Јус

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ѩ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кирилични букви Јус
Cyrillic letter Little Yus.png
Cyrillic letter Big Yus.png
Cyrillic letter Iotified Little Yus.png
Cyrillic letter Iotified Big Yus.png
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ
Ђ Е Ѐ Ё Є Ж З
Ѕ И Ѝ І Ї Й Ј
К Л Љ М Н Њ О
П Р С Т Ќ Ћ У
Ў Ф Х Ц Ч Џ Ш
Щ Ъ Ы Ь Э Ю Я
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ
Ѥ Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ
Ѳ Ѵ Ѷ
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ
Ӻ Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ
Җ Ӝ Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ
Ԇ Ӣ Ҋ Ӥ Қ Ӄ Ҡ
Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ Ӆ Ԓ Ԡ
Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң Ӈ Ҥ
Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ Ԥ
Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ
Ӿ Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ
Ҹ Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ
Ԙ Ԝ Ӏ

Јус мало (старосл. юсъ малъıи, кирилица: Ѧ, ѧ, глаголица: Glagolitic ens.svg) и јус големо (стсл. юсъ большии, кирилица: Ѫ, ѫ, глаголица: Glagolitic ons.svg) — букви кои означуваат две општословенски носни самогласки, во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Секоја од нив се наоѓа и во јотуван облик (кирилица: ѩ и ѭ; глаголица: Glagolitic yens.svg и Glagolitic yons.svg), како лигатура со буквата I.

Фонетски, јус мало означува {{МФА|[ɛ̃]}, а јус големо — [ɔ̃]. Би можеле да се претстават како ен / ем за малиот и он / ом за големиот јус.

Имињата на буквите не се поврзани со капитализација: двете букви постојат и во големи и во мали варијанти.

Сите современи словенски јазици кои користат кирилица ја имаат изгубено оваа буква, со тоа што кај секој од нив јус станала непотребна поради гласовните промени низ времето.

Јус големо била составен дел од бугарската азбука сѐ до 1945 г. Меѓутоа, дотогаш засната носовка исчезнала од јазикот. Како резултат на тоа, постоеле несоодветности помеѓу буквата и фактичкиот јазик и луѓето морале напамет да учат каде да ја ставаат буквата без некоја логика. Постојат некои македонски дијелекти околу Лерин и Костур и во Пиринска Македонија кои сѐ уште имаат носен изговор: К’нде грендеш, мило чендо? („Кѫдє грѧдєшъ, мило чѧдо?“)

Во Русија, јус мало било преземено за да ја означува јотираната буква я на средината или на крајот од зборот; современата буква ја я е прилагодување на оваа курзивен облик од XVII век променета со типографската реформа од 1708 г.

Во полскиот јазик, кој користи латиница, буквата Ę, ę ја има фонетската вредност на јус мало, додека буквата Ą, ą на јус големо. Јотизираните облици пак, на полски се пишуваат со ię, ią. Меѓутоа, фонемите ę и ą не водат историско потекло од оние кои јус мало и големо ги означувало, но се создадени потоа на полско тло.

Поврзано[уреди | уреди извор]