Платформизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Платформизмот е тенденција во поширокото анархистичко движење[се бара извор] кое изразува афинитет за организирање според Организациската платформа на генералниот сојуз на анархисти на Дјело Труда. Платформата произлегува од искуствата на руските анархисти во Октомвриската револуција, која доведе до конечна победа на болшевиците врз анархистите и другите неистомисленици.

„Платформата“ се обидува да ги објасни и посочи причините за пропаст на анархистичкото движење во текот на Руската револуција. Како контроверзен памфлет, Платформата предизвика разновидни критики од анархистите ширум светот.

Историја[уреди]

„Организациската платформа на генералниот сојуз на анархистите„ беше напишана во 1926 во Диело Труда (Дело на трудот)[1], од страна на група протерани руски анархисти во Франција. Памфлетот е анализа на темелните анархистички верувања, визија на анархистичко општество, препорака како едно анархистичко општество треба да биде структурирано. Четирите основни принципи според кои една анархистичка организаија треба да оперира, според Платформата, се:

  • единство на теоријата;
  • единство во тактиката или колективен метод на акција;
  • колективна одговорност;
  • федерализам.

До скоро, платформата на англиски беше позната како Организациска платформа на слободарските комунисти, бидејќи нејзиниот англиски превод беше заснован на Волиновиот погрешен превод на рускиот оригинал. Платформата потенцира дека „имаме витална потреба од организација која ќе го собере поголемиот дел на учесниците на анархистичкото движение, и ќе воспостави заедничка тактичка и политичка линија за анархизам и ќе послужи како водач за целото движение„.

Принципи[уреди]

Единство на теоријата - теоријата според Организациската платформа е сила која ја води активноста на индивидуите и организациите преку одреден пат до одредена цел. Природно, таа мора да се сподели со сите личности и сите организации кои ќе се приклучат на Генералниот сојуз. Активноста на Генералниот анархистички сојуз, и општо и во детали, мора да биде совршено конзистентна со теоретските принципи изнесени од Сојузот.

Единство во тактиката или колективен метод на акција - тактичките методи применувани од индивидуалните членови или групи во сојузот, според Платформата мора исто така што бидат обединети, строго конзистентни едни со други како и со целокупната теорија и тактика на сојузот. Споделувајќи генерална (заедничка) тактичка линија во движењето е од клучно значење за постоењето на организацијата и на целото движење: го ослободува движењето од конфузијата што се покренува од повеќето меѓусебно спротивставени тактики и ги фокусира сите сили на движењето во заедничка насока што води до одредена цел.

Колективна одговорност - според Платформата праксата на делување врз основа на нечија одговорност мора строго да се осуди и отфрли во рамките на анархистичкото движење. Областите на револуционерниот, општествениот и политичкиот живот се длабоко колективни по природа. Револуционерната јавна активност во тие области не можат да бидат базирани на индивидуалната одговорност на поедините борци. Извршното тело на генералното анархистичко движење - Анархистичкиот сојуз - зазема одлучен став против тактики на не пресметливиот индивидуализам и го воведува принципот на колективна одговорност во редовите: сојузот во целина е одговорен за револуционерната и политичката активност на секој член од сојузот; исто така, секој од неговите членови е одговорен за револуционерната и политичката активност на сојузот како цело.

Федерализам - според Платформата анархизмот отсекогаш ја отфрлал централизираната организација, и во однос на општествениот живот на масите и во областа на својата политичка активност. Системот на централизација се потпира врз задушување на духот на критика, иницијатива и независност на секоја индивидуа и врз слепа послушност на масите кон „центарот“. Природна и неизбежна последица на овој систем е поробувањето и механизацијата и на јавниот живот и на животот на партиите. Спротивно на централизмот, анархизмот отсекогаш го нудел и стоел зад принципот на федерализам, кој ја комбинира независноста на индивидуата или организацијата со нивните иницијативи и служењето на заедничката кауза.

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Организациска платформа на Генералниот сојуз на анархисти