Виагра
Виагра се зема за постигнување поцврста и подолготрајна ерекција. Виагра земаат оние што имаат потешкотии при постигнување цврста ерекција, или што сакаат поцврста ерекција и подолготраен сексуален однос. Виагра можат да земат и оние коишто имаат и некои здравствени проблеми, како на пример: висок крвен притисок, шеќерна болест (диабетес), депресија, кај оние што им е одстранета простатата на хируршки начин, кај бенигна хипертрофија на простатата.
Содржина |
[уреди] Дејство
За да настане ерекција пенисот треба да се исполни со крв. Нормално, крвта го исполнува сунѓерестото тело во пенисот и причинува ерекција Понекогаш (стрес, непријатности, лоша расположеност, пушење цигари, и сл.) или кај некои, крвта што го исполнува пенисот не е доволна или не навлегува максимално колку што е можно и колку што би требало за цврст еректилен пенис. Кога тоа се случува мажот може да има проблем за постигнување или одржување на ерекцијата. Виагра дејствува на тој начин што го зголемува навлегувањето на крв во пенисот. Тоа овозможува пенисот да постане поцврст и да биде тврд подолго време. Виаграта има дејство до четири часа, што остава доволно време за спонтан секс. Виагра дејствува само кога мажот е сексуално возбудени. После сексот ерекцијата опаѓа, бидејќи возбуденоста се намалува исто така.
[уреди] Дозирање и земање
Постои Виагра од 100, 50 и 25 мг. Кога се зема Виагра за прв пат најдобро е да се започне со 50 мг. Виагра се зема пола час до еден час пред сексуалниот однос. Дејството трае до 4 часа.
[уреди] Индикации
Еректилна дисфункција (ED) - неможност да се постигне или да се одржи ерекција за време на целиот сексуален однос, слаба ерекција.
[уреди] Контраиндикации
Виагра не треба да се зема при следниве случаеви:
- Кога земате лекарства коишто во својот состав содржат нитрити и нитрати (лекарства за лекување ангина пекторис или болки зад градната коска)
- Напреднато оштетување на црниот дроб
- Напреднато оштетување на бубрезите
- Хипотензија - намален крвен притисок
- Скорашен срцев инфаркт или инсулт на мозокот.
- Наследни заболувања на ретината на окото (генетска болест кај фосфодиестеразата)
[уреди] Странични ефекти
Кај некои после земањето на Виагра можат да се појават некои странични ефекти како заматување на видот, гледање во сино, главоболка, проблеми при варењето на храната и слично. Но, сите овие странични ефекти одминуваат брзо и не представуваат опасност.
[уреди] Немедицинска употреба
[уреди] Афродизијак
Виаграта се почесто се употребува како афродизијак, за зголемување на сексуалната желба.
[уреди] Рекреациска употреба
Популарноста на Виагра помеѓу младите е зголемена во последните години.[1]
[уреди] Види исто така
Грешка при цитирањето: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).
