Сексуалност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Човековата сексуалност претставува израз на сексуалните чувства.

Како таква, човечката секусалност е под влијание на хормоналните прометни во развојот на фетусот за време на бременост. Се смета дека начинот на сексуално изразување е генетска предиспозиција, но и дека голема улога играат личните искуства во младоста.

Човечката сексуалност може да се разбере и како дел од социјалниот живот на луѓето, воден од имплицитни правила на однесување и статус кво. Во овој смисол, сексуалноста може да влијае на општествените норми додека од друга страна општеството може да влијае на начинот на кој сексуалност се искажува. Со популаризацијата на мас медиумите, сексуалноста уште повеќе ги обликува средините во кои живееме, и таа доаѓа во често стереотипна форма, комерцијализирана во печатот, визуелните и звучните медиуми.

Човечката сексуалност се разликува од полов идентитет. Половиот идентитет е поширок збир на улоги од сексуалниот идентитет. Полот може да биде обликуван од општеството на кое еден поединец е изложен како дете, на пример, авторитативна личност (учителка, постар другар) или личност со блиски емотивни врски (мајка, татко) што на мало момче му дава играчка камион а на девојче кукла и дава совети или поставува услови за однесување како „право“ девојче или машко. Човечката физиологија и обликување на полот прават одредени форми на сексуално изразување можни, но не предвидува дека сексуалното однесување и во иднина ќе биде прифатено како соодветно за полот.

Човечкиот избор за формата на својот сексуален живот обично се прави во однос на моменталните културни, социјални и верски норми. На пример, некои индивидуи апстинираат од секс пред брак затоа што нивната религија им забранува. Во некои култури, прифатливо е за маж да има повеќе жени додека во други бигамија и полигамија се осудени и казниви со закон.


Теми за човечката сексуалност[уреди]

Надворешни врски (на англиски)[уреди]