Ема Голдман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ема Голдман
Голдман, околу 1911
Роден(а)27 јуни 1869(1869-06-27)
Каунас, Руска Империја
Починал(а)14 мај 1940(1940-05-14) (возр. 70)
Торонто, Онтарио, Канада
ВероисповедНема (Атеизам)
Школа

Ема Голдман (англиски: Emma Goldman; 27 јуни 186914 мај 1940) — анархистка позната по својот политички активизам, пишување и по своите говори. Таа играла главна улога во развојот на анархистичката политичка филозофија во Северна Америка и Европа во првата половина на XX век.

Родена во Ковно во Руската Империја[1] (денешен Каунас, Литванија), Голдман во 1885 година емигрирала во Соединетите Американски Држави во Њујорк каде што станува член на растечкото анархистичко движење во 1889 година.[2] Привлечена кон анархизмот по аферата „Хајмаркет“, Голдман станува писателка и позната адвокатка на анахистичката филозофија, правата на жените и социјалните прашања и со своите говори таа привлекувала илјадници.[2] Заедно со анархистичкиот писател, љубовник и доживотен пријател Александар Беркман, таа планира да изврши атентат над индустријалецот Хенри Клеј Фрик како акт на пропаганда на дело. Иако Фрик го преживал атентатот, Беркман бил осуден на 22 години затворска казна. Во наредните години Голдман била затворана во неколку наврати поради „предизвикување немири“ и незаконско дистрибутирање на информации за контрола на раѓањето. Во 1906 година Голдман го основа анархистичниот весник „Мајка Земја“.

Во 1917 Голдман и Беркман се осудени на казна затвор од 2 години поради „поттикнување лица да не се пријавуваат“ за нововоспоставената воена регрутација. По нивното ослободување тие и стотици други биле уапсени и депортирани во Русија. Иако првично ја поддржува Болшевичката револуција во Русија, Голдман набрзо станува критичар поради употребата на насилство и репресијата врз независните поединци. Во 1923 година таа пишува книга за нејзините искуства „Моето разочарување во Русија“. Додека живеела во Англија, Канада и Франција таа ја напишала својата автобиографија „Живеејќи го мојот живот“. По почетокот на Шпанската граѓанска војна таа патува во Шпанија да ја поддржи тамошната анархистичка револуција. Таа почина на возраст од 70 години во Торонто на 14 мај 1940 година.

За време на нејзиниот живот таа била позната кај своите почитувачи како слободен мислител и жена бунтовник, додека од своите критичари била осудена како адвокатка за политички мотивирано убиство и насилни револуции. Нејзините ракописи и предавања се протегаат низ широк спектар на прашања, вклучувајќи ги атеизмот, слободата на говорот, милитаризмот, капитализмот, бракот, слободната љубов и хомосексуалноста. Иако се дистанцира од првиот бран на феминизмот и неговите напори кон правата на глас на жените, таа наоѓа начин да ја вклучи родовата политика во анархизмот. По децении опскуртност статусот на Голдман беше обновен во 1970-те години, кога изучувачите на феминизмот и анархизмот го обновиле интересот за нејзиниот живот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Семејство[уреди | уреди извор]

Ема Голдман потекнува од православно еврејско семејство кое живеело во градот Каунас, Литванија (поранешно Коцно во времето на Руската Империја). Мајката на Голдман, Тауб Бјенович (Taube Bienowitch) имала две ќерки од нејзиниот прв брак, Хелена (родена во 1860 година) и Лена (родена во 1862 година). Кога нејзиниот прв маж починал од туберколоза Тауб била уништена од тага. Голдман за својата мајка подоцна напишала: „Љубовта која ја имала умрела со тој млад човек за кого се омажила на петнаесет години“.

Вториот брак на Тауб бил договорен од нејзиното семејство, или како што Голдман го нарекува „погрешен од старт“. Вториот маж на Тауб, Абрахам Голдман го инвестирал наследството на Тауб во бизнис кој набрзо пропаднал. Тешкотиите кои следеле комбинирани со емоционалната раздалеченост на мажот и жената го направиле домот тешко место за живеење за децата. Кога Тауб затруднела Абрахам очајно се надевал за син бидејќи ќерка, според него, би била уште еден неуспех.[3] На крајот тие имале три сина, но првото дете била Ема.

Ема Голдман се родила на 27 јуни 1869 година. Абрахам користел насилство како форма на дисциплина, тепајќи ги децата кога тие биле непослушни. Камшикот бил користен само врз Ема, најбунтовната од сите деца.[4] Нивната мајка нудела малку утеха, ретко опоменувајки го Абрахам да го ублажи насилството.[5] Голдман подоцна шпекулира дека бесниот темперамент на Абрахам барем делумно бил поради неговите сексуални фрустрации. Односите на Голдман со нејзините полусестри Хелена и Лена биле драстично различни. Хелена, најстарата од сестрите, нудела утеха која тие не ја добивале од нивната мајка, таа го исполнила детството на Голдман со „таа малку радост што ја имало“. Но Лана била далечна и немилосрдна. Трите сестри имале три браќа Луис (кој починал на шест години), Херман (роден во 1872 година), и Моис (роден во 1879 година).[6]

Адолесценција[уреди | уреди извор]

Додека Голдман е сè уште млада девојка таа со своето семејство се преселува во селото Папил (Papilė) каде нејзиниот татко води ин. Додека нејзините сестри работеле таа станува пријател со момче од послугата по името Петрушка, кој прв ја „возбудил сексуално“. Подоцна во Папил таа е сведок на камшикување на селанец кое ќе ѝ нанесе трауми и ќе придонесе кон нејзината одбивност кон насилен авторитет.

На возраст од седум години Голдман се преселува заедно со нејзиното семејство по прускиот град Кенигзберг (тогаш дел од Германското Царство) каде се запишува на училиште. Таму наставникот ги казнува учениците, а особено Голдман, удирајки ги по рацете со линијар, додека пак друг наставник се обидува да ги злоставува ученичките но е отпуштен кога Голдман му се спротивставува. Таа пронаоѓа ментор во наставникот по германски јазик кој ѝ позајмува книги и дури ја носи на опера. Како страстен ученик Голдман го положува приемниот испит за влез во гимназија, но наставник по Религија одбива да ѝ додели сертификат за добро однесување поради што таа не е во можност да присуствува на настава.[7]

Семејството на Голдман потоа се сели во Санкт Петербург каде нејзиниот татко отвора неколку неуспешни продавници. Сиромаштијата е причина децата да започнат со работа, Голдман работела на низа работни места вклучувајќи и продавница за корсети.[8] Како тинејџер Голдман го моли својот татко да и дозволи да продолжи со нејзиното образование на што тој ја фрла нејзината книга по Француски јазик во оганот и вика: „Девојките не треба да научат многу! Се што една Еврејска ќерка треба да знае е тоа како да спреми полнета динстана риба (gefilte fish), тенко да сече тестенини и да му роди на мажот многу деца“

Но сепак Голдман го продолжува своето образование на своја рака, наскоро таа ја проучува политичката атмосфера, особено нихилистите одговорни за атентатот на Александар II од Русија. Последиците од овој акт ја заинтригирале Голдман иако таа целосно не ги разбира. При читањето на романот „Што да се направи?“ од Чернишевски таа пронаоѓа херој во протагонистот Вера која ја присвојува нихилистичката филозофија и побегнува од своето опресивно семејство за да живее слободно и да организира шијачка здружение. Книгата ја освојува Голдман и ѝ служи како инспирација во текот на нејзиниот живот.

Во меѓувреме нејзиниот татко инсистира нејзината иднина да биде семејниот живот, тој дури договара таа да биде омажена на возраст од петнаесет години. Поради овој проблем тие постојано се караат при што тој се жали дека таа станува „лабава“ жена, а Голдман инсистира дека таа ќе се омажи само од љубов. Додека работи во продавницата за корсети таа е приморана да ги одбие понудите од руски офицери и останати мажи. Еден упорен стројник присилно ја носи во хотелска соба и извршува, според зборовите на Голдман „насилен контакт“, додека пак два биографи подоцна ова го нарекуваат силување. Таа е шокирана од случајот и обземена од „шокот од откритието дека контактот помеѓу мажот и жената може да биде толку брутален и болен“ Голдман мисли дека оваа случка засекогаш ги замаглува нејзините односи со мажите.

Рочестер, Њујорк[уреди | уреди извор]

Ема Голдман во 1886

Во 1885 година, Хелена прави планови да се пресели во Њујорк каде ја чека Лена со својот маж. Голдман планира да им се придружи на сестрите во Њујорк, но нејзиниот татко тоа не го дозволува. И покрај понудата на Хелена да ги покрие трошоците за патот, Абрахам одбива. Голдман во очај се заканува дека ќе се фрли во реката Нева доколку не ѝ биде дозволено да оди. Абрахам конечно се согласува и на 29 декември 1885 година Голдман и Хелена пристигнуваат во Замокот Гарден во Њујорк.[9] Тие се вселуваат во домот на Лена и нејзиниот маж Самуел во Рочестер. Бегајќи од растечкиот антисемитизам во Сан Петесбург родителите и браќата на Голдман пристигнуваат во Њујорк една година подоцна. Голдман тогаш започнува да работи како шијачка шиејки мантили 10 часа дневно за плата од 2,5 долари неделно. Голдман побарува покачување на платата и е одбиена при што поднесува отказ и се одлучува да работи во помала продавница во близина.[10]

На новото работно место таа го запознава Јакоб Кершнер кој ја дели нејзината љубов кон книги, играње и патување како и нејзината фрустрација кон монотијата на фабричката работа. По неколку месеци познавање тие се венчаат во февруари 1887 година.[11] Меѓутоа, нивната врска страда по неговото вселување во куќата на Голдман во која воедно живее и семејството на Голдман. За време на првата брачна ноќ Голдман дознава дека Јакоб е импотентен, и по ова тие се емоционално и физички далечни. Набрзо тој станува љубоморен и се сомнева во неа. Во меѓувреме Голдман станува се по вклучена во политичките немири од периодот, а особено во последиците од аферата Хајмаркет во Чикаго и анти-авторитетната филозофија на анархизмот. За помалку од една година од свадбата Голдман и Јакоб се разведуваат по што тој ја моли да се врати заканувајки се дека ќе се отруе. Голдман се согласува да се врати но по три месеци повторно го напушта. Родителите на Голдман ваквото нејзино однесување го сметаат за „лабаво“ и одбиваат да ја примат во својот дом. Носејќи ја машината за шиење во една рака и чанта со пет долари во другата Голдман се упатува кон Њујорк.

Мост и Беркман[уреди | уреди извор]

За време на нејзиниот прв ден во Њујорк, Голдман се запознава со двајцата мажи кои ѝ го променија животот засекогаш. Во кафуле кое е познато како собиралиште за радикали, Голдман се запознава со Александар Беркман, и самиот анархист, кој ја поканува на јавен говор истата вечер. Говорот го одржува Јохан Мост, урединик на радикалниот магазин „Фаренхајт“ и приврзаник на „пропаганда на дело“ – користењето на насилство за иницирање промени. Голдман е импресионирана од ораторството на Мост при што тој се одлучува да ја земе под своја закрила и да ја обучува во јавно говорење. Тој ја поттикнува Голдман велејќи ѝ: „ќе го заземеш моето место кога јас нема да бидам тука“. Еден од првите говори во одбрана на својата „кауза“ Голдман го одржува во Рочестер. Откако ќе ја убеди Хелена да не каже на нивните родители за говорот, Голдман излегува на бината каде тремата ја надвладува. Tаа подоцна напишала дека одеднаш:

„нешто чудно се случи. Во секунда ги видов сите инциденти кои ми се случија во Рочестер во минатите три години, фабриката Гарсон, понижувањето, мојот пропаднат брак, неправдата во Чикаго... Започнав да зборувам. Зборови кои никогаш ги немам изустено започнаа да излегуваат од мојата уста сè побрзо и побрзо. Доаѓаа со страствен интезитет. Публиката исчезна, самата просторија не постоеше, бев свесна само за моите зборови, само за мојата екстатична песна“

Маѓепсана од ова искуство таа ја усовршува својата јавна личност за време на наредните говори. Но набрзо се појавува конфлик помеѓу Голдман и Мост поради нејзината независност. По значаен говор во Кливленд таа се чувствува дека е обичен „папагал кој ги повторува гледиштата на Мост“ и се одлучува да ги изрази своите гледишта на сцената. При враќањето во Њујорк Мост гневен на Голдман ѝ кажува: „Кој не е со мене, е против мене“.[12] Таа го напушта „Ференхајт“ и се приклучува на друг магазин „Автономноста“ (Die Autonomie).[13] Во меѓувреме таа започнува пријателство со Беркман кој нагалено го нарекува Саша. Набрзо тие стануваат љубовници и се вселуваат во заеднички апартман во Вудсток, Илиноис со неговата роднина Модест Стајн и пријателката на Голдман, Хелена Минкин. Иако нивната врска се соочува со бројни тешкотии Голдман и Беркман со децении ќе останат блиски поради нивните анархистички принципи и посветеноста кон еднаквоста.

Заговорот во Хоумстед[уреди | уреди извор]

Еден од првите политички случки кој ги зближи Голдман и Беркман беше штрајкот во Хоумстед. Во јуни 1892 година фабриката за челик во Хоумстед Пенсилванија во сопственост на Андру Карниџ стана центар на вниманието на Америка, кога престанаа преговорите помеѓу Компанијата за Челик Карниџ и Соединетото Здружение на Работници на Челик и Железо. Менаџерот на фабриката беше Хенри Клеј Фрик, страсен противник на синдикатите. Кога последната рунда на преговори не донесе резултати, раководството ја затвори фабриката и им забрани влез на работниците кои веднаш започнаа штрајк. Компанијата набрзо набави нови работници како и чувари од компанијата Пинкертон (приватна агенција за обезбедување) чија цел е да ги заштитат новите работници . На 6 јуни избива конфликт помеѓу 300 Пинкертон чувари и толпа вооружени штрајкувачи. Во текот на дванаесет часовната вооружена борба загинуваат седум чувари и девет штрајкувачи.[14]

Откако поголем број весници ја изјавуваат својата поддршка кон штрајкувачите, Голдман и Беркман одлучуваат да извршат атентат врз Фрик, со надеж дека неговата смрт ќе предизвика отворен револт против капитализмот кај работниците. Беркман одлучува дека тој ќе го изврши атентатот и ѝ наредува на Голдман да не биде вклучена со цел таа да ги објасни неговите мотиви откако тој ќе отиде во затвор. Тој ќе биде одговорен за делото, додека таа ќе биде одговорна за зборот.[15] Беркман неуспешно се обидува да направи бомба и потоа се упатува кон Питсбург за да набави пиштол и пристојно одело. Во меѓувреме Голдман се одлучува да го финансира подвигот преку проституција. Присетувајки се на ликот на Соња во романот Злосторство и Казна од Фјодор Достоевски таа размислува: „Таа стана проститутка за да ги прехрани своите браќа и сестри. Ако чувствителната Соња можеше да го продава своето тело, зашто не и јас?“. При еден ваков обид таа привлекла маж кој ја носи во бар, и купува пиво, ѝ дава десет долари и ѝ вели дека „ја нема способноста за тој бизнис“ и ја советува да си оди дома. Таа била „премногу запрепастена за да проговори“. Подоцна таа ѝ пишува на својата сестра Хелена дека е болна и има потреба од петнаесет долари.

На 23 јули Беркман добива пристап во канцеларијата на Фрик, каде со скриен пиштол тој го пука Фрик трипати и го прободува со нож во ногата. Група работници далеку од тоа да се приклучат во атентатот го претепуваат Беркман до несвест, по што полицијата го приведува.[16] Беркман е обвинет за обид за убиство и е осуден на 22 години казна затвор. Голдман пати поради долгогодишното отсуство на Беркман. Убедена дека Голдман е вклучена во атентатот, полицијата го пребарува апартманот на Голдман. Откако тие не пронаоѓаат никакви докази го присилуваат сопственикот на апартманот да ја отсели Голдман. Најлошо од сè е тоа што атентатот не успеа во својот план да ги разбуди масите. Напротив, работниците и анархистите го осудуваат Беркман.Нивниот поранешен ментор Јохан Мост јавно го напаѓа Беркман поради обидот за атентат. Гневна на овие напади Голдман набавува играчка- камшик и за време на говор бара објаснување од Мост. Тој ја игнорира при што таа го удира со камшикот, го крши истиот на два дела и деловите ги фрла кон Мост. Подоцна таа жали за овој напад, велејки на пријател: „На 23 години човек не размислува доволно“.

„Поттикнување немири“[уреди | уреди извор]

Во годината која следи Соединетите Американски Држави се погодени од Паниката од 1893, една од најлошите економски кризи во историјата. До крајот на оваа година стапката на невработеност се зголемува на повеќе од 20%,[17] „демонстрации на гладните“ понекогаш прераснуваа во немири. Во Њујорк Голдман започнува да држи говори пред фрустрираните народни маси. На 21 август, говори пред 3000 луѓе на плоштадот Унија каде ги поттикнува невработените итно да преземат акција. Нејзините точни зборови се непознати, но прикриени агенти велат дека Голдман ѝ наредува на толпата „земете сè... насила“, Голдман пак ја принесува оваа порака: “Во тој случај, демонстрирајте пред палатите на богатите; барајте работа. Доколку не ви дадат работа, барајте леб, доколку ве одбијат за двете, земете го лебот.“ Подоцна на суд, детективот Чарлс Јакобс принесува друга верзија на говорот.[18]

Една недела подоцна Голдман е уапсена во Филаделфија и вратена во Њујорк да одговара пред суд за „поттикнување немири“.[19] Додека патуваат кон Њујорк Јакобс и понудува на Голдман да ги поништи сите обвиненија доколку таа даде информации за останатите радикали во областа. Голдман одговара со тоа што фрла чаша ледена вода во лицето на Јакобс.[20] Додека во затвор Голдман е посетена од Нели Блај, новинарка за „Њујоршки Свет“ (New York World). По два часа разговор со Голдман таа пишува позитивна статија за жената која таа ја нарекува „модерната Јованка Орлеанка“. Покрај позитивниот публицитет, поротата беше убедена од сведоштвото на Јакобс, и исплашена од политиката на Голдман. Помошникот јавен обвинител ја испрашува Голдман за нејзиниот анархизам и атеизам, а судијата ја нарекува „опасна жена“. Голдман е осудена на затворска казна од една година. Додека во затвор Голдман страда од ревматизам и е често во амбулантата, таму таа се спријателува со доктор во посета и започнува да проучува медицина. Таа исто така чита десетици книги, вклучувајќи дела од американските активисти Ралф Валдо Емерсон и Хенри Дејви Торо, писателот Натаниел Хоторн, поетот Валд Витман и филозофот Џон Стујард Мил. На нејзиното ослободување по 10 месеци во затвор, Голдман е пречекана од скоро 1000 луѓе. Наскоро таа е преплавена од покани за интервјуа и предавања.[21]

За да заработи пари, Голдман се одлучува да продолжи со работа во медицината која ја проучуваше во затворот. Но најпосакуваните полиња за специјализација на Голдман, акушерство и масажа не се достапни за студентите во САД. Поради тоа таа патува во Европа каде држи предавања во Лондон, Глазгов и Единбург. Таму Голдман се запознава со прочуени анархисти како Ерико Малатеста, Луиза Мишел и Петар Кропоткин. Во Виена таа се стекнува со две дипломи кои ги користи во Америка. Неизменично држејќи говори и занимавајќи се со акушерство Голдман ја спроведува првата турнеја на анархистички говорник. Во ноември 1899 година Голдман се враќа во Европа каде со анархистот Хиполит Хавел го организира Меѓународниот Конгрес на Анархисти во периферијата на Париз.[22]

Атентатот врз Макинли[уреди | уреди извор]

На 6 септември 1901 година Леон Чолгош, републиканец и невработен работник во фабрика со историја на ментални болести, двапати го застрелува претседателот на САД Вилијам Макинли за време на говор во Бафало, Њујорк. Макинли е погоден во градите и стомакот, тој умира осум дена подоцна.[23] Леон е уапсен и испрашуван деноноќно. За време на испрашувањето тој тврди дека е анархист и дека добил инспирација за атентатот од говор на Голдман на кој тој присуствувал. Властите го користат ова како изговор да ја обвинат Голдман за планирање на атентатот врз Макинли. Тие ја пронаоѓаат Голдман во апартман во Чикаго кој го дели со Хавел и анархистичката двојка Ејб и Мери Изак.[24][25] Голдман е уапсена заедно со Ејб Изак, Хавел и десет анархисти.[26]

Пред атентатот Леон се обидува и не успева да се спријатели со Голдман и нејзините придружници. За време на говор во Кливленд, тој ѝ приоѓа на Голдман и ја замолува да го советува кои книги да ги чита. Во јули 1901 година Леон се појавува во куќата на Изак каде прашува серија необични прашања. Тие претпоставуваат дека тој е шпион, како број други агенти на полицијата пратени да шпионираат радикални групи. Тие се оддалечуваат од него, Ејб дури праќа известување до некои познаници предупредувајќи ги за „уште еден шпион“.[27]

Леон повеќепати негира дека Голдман била вклучена во атентатот, но полицијата сепак ја држи во притвор и ја подложува на „третиот степен“ (еуфамизам за измачување).[28] Голдман објаснува дека тие го избегнувале Леон и било јасно дека таа немала значаен контакт со него. Докази кои ја поврзуваат Голдман со нападот не се пронајдени и по две седмици во притвор таа е ослободена. Пред смрта на Макинли, Голдман се нуди да му пружи медицинска помош, велејќи „тој е само човечко суштество“. Леон и покрај доказите за ментална нестабилност е осуден за убиство и погубен.[29]

За време на и по својот притвор Голдман одбива да ги осуди акциите на Леон. Таа е речиси единствената која го прави ова. Пријатели и поддржувачи вклучувајќи го и Беркман ја повикуваат Голдман да се одкаже од оваа кауза. Но Голдман го брани Леон нарекувајќи го „многу чувствително битие“ и ги осудува останатите анархисти бидејќи го напуштаат. Од страна на весниците таа е осудувана и нарекувана „високата свештеничка на анархијата“, повеќе весници пак објавуваат дека анархистичкото движење е одговорно за убиството на Макинли. Во пресрет на овие случувања, социјализмот добива поголемо значење во радикалните групи во САД. Наследникот на Макинли, Теодор Рузвелт изјавува дека има намера да стави крај „не само на анархистите, туку на сите активни и пасивни симпатизери на анархистите“.

Мајката Земја и ослободувањето на Беркман[уреди | уреди извор]

По смртта на Леон, Голдман се повлекува од светот. Осудена од анархистите, озлогласена од новинарите и разделена од својата љубов таа се повлекува во анонимност и се посветува на медицината. Подоцна пишува: „Тешко е и горчливо да го започнеш животот одново“.[30] Користејќи го името Е. Г. Смит таа се повлекува од јавниот живот и работи како медицинска сестра.[31] Но изгласувањето на Актот за Исклучување на Анархисти од страна на Конгресот на САД со себе носи нов бран активисти кои се спротивставуваат на оваа политика, што повторно ја активира Голдман. Коалиција на луѓе и организации од политичката левица се спротивставуваат на овој закон велејќи дека ја крши слободата на говорот, со што Голдман добива публика за своите говори.

Кога англискиот анархист Џон Турнер е уапсен и во опасност од депортација според Актот за Исклучување на Анархисти, Голдман се здружува со Лигата за Слобода на Говорот во негова одбрана. Лигата добива помош од Клеренс Дароу и Едгар Ли Мастер кои го принесуваат случајот на Турнер пред Врховниод Суд на САД. Иако Турнер и Лигата го губат овој случај Голдман смета дека победуваат во полето на пропагандата.[32] Голдман повторно станува активна активистка на анархизмот, но ова ја истоштува, и таа му пишува на Беркман: „Никогаш порано не сум чувствувала толкава тежина. Се плашам дека засекогаш ќе останам во јавноста, каде мојот живот ќе биде истоштен од грижата за туѓи животи.“[33]

Во 1906 година, Голдман одлучува да отвори свое списание, „место за изразување на младите идеалисти преку уметност и писма“.[34] Персоналот на „Мајката Земја“, како што го нарекува списанието, е составено од радикални активисти вклучувајќи ги Хиполит Хавел, Макс Багински и Леонард Абот. Покрај оригиналните издадени дела кои се напишани од уредниците и анархисти од целиот свет, Мајката Земја објавува и селектирани дела од повеќе писатели. Ова ги вклучува и францускиот филозоф Пјер Жозеф Прудон, рускиот анархист Петар Кропоткин, германскиот филозоф Фридрих Ниче и англиската писателка Мери Волстонкрафт. Голдман честопати пишува за анархизам, политика, атеизам, сексуалност и феминизам.[35][36]

На 18 мај истата година Александар Беркман е ослободен од затвор. Носејќи му букет рози, Голдман го пречекува на перонот каде е „обземена од терор и сожалување“ гледајќи во неговата грозна и бледа појава. Тие се враќаат дома во тишина, не можејќи да прозборат. Со недели тој се мачи да се прилагоди на животот надвор од затвор, а откако турнејата во која тој говори завршува со неуспех Беркман се упатува во Кливленд каде набавува револвер со намера да се самоубие.[37][38] При враќањето во Њујорк тој дознава дека Голдман е уапсена заедно со група активисти. Освежен од ова прекршување на правото на собирање тој изјавува: „Моето воскресение пристигна“[39], при што започнува да се бори за нивната слобода.[40]

Беркман го презема кормилото на „Мајката Земја“ во 1907 година додека Голдман е на турнеја за собирање средства за понатамошно работење на ова списание. Уредувањето на ова списание го поттикнува Беркман, но неговата врска со Голдман пати, тој има афера со петнаесетгодишната анархистка Беки Еделсон. Голдман е повредена од ова одбивање, но оваа афера ја смета како последица на долгите години поминати во затвор.[41] Подоцна истата година таа е делегат на САД во Меѓународниот Анархистички Конгрес во Амстердам. Анархисти и синдикалци од целиот свет се собираат за да ги смират тензиите помеѓу двете идеологии, но не е постигнат одлучувачки договор. Голдман се враќа во САД и продолжува да одржува говори пред големи публики.[42]

Рајтман, есеи и контрола на раѓањето[уреди | уреди извор]

Во наредните десет години Голдман непрекинато патува низ Америка каде одржува предавања и агитира во името на анархизмот. Коалициите оформени како опозиција на Актот за Исклучување на Анархисти ѝ се заблагодаруваат на Голдман поради успехот на предавањата за допирање до луѓето со различни политички верувања. Шпионите пратени од одделот за правда на САД известуваат дека состаноците кои ги води Голдман се “преполни“. Писатели, новинари, уметници, судии и работници од сите полиња на општеството зборуваат за нејзината „магнетна моќ“, “импозантност“, и „сила, елоквентност и жар“.[43]

За време на пролетта 1908 година Голдман го запознава и се заљубува во Бен Рајтман, т. н. „доктор Скитник“. Рајтман детството го поминува во отмениот дел на Чикаго, од таму тој поминува неколку години како скитник пред да се здобие со медицинската диплома од Колеџот за Лекари и Хирурзи во Чикаго. Како лекар тој посветува посебно внимание на луѓе кои страдаат од сиромаштија и болести, особено венерични болести. Рајтман и Голдман започнуваат слободна врска, но Голдман за разлика од Рајтман нема низа љубовници. И покрај своите верувања во слобода на срцето Голдман пати од љубомора.

Две години подоцна Голдман започнува да се фрустрира со публиката на своите предавања. Таа тежнее да „допре до малкумината кои сакаат да научат, наместо до останатите кои доаѓаат за забава“. Поради тоа Голдман објавува свои одбрани говори и статии од својот весник во книга насловена „Анархизам и други есеи“. Книгата покрива широк спектар теми, Голдман се обидува да ги пренесе „умствените и духовни борби во 21 години“. Во прилог на сеопфатниот поглед врз анархизмот и неговите критики, во книгата се вклучени и есеи за патриотизмот, правото на глас на жените, бракот и затворите.

Кога Маргарет Сангер, адвокат за пристап до контрацепција го измислува терминот „контрола на раѓањето“ и изнесува различни методи за контрацепција во магазинот „Жената Бунтовник“ во јуни 1914 година таа добива огромна поддршка од Голдман . Во август истата година Сангер е уапсена заради Комстед законите, кои забрануваат „разнесување на непристојни статии“ вклучувајќи информации за контрацепција. Иако подоцна доаѓа до конфликт помеѓу Сангер и Голдман поради недоволна поддршка, Голдман и помага на Сангер во разнесување на памфлетот „Ограничувања на семејството“ (како и слични есеи на Рајтман). Во 1915 година Голдман спроведува говорничка турнеја за подигање на свеста за контрацепцијата. Иако во овој период јавното мислење за оваа тема полека се либерализира, Голдман е уапсена во февруари 1916 година поради прекршување на Комстед законот. Одбивајќи да плати казна од 100 американски долари Голдман поминува две недели во затвор, што Голдман го гледа како прилика повторно да се поврзе со оние исфрлени од општеството.

Првата светска војна[уреди | уреди извор]

Иако Американскиот претседател Вудроу Вилсон беше реизбран во 1916 година под слоганот „Тој ќе не задржи надвор од војна“ при почетокот на својот втор мандат тој одлучува дека Германското неограничување на активностите на своите подморници е доволна причина САД да стане дел од Првата светска војна. Кратко потоа конгресот го изгласува Актот за селективна служба од 1917 година според кој сите мажи на возраст од 21 до 30 се регрутираат во армијата. Голдман овој акт го гледа како воена агресија, со капиталистичка заднина. Во својот магазин „Мајката Земја“ таа изјавува дека ќе се противи на регрутацијата и вмешаноста на САД во војната.[44]

Како последица на овие случувања Голдман и Беркман оформуваат Лига за Борба против Регрутацијата во Њујорк, преку која прогласуваат: „Се спротивставуваме на регрутацијата бидејќи сме интернационалисти, анти милитаристи и противници на војни водени од страна на капиталистички влади“. Групата стана авангарда за противниците на регрутацијата и слични групи започнуваат да се основаат во други градови. Но откако полицијата започна да врши рации за време на говорите на овие групи со цел да пронајде мажи кои ја избегнале регрутацијата, Голдман започнува да се фокусира на памфлети и останати пишани дела. Но поради патриотизмот во Америка за време на овој период голем дел од политичката левица одбива да даде поддршка на напорите на лигата. Партијата на Женскиот Мир, на пример, по влезот на САД во војната престанува да се противи на војната. Социјалистичката Партија на Америка официјално се противи на вмешаноста на САД во војната но го поддржува Вилсон во сите негови активности.

На 15 јуни 1917 година, Голдман и Беркман се уапсени за време на рација на нивните канцеларии при што е запленето „комбе полно со анархистички документи и пропаганда“. „Њујорк Тајмс“ пренесува дека Голдман замолила да се преслече во нешто посоодветно, при што ги напушта канцелариите во фустан во „кралска пурпурна“ боја. Парот е обвинет за заговор за „убедување луѓе да не се регрутираат“ според новиот Акт за шпионажа и се задржани на кауција од 25.000 американски долари. Бранејќи се себеси и Беркман за време на судењето, Голдман се повикува на Првиот Амандман, прашувајќи како владата се бори за демократија во странство, а ја угнетува слободата на говорот дома.

„Доколку Америка се приклучи на војната за да го направи светот безбеден за демократија, тогаш мора да ја обезбеди демократијата во Америка. Како очекувате светот да ја сфаќа Америка сериозно, кога демократијата во Америка е угнетувана, слободата на говорот потисната, мирните протести се разбиваат од криминалци во униформа; кога слободните медиуми се ограничени и секој независен глас замолчен? Навистина, кога сме толку сиромашни за демократија, како може да ја даваме на светот?“

Поротата не се согласи со Голдман и ги прогласи за виновни, судијата Џулис М мајер ги осуди на максимумот од 2 години затворска казна, 10.000 американски долари оштета и можноста за депортација по крајот на затворската казна. На пат кон затворот Голдман пишува на пријател: “Две години затвор за бескомпромисно бранење на својте идеали. Тоа е мала цена да се плати.“ Во затвор таа е повторно поставена да работи како шијачка под “мизерно 21-годишно момче платено да добие резултати“. Голдман тука се запознава со социјалистката Кејт Ричардс О’Хара која е исто така затворена според Актот за Шпионажа. Иако двете жени имаат различни политички стратегии – Кејт верува во гласање за да се добие моќ во државата – тие работат заедно за подобрување на условите во затворот. Голдман исто така ја запознава и станува пријател со Габриела Сегата Антолини, анархист и следбеник на Лујџи Галеани. Антолини е уапсена поради носење торба полна со динамит во воз упатен кон Чикаго. Таа одбила да соработува со властите и е осудена на 14 месеци затворска казна. Работејќи заедно за подобрување на условите на останатите затворенички, трите жени стануваат познати како „Тројството“. Голдман е ослободена на 27 септември 1919 година.[45]

Депортација[уреди | уреди извор]

Голдман и Беркман се ослободени од затвор за време на Црвената Паника 1919-1920, кога стравот од про-германски активности за време на војната се промени во страв од Болшевизмот и непосредна револуција. Јавниот обвинител Александар Мичел Палмер и Џ. Едгар Хувер шеф на одделот за општо разузнавање при Министерството за Правда се решени да ги депортираат странците кои се познати како анархисти или револуционери со користење на Актот за Исклучување на Анархисти. За време на нивниот престој во затвор Џ. Едгар Хувер пишува за Голдман и Беркман: „Ема Голдман и Александар Беркман се несомнено едни од најопасните анархисти во оваа држава, нивното враќање во општеството ќе резултира со непотребно зло“.

За време на рочиштето за нејзината депортација свикано на 27 октомври, Голдман одбива да одговори на прашањата за нејзините верувања врз основа на тоа дека нејзиното американското државјанство ги поништува сите обиди за депортација основани на Актот за Исклучување на Анархисти, кои може да се спроведе само врз лица кои не се граѓани на САД. Таа принесува пишана изјава: „Денес т.н. „странци“ се депортирани. Утре домородните Американци ќе бидат избркани. Уште сега некои патриоти сугерираат дека треба да се протераат домородните Американски синови на кои демократијата им е свет идеал“.[46] Луис Паркер од Министерството за труд кое има целосен авторитет врз прашањата за депортација, утврди дека поништувањето на државјанството на нејзиниот маж во 1908 година го поништува и нејзиното државјанство. Иако по ова Голдман ветува битка во судовите таа не поднесува жалба на оваа одлука.

Министерството за труд ги вклучи Голдман и Беркман во 249 странци кои се депортирани, голем број од овие луѓе имале слаби врски со радикалните групи, тие во голем дел биле уапсени во рациите на владата спроведени во ноември. Бродот „Буфорд“ кој медиумите го нарекуваа „Советската Арка“ исплови од Њујорк на 21 декември. 58 војници и 4 офицери го обезбедуваа овој брод додека екипажот бил снабден со пиштоли. Поголемиот број од медиумите го поддржувале овој потег. Весникот „Плејн Дилер“ од Кливленд пишува: „Се надеваме дека слични бродови, поголеми, носејќи сличен товар ќе го следат овој“. Бродот се истовари во Ханко, Финска на 15 јануари 1920 година. По пристигнувањето Финските власти ги пренесуваат депортираните до Руската граница носејќи бело знаме.

Русија[уреди | уреди извор]

Голдман на почетокот има оптимистички поглед кон Болшевичката револуција. Во списанието „Мајка Земја“ таа пишува дека и покрај тоа што револуцијата се потпира на комунистичка влада таа ги претставува „основните, далекусежни и сеопфатни на човековата слобода и економска благосостојба“. Но на пат кон Европа таа искажува страв за тоа што ги чека. Голдман е загрижена за граѓанската војна која сè уште трае во Русија, и за можноста да бидат заробени од анти-болшевички сили. Владата иако е анти-капиталистичка претставува закана, Голдман ѝ пишува на својата внука: „Никогаш во мојот живот не би можела да работам во рамките на држава, дури и да е таа држава болшевичка“.

Набрзо дознава дека овие стравови не се неосновани. Неколку денови по пристигнувањето во Петроград (Сан Петербург) таа е шокирана да слушне партиски функционер како ја нарекува слободата на говорот „буржоаско суеверие“. Како што Голдман и Беркман патуваат низ Русија се сретнуваат со репресија, малверзации и корупција наместо со еднаквост и зајакнување на работниците за кои се надевале. Тие кој ја критикувале владата биле означувани како анти-револуционери додека пак работата се одвивала под нехумани услови. Тие се сретнуваат со Владимир Ленин кој ги убедува дека потиснувањето на правата на медиумите од страна на владата е оправдано. Тој им вели „Не може да има слобода на говор за време на револуција“. Беркман полесно ѝ простува на владата во името на „историска потреба“, но на крајот ѝ се приклучува на Голдман во спротивставување на авторитетот на советската влада.

Во март 1921 година започнуваат штрајкови во Петроград од страна на работници кои бараат подобра храна и поголема автономност на синдикатите. Голдман и Беркман се чувствуваат должни да ги поддржат штрајковите велејќи: „Сега да се молчи е невозможно, дури и криминално“. Немирите се пришируваат во градот Кронстад каде е наредено воено да се справат со демонстрантите. Во битките кои следат, повеќе од 1.000 морнари и војници се убиени и повеќе од 2.000 се уапсени. Во пресрет на овие случување Голдман и Беркман одлучуваат дека за нив нема иднина во оваа држава. Голдман пишува: „Дојдовме до заклучок дека не можеме ништо да правиме тука. И бидејќи не можеме да водиме неактивни животи решивме да одиме“.

Во декември 1921 година тие ја напуштаат земјата и одат во главниот град на Латвија, Рига. Комесарот на САД во Рига ги информира властите во Вашингтон кои започнуваат да собираат информации од други влади за активностите на двојката. По кратко патување во Стокхлом тие се преселуваат во Берлин каде живеат неколку години; во ова време Голдман се согласува да напише серија статии за нејзиното време во Русија за весникот Њујоршки Свет на Јозеф Пулицер. Овие статии се подоцна собрани и објавени во книги „Моето разочарување во Русија“ (1923), „Моето понатамошно разочарување во Русија“ (1924). Овие сензационалистички наслови се додадени од издавачите, и покрај протестите на Голдман тие не се сменети.

Англија, Канада и Франција[уреди | уреди извор]

Голдман тешко се прилагоди на германската левичарска заедница. Комунистите ја мразат поради нејзините гледишта во врска со репресијата во Русија, додека пак либералите се исмејуваат на нејзиниот радикализам. Беркман останува во Германија за да помогне на прогонетите од Русија, додека Голдман се сели во Лондон во септември 1924. Во чест на нејзиното доаѓање, писателката Ребека Вест организира вечера, на која присуствувале филозофот Бертранд Расел, писателот Х. Г. Велс, и повеќе од 200 други гости. Кога Голдман започнува да зборува за својата незадоволност од Советската влада, публиката е шокирана. Дел од присутните го напуштаат собирот додека пак други ја напаѓаат Голдман бидејќи предвреме го критикува Советскиот експеримент. Подоцна во писмо Расел одбива да ги поддржи обидите на Голдман за систематска промена на Советскиот Сојуз и ги исмева нејзините анархистички идеали.

Во 1925 година, на Голдман повторно ѝ се заканува депортација, но шкотскиот анархист Џејмс Колтон се понудува да се омажи со Голдман за таа да добие британско државјанство. Иако тие не се познавале доволно, Голдман го прифаќа овој предлог и тие се венчаат на 27 јуни 1925 година. Исчезнувањето на заканата за депортација ѝ дава слобода на Голдман да патува во Канада и Франција. Животот во Лондон е стресен за Голдман, таа му се доверува на Беркман: „Ужасно сум уморена и осамена. Ужасно е и чувството да се вратиш тука по предавања и да не најдеш сродна душа, некој кој се грижи дали си жив или мртов“. Додека во Лондон таа работи на аналитички студии на драмата, како надополнување на делата кои ги објавила во 1914 година. Но публиката била „ужасна“ и никогаш на ја завршува втората книга на оваа тема.

Голдман патува во Канада во 1927 година на време да добие вести за погубувањата на италијанските анархисти Николо Сако и Бартоломео Ванезити кои набрзо ќе се случат во Бостон. Разгневена од нерегуларностите на случајот Голдман на ова гледа како на уште една пародија на правдата во САД. Голдман копнее да се приклучи на големите протести во Бостон, додека ја преплавуваат мемории од Хејмаркет аферата таа пишува: “Тогаш имав цел живот да се борам за убиените. Сега немам ништо.“

Во 1928 година Голдман започнува со работа на својата автобиографија, со помош од група следбеници меѓу кои, новинарот Х. Л. Менкен, поетесата Една Сент Винсент Милај, писателот Теодор Дрејзер, и колекционерот на уметнички дела Пеги Гуденхајм која собра 4000 американски долари за Голдман. Голдман наоѓа куќа во Францускиот приморски град Сен Тропе каде поминува две години прераскажувајќи го својот живот. Беркман ѝ нуди на Голдман остри критики на пишаното, кои Голдман подоцна ги прифаќа, но по цена на нивната врска. Голдман имала намера својата книга „Живеејќи го Мојот Живот“ да биде во еден том, достапна за работничката класа (не повеќе од 5 американски долари); но издавачот Алфред А. Кнопф ја објавил книгата во два тома со заедничка цена од 7.5 американски долари. Голдман е бесна на оваа одлука, но не е во можност да ја промени. Поради големата депресија, продажбата на книгата е ограничена и покрај интересот на библиотеки од цел САД. Критиките во поголем дел се позитивни, Њујорк Тајмс и Њујоркер ја ставаат оваа книга на списокот на најдобрите книги.

Во 1933 година Голдман добива дозвола да одржува предавања во САД под услов дека ќе зборува само за својата автобиографија а не за моменталните политички активности. Голдман се враќа во Њујорк на 2 февруари 1934 година проследена од позитивни критики од медиумите освен од тамошните комунистички весници. Наскоро Голдман е обиколена од пријатели и почитувачи и преплавена од покани за разговори и интервјуа. Поради истекувањето на визата Голдман се враќа во Торонто каде поднесува барање за друга виза која е одбиена. Таа останува во Канада каде пишува статии за американски весници.

Во февруари и март 1936 година Беркман е подложен на неколку операции на простатата. Опоравувајќи се во Ница во придружба на Еми Екстајн тој не е во можност да присуствува на роденденот на Голдман во Сан Тропе во јуни. Тажна, таа му пишува, но Беркман никогаш не го чита ова писмо, Голдман сред ноќта добива повик дека Беркман е сериозно вознемирен. Таа тргнува кон Ница веднаш, но пристигнува утрото кога дознава дека Беркман се застрелал себеси и е во кома. Беркман починува наредниот ден.

Шпанската граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Во јули 1936 година започнува Шпанската граѓанска војна по неуспешниот државен удар од страна на делови од Шпанската армија против Втората Шпанска Република. Во исто време шпанските анархисти борејќи се против Националните сили, започнуваат анархистичка револуција. Голдман е поканета во Барселона, и во истиот момент „тежината која ја чувствував на моето срце по смртта на Саша беше отстранета како со магија“. Голдман е пречекана од „Националната Конфедерација на Трудот“ (НКТ) и „Федерацијата на Анархисти на Иберија“ (ФАИ), и за првпат во својот живот Голдман живее во заедница водена од анархисти за анархисти, според анархистички принципи, подоцна таа пишува „во целиот свој живот немам сретнато таква услужливост, другарство и солидарност“. Откако престојува во неколку колективи во провинцијата Уеска, таа изјавува пред група работници: „Вашата револуција засекогаш ќе ја уништи идејата дека анархизмот се залага за хаос“.

Голдман започнува да се загрижува за иднината на анархистите во Шпанија кога во 1937 година НКТ и ФАИ се приклучуваат на коалиција со владата - против основните идеали на анархизмот да не биде дел од државното уредување – и уште позагрижувачки прави отстапки на комунистичките сили во името на обединување против фашизмот. Голдман пишува дека соработка со комунистите во Шпанија е „негирање на нашите соборци во логорите на Сталин“. Русија во меѓувреме одбива да праќа оружје на анархистите, додека пак во Европа и САД започнува пропагандна војна против анархистите. Но со непроменета верба во каузата Голдман се упатува во Лондон како претставник на НКТ-ФАИ.

Држејќи предавања и давајќи интервјуа, Голдман ентузијастички ги поддржува Шпанските анархо-синдикалци. Редовно пишува за „Шпанија и Светот“, магазин кој се фокусира на Шпанската граѓанска војна. Но во мај 1937 година, комунистички сили вршат напад врз анархистички упоришта и уништуваат анархистички колективи. Британските медиуми ги пренесуваат вестите понудени од Втората Шпанска Република. Британскиот новинар Џорџ Орвел присутен на акциите спроведени од страна на владата пишува: „Она пренесено за немирите во Барселона... надминува сè што досега имам видено во однос на лажење“.

Голдман се враќа во Шпанија во септември, но НКТ-ФАИ и изгледаат како луѓе заробени во куќа која гори. Уште полошо, анархисти и радикали низ светот одбиваат да ја поддржат нивната кауза. Националистичките сили објавуваат победа во Шпанија кратко пред враќањето на Голдман во Лондон. Фрустрирана од опресивната атмосфера во Англија која таа ја нарекува „пофашистичка од фашистите“, Голдман се враќа во Канада во 1939 година. Но нејзините услуги за анархистичката кауза во Шпанија не се заборавени, на нејзиниот седумдести роденден добива порака од Париз од поранешниот Генерален Секретар на НКТ-ФАИ Мариано Вазкез во која ја нарекува „нашата духовна мајка“.

Последните години[уреди | уреди извор]

Во годините пред почетокот на втората светска војна, Голдман престанува да дава отпор на војните водени од страна на држави. Таа пишува на пријател: „Колку и да ги презирам Хитлер, Мусолини, Сталин и Франко, никогаш не би поддржала војна против нив, бидејќи според последните анализи демократиите се само прикриени фашисти“. Голдман е убедена дека Британија и Франција ја имаат пропуштено шансата да му се спротивстават на фашизмот и дека војната која следи ќе донесе „нова форма на лудило во светот“. Ова гледиште не било воопшто популарно откако нападите од страна на Хитлер врз еврејското население станаа познати во еврејските иселеници.

Смртта[уреди | уреди извор]

Гробот на Голдман. Датумите на гробот се погрешни

На 17 февруари 1940 година, Голдман доживува мозочен удар. Таа е парализирана на десната страна, и иако слухот ѝ останува неоштетен таа не може да зборува. Пријател на Голдман вели: „Само замислете, тоа е Ема, најголемиот оратор во Америка, но не може да изусти ниеден збор“. Во наредните три месеци здравствената состојба на Голдман благо се подобрила, таа можела да прима посетители, таа дури покажала кон адресарот за да сугерира на пријател каде во Мексико може да најде пријател на каузата. На 8 мај Голдман доживува уште еден мозочен удар и на 14 мај таа починува во Торонто, Канада на возраст од 70 години. Владата на САД по смртта на Голдман дозволува нејзиното тело да се врати во САД за да биде погребано. Голдман е погребана во гробиштата Форест Парк во Чикаго помеѓу активисти и недалеку од гробовите на оние погубени по Хајмаркетските немири.

Филозофија[уреди | уреди извор]

Голдман пишувала и говорела за голем број проблеми. Иако Голдман ја одбивала ортодоксноста, таа придонесува во неколку полиња на модерната политичка филозофија. Голдман е обликувана од голем број разновидни писатели и мислители, вклучувајќи ги, Михаил Бакунин, Хенри Дејвид Торо, Петар Кропоткин, Ралф Валдо Емерсон, Николај Чернишевски, Мери Волстонкрафт. Друг филозоф кој влијаел на Голдман е Фридрих Ниче. Во својата автобиографија таа пишува „Ниче не беше социјален теоретичар, туку поет, бунтовник и иноватор. Неговата арисократија не е добиена од раѓање или од пари туку од духот. Во тој поглед Ниче беше анархист, а сите вистински анархисти се аристократи“.[47]

Анархизам[уреди | уреди извор]

Анархизмот игра клучна улога во погледот на светот на Голдман, таа денес се смета за една од најважните личности во историјата на анархизмот. За првпат била привлечена кон анархизмот по погонот на анархистите кои следел по Хајмаркет Аферата во 1886 година, таа редовно пишува и говори во име на анархизмот. Во истоимениот есеј во книгата „Анархизам и останати есеи“ таа пишува.

Анархизмот се залага за, ослободувањето на човековиот ум од религијата; за ослободувањето на човековото тело од сопственоста; за ослободување од оковите на власта. Анархизмот се залага за општествен поредок заснован на слободно групирани поединци со цел тие да произведат вистинско општествено богатство; поредок кој гарантира дека секое човечко суштество ќе има слободен пристап до земјата, и целосно ќе ужива во основните потреби според своите лични желби, вкусови и склоности.[48]


Анархизмот на Голдман е интензивно личен. Таа верувала дека е неопходно анархистите да живеат според своите верувања, демонстрирајќи ги своите убедувања со секој свој збор и дело. Таа пишува „Не ми е важно дали теоријата на поединецот за утре е точна, важно ми е дали духот денес е точен.“[49] Анархизмот, за Голдман е логичен одговор на ограничувањата наметнати од владата и капитализмот. Голдман вели „Ми се чини, дека овој начин на живот ќе го замени стариот, не преку проповедање или гласање, туку преку живеење на самиот.“[49]

Во исто време таа верува дека движењето во името на човековата слобода треба да биде водено од слободни луѓе. Во една пригода, додека танцува, Голдман е критикувана од колега анархист за своето безгрижно однесување. Подоцна таа во својата автобиографија вели: „Му реков да си ја гледа својата работа, бев уморена од тоа каузата константно да ми се наметнува. Не верував дека каузата, која се залага за прекрасен идеал, за анархизмот, за ослободување и слобода од убедувања и предрасуди, бара од нас да се одречеме од животот и среќата. Инсистирав дека каузата не очекува од мене да се однесувам како калуѓерка и дека ова движење не треба да се претвори во манастир. Доколку анархизмот значи тоа, тогаш не го сакам. Сакам слобода, право да се изразам и сакам сите да имаат право на убави нешта.“[50]

Капитализмот и трудот[уреди | уреди извор]

Голдман верувала дека економскиот систем на капитализмот е неспојлив со човечката слобода. "Единствената побарувачката што тој ја признава", напиша таа во Анархизам и други есеи "е својот лаком апетит за поголемо богатство, затоа што богатството значи моќ; моќ да покори, да крши, да експлоатира, моќ да поробува, да огорчува, да деградира."[51] Таа исто така тврди дека капитализмот ги дехуманизира работниците "претворајќи го производителот во само честички на машина, со помалку волја од својот господар од челик и железо".[51]

Првично се противела на се помалку од целосна револуција, Голдман беше оспорена во текот на еден разговор со еден постар работник од предниот ред. Во својата автобиографија, таа пишува:

„Тој рече дека ја разбира мојата нетрпеливост со толку мали барања како што се неколкуте часа помалку работа на ден, или неколкуте долари повеќе за една недела... Но, што можеле оние од негова возраст да направат? Тие, најверојатно, нема да доживеат да го видат крајното уривање на капиталистичкиот систем. Дали тие, исто така, да се откажат од намалувањето за можеби два часа на ден на омразената работа? Тоа беше сè на што тие би можеле да се надеваат да видат да се реализира во текот на својот живот.“[52]

Голдман сфати дека помалите напори за подобрување, како што се повисоките плати и пократкото работно време можат да бидат дел од општествена револуција.

Атеизам[уреди | уреди извор]

Како посветен атеист, Голдман ја сметаше религијата за уште еден инструмент за контрола и доминација. Во нејзиниот есеј "Филозофија на атеизам", таа го цитираше Бакунин и додаде:

Свесно или несвесно, повеќето теисти гледаат во боговите и ѓаволите, рајот и пеколот, наградувањето и казнувањето, начин на форсирање на луѓето во послушание, кроткост и задоволство... Филозофијата на Атеизмот ги изразува експанзија и растот на човечкиот ум. Филозофијата на теизмот, ако можеме да ја наречеме филозофија, е статичен и фиксен.[53]


Со есеи како "Лицемерието на пуританството" и говорот насловен "Неуспехот на христијанството", Голдман направи повеќе од неколку непријатели меѓу верските заедници со напаѓањето на нивните моралистички ставови и нивните напори за контролира на однесувањето на човекот. Таа го обвини христијанството за "овековечувањето на робското општество", тврдејќи дека тоа ги диктира акциите на поединците на Земјата и им понудува на сиромашните луѓе лажно ветување за долга иднина во рајот.[54] Таа, исто така, беше критична кон ционизмот, која го видела како уште еден неуспешен експеримент во државна контрола.[55]

Феминизмот и сексуалноста[уреди | уреди извор]

Анархо-феминистки протестирајќи ја глобализацијата со цитат од Ема Голдман.

Иако таа ги сметала целите за гласање на првиот бран на феминизмот како неважни, Голдман се залагала страсно за правата на жените, и денес е сметана за основач на анархо-феминизмот, кој го оспорува патријархатот како хиерархија која треба да се уништи заедно со државната власт и класите поделби.[56] Во 1897 година, таа пишува: "Јас ја побарувам независноста на жената, нејзиното право да се поддржува самата себеси, да живее за себеси, да сака кого таа сака, или колку што таа сака. Ја побарувам слободата за двата пола, слободата за дејствување, слобода во љубовта и слободата во мајчинството".[57]

Како медицинска сестра, Голдман се залагаше за едукација на жените во врска со контрацепцијата. Како и многу феминистки од своето време, таа го сметала абортусот за трагична последица на општествените услови, а контрацепцијата како позитивна алтернатива. Голдман беше, исто така, застапник на слободната љубов и голем критичар на бракот. Таа ги сметала раните феминистки за ограничени во нивниот делокруг и ограничени со општествените сили на пуританизмот и капитализмот. Таа пишува: "Ние сме во потреба од непречено надминување на старите традиции и навики. Движењето за еманципација на жените досега го има направено само првиот чекор во тој правец."[58][59]

Голдман беше, исто така, отворен критичар на предрасудите против хомосексуалците. Нејзиното верување дека социјалното ослободување треба да се прошири да ги вклучи геј мажите и лезбејките беше речиси нечуено во тоа време, дури и меѓу анархистите.[60] Како што напиша германскиот сексолог Магнус Хиршфелд, "Таа беше првата и единствена жена, навистина првиот и единствен Американец, да ја одбрани хомосексуалната љубов пред јавноста".[61] Во бројните говори и писма, таа го бранеше правото на геј мажите и лезбејките да можат слободно да сакаат и ги осудила стравот и стигмата поврзани со хомосексуалноста. Голдман пишува во писмото до Хиршфелд, "Тоа е трагедија, јас чувствувам, што луѓето од различен сексуален тип се фатени во светот што покажува толку малку разбирање за хомосексуалците и е толку бесчувствително несимпатетичен кон различните градации и варијации на љубовта и нејзиното големо значење во животот."[61]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Goldman, Living, с. 24.
  2. 2,0 2,1 University of Illinois at Chicago Biography of Emma Goldman. UIC Library Emma Goldman Collection. Посетено на December 13, 2008.
  3. Drinnon, Rebel, с. 5.
  4. Chalberg, с. 13.
  5. Drinnon, Rebel, с. 12.
  6. Wexler, Intimate, с. 13–14.
  7. Drinnon, Rebel, с. 6–7.
  8. Chalberg, с. 15.
  9. Wexler, Intimate, с. 27.
  10. Wexler, Intimate, с. 30–31.
  11. Falk, Love, с. 15–16.
  12. Goldman, Living, с. 54.
  13. Wexler, Intimate, с. 53.
  14. Wexler, Intimate, с. 61–62.
  15. Wexler, Intimate, с. 63–65.
  16. Chalberg, с. 42–43; Falk, Love, с. 25; Wexler, Intimate, p. 65.
  17. "Panic of 1893". Ohio History Central. Ohio Historical Society, 2007. Посетено на December 18, 2007.
  18. Drinnon, Rebel, с. 58–59.
  19. Wexler, Intimate, с. 76.
  20. Drinnon, Rebel, с. 57.
  21. Wexler, Intimate, с. 78–79.
  22. Wexler, Intimate, с. 84–89.
  23. Chalberg, с. 65–66.
  24. Drinnon, Rebel, с. 68.
  25. Chalberg, с. 73.
  26. Wexler, Intimate, с. 104.
  27. Wexler, Intimate, с. 103–104.
  28. Goldman, Living, с. 300.
  29. Drinnon, Rebel, с. 74.
  30. Goldman, Living, p. 318.
  31. Wexler, Intimate, p. 115.
  32. Chalberg, pp. 84–87.
  33. Quoted in Chalberg, p. 87.
  34. Goldman, Living, p. 377.
  35. Chalberg, pp. 88–91.
  36. Wexler, Intimate, pp. 121–130.
  37. Chalberg, p. 94.
  38. Drinnon, Rebel, pp. 97–98.
  39. Quoted in Goldman, Living, p. 391.
  40. Drinnon, Rebel, p. 98.
  41. Chalberg, p. 97.
  42. Wexler, Intimate, pp. 135–137.
  43. Wexler, Intimate, с. 168.
  44. Drinnon, Rebel, pp. 186–187; Wexler, Intimate, p. 230.
  45. Wexler, Intimate, p. 253–263.
  46. „Deportation Defied by Emma Goldman“. The New York Times. October 28, 1919. Посетено на February 4, 2010.
  47. Goldman, Living, 194.
  48. Goldman, Anarchism, p. 62.
  49. 49,0 49,1 Quoted in Wexler, Intimate, p. 92.
  50. Goldman, Living, p. 56.
  51. 51,0 51,1 Goldman, Anarchism, p. 54.
  52. Goldman, Living, p. 52.
  53. Goldman, Emma (February 1916). „The Philosophy of Atheism“. Mother Earth. Посетено на December 7, 2007.
  54. Goldman, "The Failure of Christianity" Архивирано на 12 мај 2008 г.. Mother Earth, April 1913.
  55. Wexler, Exile, p. 41.
  56. Marshall, p. 409.
  57. Quoted in Wexler, Intimate, p. 94.
  58. Goldman, Anarchism, p. 224.
  59. See generally Haaland; Goldman, "The Traffic in Women"; Goldman, "On Love".
  60. Katz, Jonathan Ned (1992). Gay American History: Lesbians and Gay Men in the U.S.A. New York City: Penguin Books. стр. 376–380.
  61. 61,0 61,1 Goldman, Emma (1923). "Offener Brief an den Herausgeber der Jahrbücher über Louise Michel" with a preface by Magnus Hirschfeld. Jahrbuch für sexuelle Zwischenstufen 23: 70. Translated from German by James Steakley. Goldman's original letter in English is not known to be extant.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]