Социјално вметнување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Социјалното вметнување (шпански: inserción social) е една од двете главни форми на активизам промовирана од „Федерацијата на анархисти на Рио“ и други јужноамерикански анархистички организации, додека другата е еспецифисмо. Двата принципи се засновани врз традиционални анархистички вредности. Додека социјалното вметнување е опишано како вкоренето во Бакуњиновото инсистирање на социјален активизам, еспецифисмо се смета за втемелено во Малатеснитиниот фокус на конкретно анархистичко организирање.

После раскинот помеѓу анархизмот и работничките движења во 1920-тите, анархизмот ја загуби својата поврзаност со социјалните движења. Целта на социјалното вметнување е повторно да се воспостави таа врска, опишана како „социјален вектор“ на анархизмот.

Некои изразија сомнеж за терминот, поврзувајќи го со ентризам кој беше практикуван во старите авторитарни леви движенија. Како и да е поборниците за социјално вметнување инсистираат дека ентризмот всушност го ползува вметнувањето во вид на тројански коњ со цел да се самопромовира додека пак социјалното вметнување е фокусирање на реално подобрување во општеството. Социјалното вметнување се состои од градење на основа за анархистички идеи преку вклучување во работните дејствија на општествените организации и движења.

„Постојат неколку анархистички групи и организации кои неколку години се обидуваат да го прошират своето социјално вметнување, и големо искуство беше стекнато во текот на изминатиот период - од бездомнички движења до студенстки движења, од маалски средби до синдикализам, па до отворени борби против меѓународните фондови и зоните за слободна трговија.“

Поврзано[уреди | уреди извор]