Осумдесет и деветто доделување на наградите Оскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
89. доделување на Оскари
Датум26 февруари 2017
МестоТеатар Долби
Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
ВодителЏими Кимел
Продуцент(и)Мајкл Де Лука
Џенифер Тод
Режисер(и)Глен Вајс
Најистакнати
Најдобар филмМесечина
Најмногу наградиЛа Ла Ленд (6)
Најмногу номинацииЛа Ла Ленд (14)
Телевизиска покриеност
ТВ КаналABC
Времетраење3 часа и 49 минути
Рејтинзи32.9 милиони[1]
22.4% (Nielsen ratings)[1]

Осумдесет и деветто доделување на наградите Оскар презентирано од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ги одликуваше најдобрите филмови од 2016 година и се одржи во театарот Долби во Холивуд, Калифорнија на 26 февруари 2017 година. На свеченото доделување, АМПАС додели Оскари во 24 категории. Свеченоста, која во САД беше емитувана на каналот ABC, беше продуцирана од Мајкл Де Лука и Џенифер Тод.[2][3] Телевизискиот водител Џими Кимел беше водител на шоуто.[4]

Номинации[уреди | уреди извор]

Номинациите за 89. доделување на Оскарите биле објавени на 24 јануари 2017 година од страна на режисерите Гиљермо дел Торо, Џејсон Рајтман, претседателката на Академијата Шерил Бун Ајзакс, глумиците Бри Ларсон, Марсија Геј Харен, Глен Клоус, Габури Сидибе и Џенифер Хадсон и глумците Теренс Хауард, Кен Ватанабе, Демијан Бичир и сценаристот Дастин Ленс Блек. За прв пат номинациите биле објавени преку глобален пренос во живо на вев-сајтовите на Академијата (oscars.org, oscars.com), и на локалните емисии, вклучувајќи ја Good Morning America.[5] Ла Ла Ленд добил најмногу номинации, и тоа 14, со што ги израмнил рекордите на Сѐ за Ева од 1950 година и Титаник од 1997 година, кои исто така добиле 14 номинации;[6] Пристигнување и Месечина биле номинирани за осум Оскари.[7][8]

Виола Дејвис, која била претходно номинирана за филмовите Сомнеж (2008) и Слугинки (2011), станала првата афро-американска глумица со три номинации за Оскар.[9][10] Август Вилсон станал првиот добитник на Пулицерова награда и осмиот сценарист вкупно кој добил постхумна номинација за Оскар.

Награди[уреди | уреди извор]

Победиците се подредени први и се напишани со задебелени букви.[11]

Најдобар Филм Најдобар режисер
Најдобар глумец во главна улога Најдобра глумица во главна улога
Најдобар глумец во споредна улога Најдобра глумица во споредна улога
Најдобро оригинално сценарио Најдобро адаптирано сценарио
Најдобар анимиран филм Најдобар странски филм
Најдобар документарен филм Најдобар краткометражен документарен филм
Најдобар игран краткометражен филм Најдобар анимиран краткометражен филм
  • Пее – Криштоф Деак и Ана Удварди
  • Внатрешни непријатели – Селим Азази
  • Жена и TVG – Тимо фон Гунтен и Џиакун Кадаф
  • Тивки ноќи – Аске Банг и Ким Магнусон
  • Временски код – Хуанхо Хименез
Најдобра оригинална музика Најдобра оригинална песна
Најдобра монтажа на звук Најдобро миксање на звук
Најдобра сценографија Најдобра кинематографија
Најдобра шминка и фризура Најдобра костимографија
Најдобра монтажа Најдобри визуелни ефекти

Гувернерски награди[уреди | уреди извор]

Академијата ги одржала своите осми годишни Гувернерски награди на 12 ноември 2016 година, на кои биле презентирани следниве награди:[12]

Добитници на почесен Оскар

Филмови со најмногу номинации и награди[уреди | уреди извор]

Филмови со најмногу номинации[17]
Номинации Филм
14 Ла Ла Ленд
8 Пристигнување
Месечина
6 Гребен на спасените
Лав
Манчестер покрај море
4 Огради
По секоја цена
3 Скриени фигури
Џеки
2 Пекол на хоризонтот
Фантастични ѕверки и каде да се најдат
Флоренс Фостер Џенкинс
Кубо и двете жици
Човекот наречен Уве
Ваијана
Патници
Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите

Филмови со најмногу награди[18]
Награди Филм
6 Ла Ла Ленд
3 Месечина
2 Гребен на спасените
Манчестер покрај море

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Schwartz, Oriana. „Oscar Ratings Dip Again Amid ‘Moonlight,’ ‘La La Land’ Best Picture Mix-Up“, 27 февруари 2017 (посет. 27 февруари 2017 г).
  2. „Oscar 2017: Michael De Luca and Jennifer Todd confirmed to produce 89th Oscars“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. November 4, 2016. конс. November 5, 2016. 
  3. Coyle, Jake (November 4, 2016). „The Oscars finally have producers, host remains undecided“. The Washington Post. конс. November 5, 2016. 
  4. „Jimmy Kimmel to host the 2017 Oscars“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. December 5, 2016. конс. December 6, 2016. 
  5. „Oscar Nominations Announcment News“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. January 13, 2017. конс. January 15, 2017. 
  6. Shoard, Catherine (January 24, 2017). „La La Land equals record for most Oscar nominations“. The Guardian. London. конс. January 24, 2017. 
  7. „La La Land, Moonlight land top Oscar nominations La La Land matches Titanic, All About Eve for most nominations“. Toronto Sun. January 24, 2017. конс. January 24, 2017. 
  8. „The 2017 Academy Award nominations: 'La La Land' ties Oscars record with 14 nominations“. Los Angeles Times. January 24, 2017. конс. January 24, 2017. 
  9. Whit, Tim P. (January 24, 2017). „Viola Davis becomes first black actress to earn 3 Oscar nominations“. Entertainment Weekly. конс. January 25, 2017. 
  10. Butler, Bethonie (January 24, 2017). „Viola Davis makes history with her third Oscar nod. We might be in for an epic speech.“. The Washington Post. конс. January 25, 2017. 
  11. The 89th Academy Awards (2017) Nominees and Winners“, Academy of Motion Picture Arts and Sciences (AMPAS) (посет. 26 февруари 2017 г).
  12. Academy announces Jackie Chan, Anne V. Coates, Lynn Stalmaster and Frederick Wisemen will receive Governs awards“, Academy of Motion Pictures Arts and Sciences, 1 септември 2016 (посет. 23 септември 2016 г).
  13. Jackie Chan awarded honorary Oscar“, BBC News, 2 септември 2016 (посет. 23 септември 2016 г).
  14. Kilday, Gregg. „Jackie Chan, Film Editor Anne V. Coates to Get Honorary Oscars“, „The Hollywood Reporter“, 1 септември 2016 (посет. 23 септември 2016 г).
  15. Governors Awards Honorees: Jackie Chan, Anne V Coates, Frederick Wiseman & Lynn Stalmaster“, „Deadline“, 1 септември 2016 (посет. 23 септември 2016 г).
  16. Pond, Steve. „Jackie Chan, Frederick Wiseman to Receive Honorary Oscars“, „The Wrap“, 1 септември 2016 (посет. 23 септември 2016 г).
  17. „2017 Oscars - Winners & Nominees“. Oscars.org. 
  18. „2017 Oscars - Winners & Nominees“. Oscars.org. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]