Белица (Пајак)
Изглед
Белица Ρέμα Αραβησσού | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Ениџевардарско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Пајак |
• координати | 40°53′06″N 22°18′10″E / 40.8849° СГШ; 22.3029° ИГД |
Устие | |
• место | Колудеј |
• координати | 40°43′41″N 22°24′21″E / 40.7281° СГШ; 22.4057° ИГД |
Особености на сливот | |
Белица (Оборска Река или Обор, грчки: Ρέμα Αραβησσού) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.[1][2]
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира од планината Пајак западно под врвот Три Бари под името Кудере. Тече на југ и минува низ селото Обор, а потоа под името Обор тече на југозапад. Кај селото Ѓупчево свртува на југоисток. Проаѓа меѓу селата Карајотица и Балџа, па ја прима големата лева притока Грамада и влегува во каналски систем направен во 1930-тите по пресушувањето на Ениџевардарското Езеро. Се влева во Колудеј на местото на поранешното езеро како вештачки канал заедно со Ениџевардарскиот Канал.[2]