Простата
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Простатата е сексуална жлезда што ја имаат мажите. Кај возрасен маж, таа нормално е голема како орев. Простатата е сместена под мочниот меур, на основата на машкиот половен орган и непосредно пред аналниот отвор.
Простатата произведува некои од течностите во спермата.
Простатата има предна страна која е во однос со пубичната симфиза, задна страна која е во однос со ректумот, врв кој допира до перинеумот и база на која лежи мочниот меур. Во средината, простатата има тесна дупка. Мочниот канал што ја празни мочката од мочниот меур, минува низ таа дупка на патот кон врвот на пенисот.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
