Орален секс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оралниот секс се состои од сите сексуални активности кои вклучуваат употреба на устата, заедно со јазикот, забите и грлото за стимулирање на гениталиите. Оралниот секс може да се користи како предигра пред сексуалното општење, или да дојде како климакс на сексуалниот чин, за време на сексуалното општење. Понекогаш се практикува и како самостоен сексуален чин.

Оралниот секс, може но не мора да вклучува лижење или голтање на сперма или вагинална течност. Лижењето на овие течности без директен физички контакт уста-гениталија (т.е. екстремна форма на фацијална сексуалност позната како букаке), не се смета за орален секс.

Оралниот секс во народниот говор се нарекува "пушење" (кога се стимулира машкиот полов орган) и "лижење" (кога се стимулира женскиот полов орган).

Кај овој вид на секс не постои можност за забременување. Сепак треба да се има предвид дека и кај овој вид на секс можно е пренесување на заразни болести (како на пример СИДА).

Термини[уреди]

Фелацио (латински јазик fellare) означува орална симулација на пенисот. Машките гениталии, пред се пенисот, се стимулираат со јазикот и усните или се залапуваат. Често главата на пенисот се стимулира со јазикот со кружни и вибрациони движења или се залапува во уста и се шмука.

Овој феномен е забележан и кај многу животински видови. Кај некои од нив, виши примати, има функција на прифаќање на доминантната улога на алфа мажјакот над останатите челнови на стадото (групата).

Кунилингус, е вид на сексуално дејство кај кое со помош на јазикот се стимулираат женските полови органи. Терминот доаѓа од два латински збора: “cunnus” и “lingere”. Партнерот може да биде и машко и женско. Кунилингусот има за цел подготовка на партнерката за класичен полов акт и/или предизвикување на огразам

Женските гениталии а пред се вулвата и клиторисот, се бакнуваат и лижат со уснине и јазикот. Со оваа техника жената може да биде доведена до интензивен (или многукратен) оргазам, што се постигнува со директно дразнење на клиторисот.

Постојат најразлични практични техники за практикување на кунилингус, како и најразлични пози. Во повеќето случаи, стимулацијата се насочува на најчуствителните зони на половиот орган, т.е. на клиторисот и внатрешните срамни усни. Позата зависи од предиспозициите на партнерите.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Секс пози