Прејди на содржината

Валсроде

Координати: 52°52′0″N 9°35′0″E / 52.86667° СГШ; 9.58333° ИГД / 52.86667; 9.58333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Валсроде

Walsrode

Новото (лево) и Старото Градско собрание (десно)
Новото (лево) и Старото Градско собрание (десно)
Новото (лево) и Старото Градско собрание (десно)
Грб на Валсроде
Валсроде во рамките на Германија
Валсроде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хајдекрајс
Градски единици 31
Градоначалник Хелма Шперинг (независна)
Основни податоци
Површина 334,8 км2
Надм. височина 49 м
Население 30.038  (31 декември 2018)
 - Густина 90 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HK
Пошт. бр. 29664
Повик. бр. 05161
Портал www.walsrode.de
Местоположба на градот Валсроде во рамките на округот Хајдекрајс
Карта
Карта
Координати 52°52′0″N 9°35′0″E / 52.86667° СГШ; 9.58333° ИГД / 52.86667; 9.58333

Валсроде (германски: Walsrode) — град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1935 година ја носи додавката „град на Херман Ленс“ (Hermann-Löns-Stadt).

Поранешната општина Бомлиц станала дел од градот во јануари 2020 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Валсроде се наоѓа на реката Беме во јужниот дел на Линебуршкото Поле. Градот со своите 334,80 км² претставува еден од 100. најголеми градови во Германија по површина.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градот има вкупно 31 единица. Покрај самото јадро на Валсроде, во градското подрачје се опфатени и следниве места:

  • Арзен
  • Алтенбојцен
  • Бенефелд
  • Бенцен
  • Бокхорн
  • Бомлиц
  • Бомелзен
  • Борг
  • Дисхорн
  • Ебинген
  • Фулде
  • Грос Ајлсторф
  • Хамвиде
  • Холиге
  • Хонердинген
  • Хинцинген
  • Идзинген
  • Јарлинген
  • Кирхбојцен
  • Клајн Ајлсторф
  • Крелинген
  • Кроге
  • Нордкампен
  • Шнехајде
  • Зифердинген
  • Штелихте
  • Зидкампен
  • Ицинген
  • Фетем
  • Вестенхолц

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Соседни општини се градот Фиселхеведе (округ Ротенбург), Золтау, Бад Фалингбостел, слободната област Остерхајде, општинските заедници Швармштет, Алден и Ретем/Алер и општината Кирхлинтелн (округ Ферден).

Историја

[уреди | уреди извор]

Среден век

[уреди | уреди извор]

Во X век бил основан истоимениот манастир од страна на грофот Вало. Не е позната точната година на основање. Првото споменување на градот е на 7 мај 986 година.[1]

На 22 јули 1383 година, Валсроде ги добил градските права од страна на Војводството Брауншвајг-Линебург.

Градскиот грб првпат се појавил во 1479 година. Кон крајот на XV век, во градот се родил вајарот Ханс Бригеман, кој е творец на Бордесхолмскиот олтар, денес сместен во катедралата во Шлезвиг.

Ново време

[уреди | уреди извор]

За време на Триесетгодишната војна, градот бил уништен од страна на трупите на Тили. На 6 јули 1757 година 230 од 237. куќи во градот изгореле во голем пожар.

За време на Наполеоновите војни, Валсроде бил дел од департманот Ханза и со тоа граничен град помеѓу Кралството Вестфалија и Франција. По Виенскиот конгрес во 1814 година, градот припаднал на Кралството Хановер. По германските војни во 1866 година градот станал пруски.

Во 1890 година, градот добил железница.

Општинтие Форбрик и Форвалсроде во 1929 година биле припоени кон градот. Писателот Херманс Ленс во 1935 година бил закопан во Валсроде.

Во 1957 година, Валсроде станал седиште на граничната полиција.

Во 1973 година, Валсроде станал признаено покраинско одморалиште, чиј статус го изгубил во 2009 година при повторното категоризирање.[2]

На 1 март 1974 одина, општините Алтенбојцен, Бенцен, Бокхорн, Дисхорн, Ебинген, Фулде, Грос Ајлсторф, Хамвиде, Холиге, Хонердинген, Хинцинген, Идзинген, Кирхбојцен, Клајн Ајлсторф, Крелинген, Нордкампен, Шнехајде, Зифердинген, Штелихте, Зидкампен, Фетем и Вестехолц, биле припоени кон градот.

На 20 октомври 2004 година, областа била погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер.

За 2011 година била планирано спојување на Валсроде со градот Бад Фалингбостел и општината Бомлиц во градот Беметал. На 2 ноември 2008 година овие планови биле понудени на граѓанско изјаснување и биле прифатени од Валсроде и Бомлиц, но Бад Фалингбостел бил против. Поради тоа спојувањето не се случило.

Во мај 2017 година, општината Бомлиц и градот Валсроде започнале преговори за спојување.[3] Тие завршиле на 19 јануари 2018 година.[4][5] По согласноста од покраината Долна Саксонија, спојувањето се случило на 1 јануари 2020 година.[6]

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
Поранешното Градско собрание од 1758 година

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за град со број на жители од 20.001 и 25.000 жители.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалничка на градот Валсроде е Хелма Шперинг (независна). На последните избори на 25 мај 2014 година била избрана со 59,7% од гласовите.[8]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Валсроде е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. www.stadt-walsrode.de Архивирано на 26 октомври 2007 г..
  2. Walsrode verzichtet auf den Titel Erholungsort, Die Welt, 4. Dezember 2009, aufgerufen am 16. Februar 2014
  3. „Unerwarteter Paukenschlag“. Посетено на 2017-05-07.
  4. Seite der Stadt Walsrode zur Fusion
  5. Bomlitzer und Walsroder Rat für Antrag auf Fusionierung kreiszeitung.de, 21. Januar 2018
  6. Gesetz über die Vereinigung der Stadt Walsrode und der Gemeinde Bomlitz, Landkreis Heidekreis vom 25. Oktober 2018. In: Niedersächsisches Gesetz- und Verordnungsblatt Nr. 14 vom 1. November 2018, S. 223
  7. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 29. November 2014
  8. Einzelergebnisse der Direktwahlen am 25. Mai 2014 in Niedersachsen Архивирано на 3 март 2016 г., abgerufen am 29. November 2014

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]