Мунстер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мунстер

Munster

Градското собрание
Градското собрание
Грб на Мунстер
Мунстер is located in Германија
Мунстер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хајдекрајс
Градоначалник Кристина Флекенштајн (СДП)
Основни податоци
Површина 193,42 км2
Надм. височина 73 м
Население 15.117 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 78 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HK, SFA
Пошт. бр. 29633
Повик. бр. 05192
Портал www.munster.de
Местоположба на градот Мунстер во рамките на округот Хајдекрајс
Карта
Координати 52°59′19″N 10°05′28″E / 52.98861° N; 10.09111° E / 52.98861; 10.09111Координати: 52°59′19″N 10°05′28″E / 52.98861° N; 10.09111° E / 52.98861; 10.09111

Мунстер (службено познат и како Мунстер (Ерце); германски: Munster или Munster (Örtze)) — мал град во округот Хајдекрајс, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на иста оддалеченост од Хамбург и Хановер.

Градот е дом на најголемата касарна на германската армија и се наоѓа помеѓу две подрачја за тренинг „Мунстер Север“ и „Мунстер Југ“. Исто така, градот е седиште на четвртиот најголем гарнизон на германските вооружени сили. Истражувачкиот институт за заштитни технологи се наоѓа во Мунстер.

Во него главно живеат војниците и други владини вработени, додека околните воени подрачја го ограничуваат развојот на градот.

Географија[уреди | уреди извор]

Мунстер се наоѓа во средишниот дел на Линебуршкото Поле на реката Ерце помеѓу Золтау и Илцен.

Мунстер е најголем гарнизон на германската војска. Во северниот дел на тренинг-подрачјето Мунстер-Север се наоѓало некогашното село Лопау.

Забраната за движење на населението во воените зони предизвикало да се развие единствен животен свет во Германија и да се најдат одредени видови, кои одвај ги има во Германија. ВО 2011 година во Мунстер-Север бил виден првиот волк во Долна Саксонија. ВО 2013 година се родиле седум мали волци.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Првото документирано споменување на Мунстер било во 1252 година. Царски германски баталјон под команда на идниот претседател на Германија Паул фон Хиндебург започнал да ја користи областа како полигон во 1893 година. Бундесверот повторно ги отворила своите касарни во Мунстер во 1956 година, кои биле проширени во 1990 година. Денес, Мунстер е најголем гарнизон на германската војска. Во периодот 1950-1984 дел од касарната станала британска воена база.

Во 1916 година, Германското Царство го отворила „Брело“, областа наменета за истражување и производство на хемиско оружје. По Првата светска војна, местото било затворено и муницијата чувана таму била отстранета. При нивното отстранување, цел воз со хемиска муниција експлодирал во 1919 година. Причините за оваа катастрофа никогаш не биле откриени. Во 1935 година, Третиот Рајх повторно го отворил местото како област за експериментално истражување и производство, како и за тестирање на хемиско оружје. Во текот на Втората светска војна, големи количини на сулфурен боен отров и табун биле произведени тука. На крајот на војната, Германија имала производствена линија за сарин, но таа фабрика била отстранета од британските окупациски сили и подоцна префрлена во Велика Британија.

Во 1958 година, германската војска основала во областа нова агенција посветена на одбраната против оружјата за масовно уништување.

Градските права ги добил на 20 октомври 1967 година. До 31 јули 1977 година припаѓал на округот Золтау, а потоа на округот Золтау-Фалингбостел.

Во 1988 година, средиштето на градот било обновено.

На 1 февруари 1971 година, општините Алверн, Илстер, Ерел, Тепинген и Трауен биле припоени кон градот. На 1 јули 1972 година биле додадени и Брело и селото Лопау од округот Илцен.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Главната улица во градот

Градскиот совет се состои од 32 члена. Ова одговара за град со број на жители од 15.060 (состојба 30 јуни 2016 г.).[3] Тие се избираат на општи избори на секои пет години. Моменталниот состав е од 1 ноември 2016 година.

Последните избори ги дале следниве резулати:

  • CDU: 17 места
  • SPD: 11 места
  • FDP: 2 места
  • Партијата: 1 место
  • Независен: 1 место

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначаланичка на градот Мунстер е Кристина Флекенштајн (SPD).[4] На последните избори на 25 мај 2014 година била избрана со 54,7% од гласовите.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Мунстер е збратимен со следниве градови:

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Германски музеј за тенк (Deutsches Panzermuseum) — најголем музеј во Германија за воени возила
  • Црква „Св. Урбан“ (St.-Urbani-Kirche) — црква од XIII век
  • Отворен музеј Олерсхоф
  • Црква „Св. Мартин“ — поранешно бачило претворено во црква
  • Градската библиотека
  • Воената црква „Св. Стефан“ (St.-Stephanus-Militärkirche) — единствената црква сместена во воено подрачје во Германија и највисоката градба во Мунстер
  • Долносаксонски извори (Niedersachsenbrunnen) — фонтана со 8 коњи, кои ги претставуваат поранешните општини, од Јос Пиркнер (1991)

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2018“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2018. (германски)
  2. Chronologie der Wölfe auf dem TrpÜbPl Munster
  3. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 28. November 2014
  4. „Stadt Munster - Bürgermeisterin“. www.munster.de. Посетено на 2020-07-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]