Крал на Рим: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎top: Правописна исправка, replaced: петиот → петтиот
Ред 2: Ред 2:
'''[[Крал]] на [[Римско кралство|Рим]]''' или '''рекс''' ([[латински јазик|лат.]]: rex, regis) бил главниот магистрат на [[Римско кралство|Римското кралство]].
'''[[Крал]] на [[Римско кралство|Рим]]''' или '''рекс''' ([[латински јазик|лат.]]: rex, regis) бил главниот магистрат на [[Римско кралство|Римското кралство]].


Сите [[крал]]еви, со исклучок на [[Ромул]], кој функцијата ја добил со самото основање на градот, биле избрани од страна на народот за да служат доживотно, а ниту еден до престолот не дошол со вооружена сила. Иако кај првите четири [[монарх|монарси]] немало принцип на наследство, со петиот крал, [[Луциј Тарквиниј Приск|Тарквиниј Приск]], кралското наследство се востановило според женскиот дел на семејството на починатиот крал. Поради тоа, древните историчари тврделе дека кралот бил избиран врз основа на неговите доблести, а не поради потеклото.
Сите [[крал]]еви, со исклучок на [[Ромул]], кој функцијата ја добил со самото основање на градот, биле избрани од страна на народот за да служат доживотно, а ниту еден до престолот не дошол со вооружена сила. Иако кај првите четири [[монарх|монарси]] немало принцип на наследство, со петтиот крал, [[Луциј Тарквиниј Приск|Тарквиниј Приск]], кралското наследство се востановило според женскиот дел на семејството на починатиот крал. Поради тоа, древните историчари тврделе дека кралот бил избиран врз основа на неговите доблести, а не поради потеклото.


== Попис на Римските кралеви <ref>[http://www.statemaster.com/encyclopedia/Kings-of-Rome Kings of Rome, NationMaster.com] [[англиски јазик|анг.]]</ref> ==
== Попис на Римските кралеви <ref>[http://www.statemaster.com/encyclopedia/Kings-of-Rome Kings of Rome, NationMaster.com] [[англиски јазик|анг.]]</ref> ==

Преработка од 10:43, 2 ноември 2020

Предлошка:Политики на Стариот Рим Крал на Рим или рекс (лат.: rex, regis) бил главниот магистрат на Римското кралство.

Сите кралеви, со исклучок на Ромул, кој функцијата ја добил со самото основање на градот, биле избрани од страна на народот за да служат доживотно, а ниту еден до престолот не дошол со вооружена сила. Иако кај првите четири монарси немало принцип на наследство, со петтиот крал, Тарквиниј Приск, кралското наследство се востановило според женскиот дел на семејството на починатиот крал. Поради тоа, древните историчари тврделе дека кралот бил избиран врз основа на неговите доблести, а не поради потеклото.

Попис на Римските кралеви [1]

Имало седум традиционални Кралеви на Рим, пред основањето на Римската Република. Според записите на Тит Ливиј тие кралеви биле:

Кралеви на Рим
Крал Традиционално владеење
Ромул 753 г. п.н.е.716 г. п.н.е.
Нума Помпилиј 715 г. п.н.е.674 г. п.н.е.
Тул Хостилиј 673 г. п.н.е.642 г. п.н.е.
Анко Марциј 642 г. п.н.е.617 г. п.н.е.
Луциј Тарквиниј Приск 616 г. п.н.е.579 г. п.н.е.
Сервиј Тулиј 578 г. п.н.е.535 г. п.н.е.
Луциј Тарквиниј Гордиот 535 г. п.н.е.510 г. п.н.е./509 г. п.н.е.

Наводи