Тит Лукрециј Кар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тит Лукрециј Кар (латински: Titus Lucretius Carus, 94 п.н.е. - 54 п.н.е.) - староримски поет и философ.

Биографија[уреди | уреди извор]

За неговиот живот нема многу податоци, но се знае дека извршил самоубиство на возраст од 44 години.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Тит Лукрециј Кар бил најдобар од т.н. дидактички поети. Тој е автор на недовршениот еп во шест книги „За природата на нештата“ (De rerum natura). Во првата и во втората книга е изложена физиката, во третата и во четвртата антропологијата, а во последните две космологијата. Основната цел на Лукрециј Кар била да го ослободи човештвото од религиските грижи, а особено од стравот од смртта. Затоа, ова дело се смета за најхуманиот еп во светската книжевност, а сè до 19 век служел како оружје во борбата против верските заблуди и предрасуди. Во делото е изнесено целокупното учење на Епикур за атомите, за душата, за човекот, за боговите, а на крајот се наоѓа опис на атинската чума, направен според описот на Тукидид. По неговата смрт, епот го објавил Цицерон. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tit Lukrecije Kar“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 95.
  2. „Tit Lukrecije Kar“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 95.