Хорхе Луис Борхес: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Vikinata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 50: Ред 50:
== Смрт ==
== Смрт ==
Хорхе Луис Борхес умира на 14 јуна [[1986]] година, на 86 години, од рак на јетрата. Според верските сфаќања, Борхес се изјаснува како [[Агностицизам|агностик]]. Една од неговите последни желби е да го закопаат на гробиштата во [[Женева]]. Неговиот надгробен споменик е дело на аргентинскиот скулптор Едуард Лонгат. Во февруари [[2009]] године е направен проект за преместување на посмртните останки на Борхес на гробиштата во Буенос Аирес. Вдовицата на Борхес Марија Кодама жестоко се противи и проектот пропаѓа.
Хорхе Луис Борхес умира на 14 јуна [[1986]] година, на 86 години, од рак на јетрата. Според верските сфаќања, Борхес се изјаснува како [[Агностицизам|агностик]]. Една од неговите последни желби е да го закопаат на гробиштата во [[Женева]]. Неговиот надгробен споменик е дело на аргентинскиот скулптор Едуард Лонгат. Во февруари [[2009]] године е направен проект за преместување на посмртните останки на Борхес на гробиштата во Буенос Аирес. Вдовицата на Борхес Марија Кодама жестоко се противи и проектот пропаѓа.
{{Нормативна контрола}}

Преработка од 16:08, 21 јули 2015

Хорхе Луис Борхес
Борхес во 1951
Занимањеписател, поет, критичар, библиотекар
Јазикшпански

Хорхе Луис Борхес (Предлошка:Jorge Luis Borges; 24 август 1899, Буенос Аирес - 14 јуни 1986, Женева) е аргентински писател, есеист и поет. Тој е еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој дава белег на латиноамериканската литература и се вбројува меѓу најголемите светски писатели.[1] Пресудно влијае на хиспаноамериканската литература и на светскнајпознат по своите раскази, Борхес е и поет и литературен критичар. Тој е меѓу основоположениците на таканаречената „латиноамериканска фантастика“ и еден од авторите на списанието „Југ“ (Sur). Членовите на неговата фамилија имаат различно потекло (шпанско, англиско и португалско) и значајна улога во историјата на Аргентина. Основното образование го добива од родителите. За време на Првата светска војна со семејството се сели во Швајцарија каде што останува до 1921 година кога се враќа во Аргентина. Кариерата на писател ја почнува во 1923 година. Неговите први книги не го откриваат идниот поет. До темите што му лежат доаѓа по неколку книги на есеи и раскази, како што е „Општа историја на срамот“, „Историја на вечноста“, „Фантазии“ и „Алеф“. Останува запаметен по кратките раскази кои имаат метафизички и фантастични особини. Се занимава и со литературна критика.

Детство, младост, образование

Хорхе Луис Борхес е роден на 24 август 1899 година во Буенос Аирес во Аргентина. Основното образование го добива од своите родители.[2] Неговото образование почнува во детството во големата семејна библиотека со многу дела на англиски јазик што добро го знае благодарение на својата баба Англичанка.[3] На девет години Борхес го преведува „Среќниот принц“ од Оскар Вајлд. Во 1914година, неговото семејство се сели во Париз каде што тој го учи францускиот јазик и ја подготвува матурата со особен интерес за филозофијата и за писателите на 19 век. За време на Првата светска војна се сели со семејството во Швајцарија, а во 1919 година семејството заминува во Шпанија каде што Борхес почнува активно да пишува. Кариерата на писател ја почнува во 1923 година, кога пишува поезија, а првите стихови на „Црвени ритми”, посветени на Октомвриската револуција, што никогаш не ги објавува, ги пишува во 1919 година додека престојува на Мајорка.[3] Кога се враќа во Аргентина, со неколку млади писатели, кои се собираат околу М. Фернандез, почнува да ги издава списанијата „Призма“ и „Проа“, а во 1923 године повторно оди во Европа. Во 1927 година, видот му слабее, а кон крајот на педесетите години целосно ослепува.

Дела

Борхес е најпознат по своите кратки раскази, но пишува и поезија, есеи, сценарија, литературни критики и објавува многу антологии.[4] Борхес пишува поезија целиот свој живот. Брз него многу влијае модернистичкиот стил на пишување, посебно симблизмот. Во неговите доцни дела, може да се види влијанието на натурализмот. Врз неговите подоцнежни дела влијае и фактот дека е слеп. Борхес се интересира за митологијата, математиката и за теологијата и овие науку се често присутни во неговите дела. Неговото прво објавено дело е превод на на шпански јазик на Среќниот принц од Оскар Вајлд, кога има само девет години. Неговата прва збирка песни „Врелината на Буенос Аиреса“ е објавена во 1923 године.[4] о весникот Таа година Борхес станува уредник на литерарниот додаток во весникот „Критика“ каде што се појавуваат делови од неговите приказни што подоцна ги објавува во „Општа историја на срамот“. Најдобрите дела на Борхес се од почетокот на неговата кариера кога работи како преведувач и литературен критичар за аргентинското списание „Ел Хогар“ кое излегува од 1936 до 1939 година.[4] Во 1941 година се појавува неговата прва збирка на кратки раскази „Градина со разгранети патеки“. Негово најпознато дело е краткиот расказ „Чекање“ објавен во 1950 година. Покажува голем интерес за идеализмот што може да се види одесејот „Ново побивање на времето“, од краткиот расказ „Прецизност во науката“, од песните „Нешта“ и El Golem-„Голем“, како и од расказот „Кружни урнатини“. Во 1967 година, Борхес започнува петгодишна соработка со американскиот преведувач Норман Томас ди Џовани. Исто така, издава книги како „Књига на измислени суштества“ од 1967 године, потоа „Бродиевиот извештај“ од 1970 година, како и „Песочна книга“ од 1975 година. Неговото најдолго прозно дело е расказот „Конгрес“, објавен во 1971 година.[4] Борхес е значаен и како преведувач. Преведува од англиски, француски и германски на шпански јазик. Ги преведува делата на Вилијам Фокнер, Херман Хесе, Франц Кафка, [[Волт Витман], Вирџинија Вулф и други. Борхес не добива Нобелова награда за литература и тоа го доживува како личен пораз. Велат дека наградата не му е доделена поради конзервативниот поглед на политиката.

Приватен живот

Бидејќи Борхес ослепува, неговата мајка се грижи за него, таа му е лична секретарка, ја води неговата преписка, го следи на патувањата. Во 1967 година, Борхес неочекувано се жени со својата дамнешна пријателка од младостаЕлса Милјан.[5] Неговите пријатели сметаат дека неговата мајка го средува тоа за да има кој да се грижи за слепиот син по нејзината смрт. Бракот трае само три години. По разводот, Борхес се враќа кај мајка си со која живее во мал стан сѐ до нејзината смрт[6]. Наредните години, тој патува низ светот. По смртта на мајката, негова асистентка станува Марија Кодама, Аргентинка со германско и јапонско потекло. Во април 1986, се жени со неа преку парагвајски адвокат, што тогаш е вообичаена појава за Аргентинците кои сакаат да ги избегнат строгите закони во врска со разводот. Освен неколку исклучоци, во делата на Борхес жените се речиси отсутни. Но во некои, како што е расказот „Улрике“ од „Песочна книга“, во која пишува за романтичната љубов. Во кратките раскази „Захир“ и „Алеф “, Борхес пишува за невозвратената љубов. Хорхе Луис Борхес умира од рак на јетрата во 1986 година во Женева. Марија Кодама, неговата вдовица и наследничка, добива целосна контрола над неговите дела.

Политички убедувања

Хорхе Луис Борхес секогаш се интересира за политика, интерес наследен од своите преди, како и страста за литературата. Дваесеттите години од 20 век за него се многу важни во полтичка смисла. Во почетокот е приврзеник на бившиот аргентински претседател, Иполито Иригојен (Hipólito Yrigoyen). Во 1928 година, поддржувајќи го Иполито, Борхес е член на Комитетот на млади интелектуалци додека повторно се подготвуваат претседателски избори во Аргентини. Иполито победува на изборите, но подоцна воената хунта го симува од власт и Борхес е згрозен од политиката. Извесно време не се занимава со политика, но подоцна повторно пишува написи во аргентинското списание „Ел Огар“ во кое не поддржува ни еден политичи режим туку ги критикува, особено нацизмот, антисемитизмот и сѐ поголемото запаѓање во фашизмот. Со овие написи Борхес добива поголеми признанија отколку за своите Фикциии кои поминуваат речиси незабележително, но тие ќе му предизвикаат и проблеми кога доаѓаат на власт фашистите во почетокот на четириесеттите години.[7] Во 1946 година, во Аргентина доаѓа на власт Хуан Доминго Перон а Борхес поради своите добропознати определби станува инспектор за контрола на живинско месо во Буенос Аирес. Решава веднаш да поднесе оставка и искажува уште поголема одвратност контоталитарните режими, истакнувајќи дека една од најважните должности на писателите е да се борат против авторитарноста и сѐ што носи таа.[7] Режимот на Хуан Доминго Перон го отежнува животот на семејството на Борхес и на неговите пријатели. Во 1948 година, мајка му и сестра му Нора се уапсени затоа што учествуваат на протест. Неговата мајка е во домашен притвор, додека сестра му е во затвор, првобитно наменет за проститути. На сестрата Нора ѝ нудат да ја ослободат ако на Ева Перон ѝ напише писмо на извинување, таа одбива и останува во затвор. Изгледа дека оттогаш Борхес не одржува ни едно предавање без полициски надзор. Во 1950 година, Борхес е избран за претседател на Друштвото на аргентинските писатели (Sociedad Argentina de Escritores) и ги предводи интелектуалците во борбата против перонистичкиот режим. На состаноците на Друштвото сѐ почесто се расправа за литерарните и за филозофските опредлби. На полициските кодоши, кои ги надгледуваат овие состаноци, брзо им здосадува и тие обично заминуваат. Но дури тогаш почнуваат вистинските политички дискусии. Учествува и во литерарното движење наречено ултраизам (Ultraísmo).[8] Во педесеттите години, по смртта на Ева Перон, двајца полицајци бараат во Друштвото на аргентиските писатели Борхес да закачи портрет на Хуан и на Ева Перон, тој одбива. Подоцна, Друштвото е укинато. Борхес станува директор на Националната библиотека кога Друштвото повторно почнува со работа. Во 1973 година, Хуан Перон е повторно избран за претседател, истата година Борхес дава оставка на местото директор на Националната библиотека. Кога со државен удар од власт е сменетаИзабела Перон, Борхес пак почнува да се занимава со политиа. Ја прифаќа новата влада, а тоа ќе ја разочара аргентинската Левица. Сепак, кога се докажува дека новата влада ја злоупотребува својата моќ, како и воената хунта, Брохес ја критикува нејзината политика сѐ додека не дојде до војната за Фокландските Острови што кај него повторно предизвикува изненадување и тој се повлекува од политиката. Целиот свој живот, Борхес отворено им им се спротивставува на перонизмот, марксизмот и на комунизмот.[9] Во едно интервју дури за себе вели дека е анархист, иако повеќето луѓе го сметаат за либерал. Отсекогаш мисли дека најголем проблем е што државата има големо влијание врз делувањето на поединецот, а тоа најмногу го предизвикуват комунизмот и нацизмот. Според него Тоталитарниот режими е некаква тиранија која освен огромната моќ, има можност и да решава за сѐ и за секого. Верува во етичката хуманост и интелектуалност на индивидуата, додека за политичарите смета дека нивна работа е да лажат. За своите политички убедувања зборува во повеќе наврати, и за политичарите вели дека се неетички луѓе кои со текот на врремето добиваат навика и да подмитуваат. Своите политички забелешки ги искажува во голем број есеи од кои најпознат е „Јас, Евреин“ (Yo, Judío), кој се однесува на неговиот претходен напис „Јас, Аргентинец“ (Yo, Argentino) што го пишува како одговор на обвинувањата од страна на симпатизерите на Хитлер и нанацистичката партија дека е Евреин и не е вистински Аргентинец. Во својата книга „Пешчана книга“ (El Libro de Arena), Борхес пишува дека не треба да се вреднуваат политичките системи, туку индивидуите и нивните особини.[10]

Смрт

Хорхе Луис Борхес умира на 14 јуна 1986 година, на 86 години, од рак на јетрата. Според верските сфаќања, Борхес се изјаснува како агностик. Една од неговите последни желби е да го закопаат на гробиштата во Женева. Неговиот надгробен споменик е дело на аргентинскиот скулптор Едуард Лонгат. Во февруари 2009 године е направен проект за преместување на посмртните останки на Борхес на гробиштата во Буенос Аирес. Вдовицата на Борхес Марија Кодама жестоко се противи и проектот пропаѓа.

  1. http://www.kirjasto.sci.fi/jlborges.htm
  2. „Хорхе Луис Борхес“ (PDF). http://www.unilib.bg.ac.rs/. Посетено на 14.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  3. 3,0 3,1 „Хорхе Луис Борхес, књижевник без граница“. http://www.politika.rs/. 13.06.2011. Посетено на 14.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Биографија“. http://www.themodernword.com/. 21.9.2004. Посетено на 12.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  5. „Биографија Хорхеа Луиса Борхеса“. http://latinamericanhistory.about.com/. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  6. „Хорхе Луис Борхес“. http://www.biografiasyvidas.com/. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  7. 7,0 7,1 „Биографија“. http://www.themodernword.com/. 21.9.2004. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  8. „Хорхе Луис Борхес - нешто о животу и последња песма“. http://www.skolarac.net/. 24.10.2010. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  9. „Хорхе Луис Борхес - Биографија“. http://www.egs.edu/. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  10. „Политичка филозофија Хорхеа Луиса Борхеса“. http://www.ilustracionliberal.com/. Посетено на 13.3.2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)