Скокови во вода на Летните олимписки игри 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скокови во вода
на Летните олимписки игри 2020
ОдржувалиштеОлимписки центар
за водени спортови
Денови25 јули – 7 август 2021
Натпреварувачи136
«20162024»

Натпреварите во скокови во вода на Летните олимписки игри 2020 во Токио предвидено е да се одржат од 25 јули до 7 август 2021 година.[1] Скоковите во вода се дел од 4-те водени дисциплини на Олимписките игри, заедно со пливањето, ватерполото и синхронизираното пливање.

Олимписките игри првично биле планирани да се одржат во 2020 година, но биле преместени за 2021 година како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[2][3] На овие Олимписки игри се натпреваруваат натпреварувачи во осум дисциплини (по четири во машка и женска конкуренција): скокови од 3 метри, скокови од 10 метри, синхронизирани скокови од 3 метри и синхронизирани скокови од 10 метри.[1]

Учествуват вкупно 136 натпреварувачи од 30 земји. Сите натпреварувачи морале да имаат најмалку 14 години до 31 декември 2020 година.

Квалификации[уреди | уреди извор]

Една земја може да квалификува до 16 натпреварувачи (по 8 во машка и женска конкуренција) од кои по два во поединечните дисциплини и еден пар во синхронизираните дисциплини.

За поединечните дисциплини, квалификувани натпреварувачи се:

  • најдобрите 12 во секоја дисциплина од Светското првенство во скокови во вода 2019,
  • петте континентални шампиони во секоја дисциплина, и
  • 18 полуфиналисти од ФИНА Светскиот куп во скокови во вода 2020
  • дополнителни натпреварувачи од ФИНА Светскиот куп во скокови во вода 2020 сè додека не се поплнат сите места.

За синхронизираните дисциплини, квалификувани парови се:

  • најдобрите 3 во сите дисциплини од Светското првенство во скокови во вода 2019
  • најдобрите 4 во сите дисциплини од ФИНА Светскиот Куп во скокови во вода 2020, и
  • земјата домаќин (Јапонија).

Земји учеснички[уреди | уреди извор]

Распоред на натпреварување[уреди | уреди извор]

Легенда

[4][5]

К Квалификации ПФ Полуфинале Ф Финале
Датум 25 Јул 26 Јул 27 Јул 28 Јул 29 Јул 30 Јул 31 Јул 1 Авг 2 Авг 3 Авг 4 Авг 5 Авг 6 Авг 7 Авг
Дисциплина Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П Н П
Мажи 3 метри К ПФ Ф
Мажи 10 метри К ПФ Ф
Мажи синхронизирано 3 метри Ф
Мажи синхронизирано 10 метри Ф
Жени 3 метри К ПФ Ф
Жени 10 метри К ПФ Ф
Жени синхронизирано 3 метри Ф
Жени синхронизирано 10 метри Ф

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Табела на медали[уреди | уреди извор]

МестоНОКЗлатоСреброБронзаВкупно
1 Кина75012
2 Велика Британија1023
3 САД0213
4 Канада0101
5 Германија0022
6 Австралија0011
РОК0011
Мексико0011
Вкупно88824

Мажи[уреди | уреди извор]

Игри Злато Сребро Бронза
3 метри
подробно
Сје Сији
 Кина
Ванг Цунгјуен
 Кина
Џек Ло
 Велика Британија
10 метри
подробно
Чао Јуан
 Кина
Јанг Ѓен
 Кина
Том Дејли
 Велика Британија
Синхронизирано 3 метри
подробно
Сје Сији
Ванг Цунгјуен
 Кина
Ендрју Капобјанко
Мајкл Хиксон
 САД
Патрик Хаусдинг
Ларс Ридигер
 Германија
Синхронизирано 10 метри
подробно
Том Дејли
Мети Ли
 Велика Британија
Чао Јуан
Чен Ајсен
 Кина
Александар Бондар
Виктор Минибаев
 РОК

Жени[уреди | уреди извор]

Игри Злато Сребро Бронза
3 метри
подробно
Ши Тингмао
 Кина
Ванг Хан
 Кина
Криста Палмер
 САД
10 метри
подробно
Цуан Хонгчан
 Кина
Чен Јукси
 Кина
Мелиса Ву
 Австралија
Синхронизирано 3 метри
подробно
Ши Тингмао
Ванг Хан
 Кина
Џенифер Абел
Мелиса Ситрини-Болије
 Канада
Лена Хентшел
Тина Пунзел
 Германија
Синхронизирано 10 метри
подробно
Чен Јукси
Жанг Џиаки
 Кина
Дилејни Шнел
Џесика Парато
 САД
Габриела Агундез
Алехандра Орозко
 Мексико

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Tokyo 2020: Diving“. Посетено на 12 July 2018.
  2. „Joint Statement from the International Olympic Committee and the Tokyo 2020 Organising Committee“. International Olympic Committee. Посетено на 24 март 2020.
  3. „2021 Tokyo Olympics Live Stream Reddit Free“ (англиски). 16 април 2021. Посетено на 18 април 2021.
  4. „Schedule - Diving Tokyo 2020 Olympics“. Olympian Database. Посетено на 2 март 2020.
  5. „Diving Competition Schedule“. Tokyo 2020. Посетено на 2 март 2020.