Вицендорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вицендорф
Општинското собрание
Општинското собрание
Грб на Вицендорф
Вицендорф is located in Германија
Вицендорф
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хајдекрајс
Градоначалник Јерг Петерс (независен)
Основни податоци
Површина 106,88 км2
Надм. височина 66 м
Население 4.162 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 39 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HK
Пошт. бр. 29649
Повик. бр. 05196
Портал www.wietzendorf.de
Местоположба на Вицендорф во рамките на округот Хајдекрајс
Карта
Координати 52°55′7″N 9°58′37″E / 52.91861° N; 9.97694° E / 52.91861; 9.97694Координати: 52°55′7″N 9°58′37″E / 52.91861° N; 9.97694° E / 52.91861; 9.97694

Вицендорф (германски: Wietzendorf) — општина во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината е признаено покраинско одморалиште.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Вицендорф се наоѓа во средината на градскиот триаголник Хамбург-Хановер-Бремен, сместен на автопатот А7. Во негова близина се наоѓаат градовите Золтау, Мунстер и Берген.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Покрај самиот Вицендорф, во општината влегуваат и следниве места: Бокел, со Денернбокел, Лирсбокел, Вроге и Лемберг, Марбостел, со Родехорст, Мајнхолц, Зуројде со Хексенраје, Рединген со Халмерн и Рајнинген, како и Клајн Америка.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна, камп за затвореници, вклучувајќи и дел за офицери, се наоѓал во близина на Вицендорф. Кампот првично бил користен за советски затвореници од Источниот фронт; подоцна делумно бил испразнет поради лоши санитарни услови и користен за други затвореници, вклучувајќи многу италијански воени затвореници, кои Нацистичка Германија ги затворила бидејќи го изгубиле својот воен статус, откако одбиле да ги следат наредбите на Мусолини.[2][3] Помеѓу италијански затвореници бил Џованино Гварески, кој подоцна станал светски познат како автор на „Дон Камило[4] и Алесандро Ната, подоцна генерален секретар на PCI.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2018“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2018. (германски)
  2. „Rapporto sul Campo 83 Wietzendorf“ (PDF). Storia XXI Secolo. Ten.Col Pietro Testa. Посетено на 11 April 2016.
  3. „Adriano Pasquetto: storia di un Internato Militare Italiano. La prigionia a Leopoli e Wietzendorf“. Restelli Storia. Prof. Giancarlo Restelli. Посетено на 11 April 2016.
  4. „La storia di Giovannino senza paura (1943-1945)“. Giovannino Guareschi. Посетено на 11 April 2016. Dall’OFLAG X B di Sandbostel (D) a piedi alla stazione di Bremerwörde (D) il 29 јануари 1945 e riparte il 30 per l'OFLAG 83 di Wietzendorf (D) dove arriva il 31 Viene liberato il 16 април .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]