Ерекција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерекција
Figure 28 01 06.jpg
Пресек на пенис со приказ на ткивата.

Ерекција — физиолошка појава кај мажите, каде пенисот станува поцврст, поголем и надразнет. Ерекцијата е сложен однос меѓу физиолошки, нервни, васкуларни и ендокрини фактори и често се поврзува со сексот, иако ерекцијата може да е и спонтана (да не е за време на секс). Формата, големината, аголот и степенот на ерекција зависи од човек до човек.

Физиолошки, ерекцијата е поттикната од парасимпатичната поделба на автономниот нервен систем, така што се овозможува вазодилаторните нивоа да пораснат во трабекуларните артерии и мазниот мускул на пенисот. Со тоа, кавернозното и спонгиозното тело на пенисот се исполнуваат со крв, а истовремено карличношупливиот и булбоспонгиозниот мускул ги притискаат вените и се ограничува истекувањето на крвта.

Како автономен одговор, ерекцијата може да се појави поради поголем број фактори, меѓу кои сексуален стимуланс и сексуално надразнување. Така, ерекцијата не е сосема под свесна контрола. Ерекциите за време на спиењето или утринските ерекции се познати како ноќни ерекции. Непостоењето на ноќни ерекции често се користи за да се разграничи меѓу физичките и психолошките причини за импотенцијата. Пенис кој не е сосема еректиран се нарекува полу-еректиран пенис. Спротивно на ерекцијата, или еректиран пенис, е мека состојба на пенис.

Социосексуални аспекти[уреди]

Големина[уреди]

Постојат поголем број испитувања за просечната големина на пенисот, и сите испитувања дале различни податоци. Сепак, консензусот е дека просечната голема на еректиран пенис е од 12.9 до 15 cm во должина, каде 95% од мажите се во рамките на должина од 10.7 до 19.1 cm. Возраста и големината на пенисот во мека состојба не се точни показатели за големината на пенисот. Истегната состојба на мекиот пенис грубо одговара со големината на пенисот при ерекција.[1][2][3]

Должината на мекиот пенис не одговара со должината на еректираниот пенис. Така, има случаеви каде пенис во мека состојба е мал, а може да нарасне во поголема должина при ерекција. Постојат и обратни случаеви, каде релативни долг пенис во мека состојба може да биде не толку голем во ерективна состојба.[4] Меѓу сите човеколики мајмуни, човекот има најголем пенис.[5]

Според истражувањата во светот, големината на пенисот во ерективна состојба варира од од 9.6 до 16 cm. Разликата во големината не е само во генетиката, туку и до факторите од животната средина, како лековите за плодност,[6] културата, исхраната и загаденоста.[7][8][9]. Најдолгиот пенис забележан е од страна на д-р Роберт Лату Дикенсон. Пенисот бил долг 34.3 cm долг.[10]

Насока[уреди]

Процесот на ерекција кај мажот. Од мека кон ерективна состојба.

Иако големиот број на пениси се во нагорна насока при ерекција, често и нормално е за еректираниот пенис да е скоро вертикално поставен нагоре или надоле или пак хоризонтално прави. Кривината и правецот на пенисот зависи од лигаментот кој ја диктира положбата.

Во следната табела е прикажано честотата на аглите при ерекција. Студијата е изведена со 1.564 мажи на возраст од 20 до 69 години. Во табелата, нулта степен е прав пенис нагоре, по стомакот. 90 степени е прав нанапред, додека 180 степени е прав надоле, во насока на нозете. Најчеста положба е нагоре.[11]


Агол на ерекција
агол (°)
од вертикално нагоре
 %
на мажи
0–30 5
30–60 30
60–85 31
85–95 10
95–120 20
120–180 5

Медицински состојби[уреди]

Импотенција[уреди]

Импотенцијата е состојба кога нема можност да се оствари или одржи ерекцијата.[12][13] Проучувањето на импотенцијата во медицината се вика андрологија, поле на урологијата.[14]

Импотенцијата може да е како резултат на психолошки и физиолошки причини, од кои повеќето лесно подлегнуваат на третман. Чести физиолошки прични се дијабетес, болести на бубрези, хроничен алкохолизам, склероза, атеросклероза, васкуларни болести и невролошки болести. Овие заедно опфаќаат околу 70% од причините за импотенција. Исто така, лекови кои се пијат за поедини болести може да причинат импотенција.[13][15]

Пријапизам[уреди]

Пријапизмот е состојба која може да е доста болна за мажот. Таа е одложена ерекција која трае и со часови, и при тоа пенисот не се враќа во нормална мека состојба, иако нема присуство на сексуални стимуланси или дразнења.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Wessells H, Lue TF, McAninch JW (September 1996). „Penile length in the flaccid and erect states: guidelines for penile augmentation“. „The Journal of Urology“ 156 (3): 995–7. doi:10.1016/S0022-5347(01)65682-9. PMID 8709382. 
  2. Chen J, Gefen A, Greenstein A, Matzkin H, Elad D (December 2000). „Predicting penile size during erection“. „International Journal of Impotence Research“ 12 (6): 328–33. doi:10.1038/sj.ijir.3900627. PMID 11416836. 
  3. „ANSELL RESEARCH – The Penis Size Survey“. март 2001. http://www.free-condom-stuff.com/education/research.htm. конс. 13 јули 2006. 
  4. „Penis Size FAQ & Bibliography“. Kinsey Institute. 2009. http://www.kinseyinstitute.org/resources/bib-penis.html. конс. 7 ноември 2013. 
  5. Penis size: An evolutionary perspective retrieved 10 February 2012
  6. Center of Disease Control. „DES Update: Consumers“ (конс. 7 ноември 2013).
  7. Swan SH, Main KM, Liu F, et al. (August 2005). „Decrease in anogenital distance among male infants with prenatal phthalate exposure“. „Environmental Health Perspectives“ 113 (8): 1056–61. doi:10.1289/ehp.8100. PMID 16079079. PMC: 1280349. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1280349/. 
  8. Montague, Peter. „PCBs Diminish Penis Size“. „Rachel's Hazardous Waste News“ 372. http://copa.org/library/articles/rhwn/penis.htm. 
  9. „Hormone Hell“. „DISCOVER“. http://discovermagazine.com/1996/sep/hormonehell865/. конс. 5 април 2008. 
  10. Dickinson, R.L. (1940). „The Sex Life of the Unmarried Adult“. New York: Vanguard Press. Шаблон:Page needed
  11. Sparling J (1997). „Penile erections: shape, angle, and length“. „Journal of Sex & Marital Therapy“ 23 (3): 195–207. doi:10.1080/00926239708403924. PMID 9292834. 
  12. Milsten, Richard (et al.), The Sexual Male. Problems And Solutions. London, 2000. (ISBN 0-393-32127-4)
  13. 13,0 13,1 Sadeghipour H, Ghasemi M, Ebrahimi F, Dehpour AR (2007). „Effect of lithium on endothelium-dependent and neurogenic relaxation of rat corpus cavernosum: role of nitric oxide pathway“. „Nitric Oxide“ 16 (1): 54–63. doi:10.1016/j.niox.2006.05.004. PMID 16828320. 
  14. Williams, Warwick, It's Up To You: Overcoming Erection Problems. London, 1989. (ISBN 0-7225-1915-X)
  15. Sadeghipour H, Ghasemi M, Nobakht M, Ebrahimi F, Dehpour AR (2007). „Effect of chronic lithium administration on endothelium-dependent relaxation of rat corpus cavernosum: the role of nitric oxide and cyclooxygenase pathways“. „BJU Int.“ 99 (1): 177–182. doi:10.1111/j.1464-410X.2006.06530.x. PMID 17034495. 

Надворешни врски[уреди]