Триатлон на Летните олимписки игри 2020
Триатлон на Летните олимписки игри 2020 | |
Одржувалиште | Одаиба Марин Парк |
---|---|
Денови | 26–31 јули 2021 |
Натпреварувачи | 110 |
Настани | 3 |
Триатлон на Летните олимписки игри 2020 | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Квалификации | ||||||||
Дисциплини | ||||||||
мажи | жени | мешано | ||||||
Натпреварите во триатлон на Летните олимписки игри 2020 во Токио се одржаа од 26 до 31 јули 2021 година. Олимписките игри првично биле планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[1][2] По педесет и пет спортисти се натпреварувале во две конкуренции. За прв пат на програмата била вклучена и мешана тимска дисциплина.[3]
Формат
[уреди | уреди извор]Олимискиот триатлон се состои од три компоненти; 1.5 км пливање, 40 км возење велосипед и 10 км трчање.[4] Натпреварувањето се состои од еден натпревар без квалификации.
Новата мешана тимска дисциплина вклучува тим од четири триатлонци (двајца мажи и две жени). Секој триатлонец плива 300 м, вози велосипед 8 км и трча 2 км во штафетен формат.[3]
Квалификации
[уреди | уреди извор]Квалификацискиот период траел од 11 мај 2018 година до 11 мај 2020 година. Вкупно 110 натпреварувачи (55 во двете конкуренции) обезбедуваат место на игрите, притоа националните олимписки комитети можат да пријават по три натпреварувачи во двете конкуренции. Квалификациските места се доделуваат најпрво преку ИТУ мешаниот ранкинг од 31 март 2020 година, каде седум национални комитети добиваат по четири места (по две во двете конкурекции). Три останати национални олимписки комитети можат да добијат по четири места на мешаниот олимписки квалификациски турнир во 2020 година. Следно, предвид се земаат индивидуалните рангирања од 11 мај 2020 година, каде што најдобрите 26 натпреварувачи во двете конкурекции обезбедуваат место на олимпискиот турнир. Едно дополнително место за секој континент го добива највисоко рангираниот натпреварувач од тој НОК кој сè уште не квалификувал свој натпреварувач. Домаќинот, Јапонија, добива две гарантирани места во двете конкуренции. Последните две места се пополнуваат преку специјална покана од трипартитната комисија.[5]
Распоред на натпреварување
[уреди | уреди извор]Сите саатници се според јапонското стандардно време (UTC+9). [6][7]
Дисциплина | Датум | Почеток |
---|---|---|
Мажи поединечно | 26 јули | 06:30 |
Жени поединечно | 27 јули | 06:30 |
Мешано | 31 јули | 07:30 |
Земји учеснички
[уреди | уреди извор]- Аргентина (1)
- Австралија (6)
- Австрија (4)
- Азербејџан (1)
- Белгија (4)
- Бермуда (1)
- Бразил (3)
- Канада (4)
- Чиле (2)
- Кина (1)
- Чешка (2)
- Египет (1)
- Естонија (1)
- Еквадор (1)
- Франција (5)
- Германија (4)
- Велика Британија (5)
- Унгарија (4)
- Хонгконг (1)
- Ирска (2)
- Израел (2)
- Италија (5)
- Јапонија (4)
- Луксембург (1)
- Мароко (1)
- Мексико (4)
- Холандија (4)
- Норвешка (4)
- Нов Зеланд (4)
- Португалија (3)
- РОК (4)
- Романија (1)
- Шпанија (5)
- ЈАР (4)
- Швајцарија (4)
- Сирија (1)
- Украина (1)
- САД (5)
Преглед на медали
[уреди | уреди извор]Табела на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Велика Британија | 1 | 2 | 0 | 3 |
2 | Норвешка | 1 | 0 | 0 | 1 |
Бермуда | 1 | 0 | 0 | 1 | |
4 | САД | 0 | 1 | 1 | 2 |
5 | Нов Зеланд | 0 | 0 | 1 | 1 |
Франција | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 3 | 3 | 3 | 9 |
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Дисциплина | Злато | Сребро | Бронза | |||
---|---|---|---|---|---|---|
Мажи подробно |
Кристијан Блуменфелт | 1:45:04 | Алекс Ји | 1:45:15 | Хајден Вајлд | 1:45:24 |
Жени подробно |
Флора Дафи | 1:55:36 | Џорџија Тејлор-Браун | 1:56:50 | Кејти Заферес | 1:57:03 |
Мешано подробно |
Велика Британија Џесика Лирмонт Џони Браунли Џорџија Тејлор-Браун Алекс Ји |
1:23:41 OB | САД Кејти Заферес Кевин Мекдауел Тејлор Книб Морган Пирсон |
1:23:55 | Франција Леони Периол Доријан Конанкс Касандра Богран Винсен Луис |
1:24:04 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Joint Statement from the International Olympic Committee and the Tokyo 2020 Organising Committee“. International Olympic Committee. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „2021 Tokyo Olympics Live Stream Reddit Free“ (англиски). 16 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-04-16. Посетено на 18 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „Tokyo 2020: Triathlon“. Посетено на 17 јули 2018.
- ↑ „London 2012 Olympics: triathlon guide“. The Daily Telegraph. 11 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 29 јули 2010. Посетено на 11 мај 2011.
- ↑ „Tokyo 2020 – ITU Triathlon Qualification System“. ITU.
- ↑ „Schedule - Triathlon Tokyo 2020 Olympics“. Olympian Database. Посетено на 17 март 2020.
- ↑ „Triathlon Competition Schedule“. Tokyo 2020. Посетено на 17 март 2020.