Римски конзул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум


Конзул (лат.: consul, мн. consules) бил назив за двајцата највисоки државни службеници во Стариот Рим, откако во 510 год. п.н.е. била формирана републиката. Тие биле избирани од страна на центуриските собранија и имале мандат од една година. До 449 год. п.н.е. биле нарекувани претори (praetores), што укажува на военото обележје на нивната позиција. Власта ја извршувале заеднички, иако постоела формална разлика (collega maior и collega minor), што била условена од возраста. За конзул можел да биде избран само оној кој зад себе веќе имал политичка кариера.

Законот на Лициниј од 367 год. п.н.е.[1], што бил потврден плебисцитарно во 312 год. п.н.е., предвидувал еден од конзулите да може да биде претставник на плебсот, а во 172 год. п.н.е., по првпат, и двајцата конзули биле плебејци.

Обично конзулите стапувале на должност на 15. март, а од 153 год. п.н.е. на 1. јануари, и според нив била нарекувана годината. Во периодот на Републиката воените привилегии го сочинувале главниот дел од конзуларната власт (imperium consulare). Во војна го делеле командувањето над војската на два посебни фронта, но можеле да дејствуваат и заедно - во тој случај се менувале во командувањето. Во почетокот дури можеле да склопуваат и сојузи и договори, но подоцна морале да бидат ограничени само на воените уредби, а ако сепак имале некаква политичка улога, таа била само со прелиминарен карактер, сè додека Сенатот не ги одобри.

Своите воени должности конзулите не можеле да ги извршуваат во Рим, а од периодот на Корнелиј Сула ниту во Италија, со исклучок на воените обврска и својот триумф. Сепак, во исклучителни случаи должностите можеле да ги извршуваат и во Италија, a надвор од Рим можеле да добијат неограничени овластувања. Во почетокот конзулите ги избирале и воените трибуни, а подоцна тоа поминало кај комициските собранија, а на конзулите им останал само изборот на центуриони и декуриони. По истекот на рокот, конзулот, по одлука на Сенатот, можел да остане уште една година на чело на една или повеќе провинции, носејќи ја титулата проконзул.

Во периодот на Царството конзулите биле највисоки претставници на Сенатот, а заедно со Сенатот и го изгубиле постепено своето значење, пред се военото. Во периодот на Диоклецијан конзулите имале само почесни титули, а во периодот на Константин Велики, Константинопол бил седиште на еден конзул се до половината на VI век.


Задачи на конзулот[уреди]

  • право да го свикува Сенатот и народните собранија, и да изнесува барања за закони,
  • грижа за спроведување на сенатските и одлуките на народните собранија,
  • претседавање за време на избори (comitia centuriata),
  • прием на претставниците во странство и, по потреба, нивно доведување пред Сенатот.

Исто така, имал и верски обврски: спроведување на ауспициуми, ритуали на жртвување и посветување на храмовите.

Службени одори и обележја[уреди]

  • toga praetexta (тога со широка црвена линија),
  • sella curulis (столче на расклопување од слонова коска),
  • дванаесет ликтори,
  • на бојното поле конзулот носел кратка црвена наметка (paludamentum).

Конзуларни титули[уреди]

  • Consul designatus - избран конзул кој се уште не стапил на должност
  • Consulares - поранешни конзули; тие сочинувале посебна, влијателна група во Сенатот

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]