глуво |
| Општина | Чучер-Сандево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1306 1855 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Никола — главна селска црква во скопското село Глуво.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село. Селските гробишта се наоѓаат во непосредна близина на самата црква.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната во 1855 година.[2] Според други извори, таа година била само обновена, кога била доѕидана припратата, која ги опфаќа сите страни на стариот храм, освен источната. Таа година, биле урнати западниот, јужниот и северниот ѕид на стариот храм до сводните партии.[3]
Се верува дека стариот храм потекнува од 1306 година.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата се одликува со големи димензии.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Старото ѕидно сликарство е во духот на поствизантиските сликарски разбирања и потекнува од првата деценија на XVI век. Во текот на XIX век, Дичо Зограф изработил монументален живопис. Во ова живописување учествувале и други зографи, како што бил и Димитар Андонов-Папрадишки.[3]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата поседува иконостас, а иконите во него биле изработени од страна на уметникот Дичо Зограф.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Помошни објекти
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошни објекти
- Дворот на црквата
- Портата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
- 1 2 3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Каде да одите ВИКЕНДОВ? Во Глуво, на домашна храна и уживање во неверојатната природа!“. Слободен печат. 2019-09-25. Посетено на 2020-02-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Глуво на Ризницата ?


