Љановер
Љановер Λιανοβέργι | |
---|---|
Координати: 40°38′N 22°31′E / 40.633° СГШ; 22.517° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Плати |
Надм. вис. | 9 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,593 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Љановер или Лјановер (грчки: Λιανοβέργι, Лјановерги; книжервно: Λιανοβέργιον, Лјановергион, до 1926 година: Λιανοβέρι[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на пет километри источно од градот Гида и два километри западно од селото Плати, во близина на железничката пруга која води од градот Солун за Бер и Лерин, на надморска височина од 9 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 16 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
[уреди | уреди извор]Љановер, како и сите околни села во Урумлак, било населено со Грци.[3]
Во 1926 година била извршена промена на начинот на пишување на името на селото. По Првата светска војна во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Љановер била мешана населба со 31 бегалско семејство со вкупно 143 жители.[4]
Со указ од 5 декември 1946 година, на Љановер му е додадено селото Палеохори (не постои во пописите од 1961 г.), со што станала сопствена општина. Од 1986 до 2011 година е дел од општината Плати.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото располага со плодно обработливи земјиште кое се наводнува. Населението произведува големи количества памук, шеќерна репка, пченица и други производи.[3]
Население
[уреди | уреди извор]По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лјанивор (Lianivor) живееле 185 Грци.[6]
Во пописот од 1913 година е забележано со 297, а во 1920 година со 373 жители. Малку подоцна, грчките власти сместиле 31 бегалско семејство со вкупно 143 жители, па така оваа населба станала мешана и во неа во 1928 година биле попишани 525, во 1940 година 840, во 1951 година 937, во 1961 година 1.760, во 1971 година 1.631, во 1981 година 1.770, а во 1991 година 1.652 жители. Повоеното зголемување на бројот на жителите се должело на фактот што дошло до спојување со соседното село Палихор, чиј број на жители бил пресметан во составот на Љановер.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.696 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.593 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 840 | 937 | 1.760 | 1.631 | 1.770 | 1.652 | 1.696 | 1.593 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Љановер, во кој е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιανοβέρι -- Λιανοβέργι
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 17.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-08.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.
|