Римски цензор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум


Цензор (лат.: censor) е магистратска функција воведена во 443 г. п.н.е. [1], во Стариот Рим, кога од компетенциите на конзулот биле издвоени работите кои се донесуваат со цензус (попис) - проценување на приходите на граѓаните заради оданочување и нивно ставање во економските и воените оддели - центурии.

Цензорите биле чувари на државните финансии: ја одредувале висината на даноците и царините, биле надзорници на јавните работи, надлежни за утврдување на списоците за потенцијални сенатори. Ги избирало народното собрание, обично од редовите на поранешните конзули. Должноста им била доверувана на двајца цензори, кои во почетокот имале мандат од 5 години, а подоцна 18 месеци. Тие имале законски имунитет и не биле одговорни никому, но не поседувале империум и не можеле повторно да бидат избирани на должноста.

Во хиерархијата, цензорите ја заземале позицијата помеѓу конзулите и преторите. Крајот на мандатот им бил обележуван со ритуално чистење (lustrum) со жртвување на некои животни (suovetaurilia). Пред крајот на Римската република цензорите ги изгубиле своите овластувања. Од времето на царот август нивната должност ја преземаат други службеници, т.н. куратори (curatores).


Задачи на цензорите[уреди]

  • надзор на јавниот морал и обичаите (cura morum)
  • евидентирање на census civium (имотната состојба на граѓаните) и запишување на граѓаните во трибуните (секои пет години)
  • определување на државниот буџет
  • пополнување на Сенатот
  • право за исклучување на сенаторите од Сенатот поради неморал
  • право за бришење на equitum-от (витез) од цензус еквитумот (census equitum) (пописот на витезите во коњаничките центурии)
  • изнајмување на државниот имот и државните услуги на закупувачите
  • грижа за државните патишта, водоводи и храмови


Наводи[уреди]