По секоја цена (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„По секоја цена“
РежисерДејвид Макензи
СценаристТејлор Шеридан
Настапуваат
Музика
КинематографијаЖил Натгенс
МонтажаЏејк Робертс
Студио
Дистрибутер
Премиера16 мај 2016 (2016-05-16) (Кан)
12 август 2016 (2016-08-12) (САД)
Времетраење102 минути
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет12 милиони долари[1]
Бруто заработка32.3 милиони долари[2]

По секоја цена (англиски: Hell or High Water) — американски криминалистички филм од 2016 година, режиран од Дејвид Макензи по сценарио на Тејлор Шеридан. Филмот следи двајца браќа кои извршуваат низа на банкарски кражби за да ја спасат семејната фарма, и во главните улоги се појавуваат Џеф Бриџис, Крис Пајн и Бен Фостер.

По секоја цена премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал на 16 мај 2016 година, додека пак во САД бил издаден на 12 август 2016 година. Филмот добил пофалби од критичарите и остварил заработка од 32 милиони долари.[3] Американскиот филмски институт го вброил во најдобрите десет филмови во годината,[4] и добил номинации за бројни награди, вклучувајќи номинации за Златен глобус за најдобар драма филм, најдобар спореден глумец (Бриџис) и најдобро сценарио.[5] Филмот исто така добил четири номинации за Оскар на 89. доделување на наградите, и тоа за најдобар филм, најдобар спореден глумец (Бриџис), најдобро оригинално сценарио и најдобра монтажа.

Улоги[уреди | уреди извор]

Сценаристот Тејлор Шеридан има кратко појавување како каубој.[6]

Прием[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

По секоја цена остварил заработка од 27 милиони долари во Северна Америка и 5.3 милиони во другите територии за вкупна заработка од 32.3 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетот од 12 милиони долари.[2]

Во САД, филмот заработил 621,329 долари од 32 кина во првиот викенд на прикажување, или просечно 19,417 долари по театар.[7] Следниот викенд, филмот се прикажувал во 472 кина, заработувајќи 2.7 милиони долари (просечно 5,709 долари по театар).[8] На 26 август 2016 година, филмот бил издаден во 909 кина и заработил 3.7 милиони долари за време на викендот, завршувајќи на 12. место по големината на заработка.[9]

Критики[уреди | уреди извор]

По секоја цена добил критичко признание, и многумина упатиле пофалби за заживувањето на вестерн жанрот. [10] На агрегаторот Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг од 98%, врз основа на 216 прегледи, со просечен рејтинг од 8.5/10. Описот на сајтот гласи, „По секоја цена нуди солидно изработен, добро изглумен вестерн трилер кој избегнува безмислени сцени со пукање во корист на уверливото темпо и богатите ликови.“[11] На Metacritic, филмот има резултат од 88 од можни 100, врз основа на 47 прегледи, означувајќи „универзално признание“.[12]

Ричард Роипер од Chicago Sun Times го оценил филмот со четири од четири ѕвездички, образложувајќи „На моменти голем и мал, По секоја цена е толку прекрасен и груб и елегичен и паметен, моментот кога заврши беше момент кога посакав повторно да го погледнам.“[13] Саманта Ладвиг од IGN го оценила филмот со 9/10, кажувајќи „По секоја цена изненадува со својата комплексна приказна, вџашува со својата кинематографија и надокнадува за сите слаби филмови од ова лето.“[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hell or High Water (2016)“. Box Office Mojo. конс. August 31, 2016. 
  2. 2,0 2,1 „Hell or High Water (2016)“. The Numbers. конс. February 15, 2017. 
  3. Asghar Farhadi's 'The Salesman' Joins Cannes Film Festival Competition“, „Variety“, 22 април 2016.
  4. Hipes, Patrick (December 8, 2016). „AFI Awards: Best Of 2016 List Includes 'Silence', 'Hacksaw Ridge' & More“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2017. конс. December 8, 2016. 
  5. „Golden Globes 2017: The Complete List of Nominations“. The Hollywood Reporter. December 12, 2016. конс. December 12, 2016. 
  6. „Taylor Sheridan On The Drug War And His Evolution From 'Sons Of Anarchy' Actor To 'Sicario' Screenwriter“. Uproxx. March 3, 2016. конс. August 30, 2016. 
  7. 'Hell Or High Water' Hits The Mark In Debut“. Deadline. конс. August 18, 2016. 
  8. War Dogs' Begins Barking On Thursday Night – Box Office“. deadline.com. 
  9. Anthony D'Alessandro. 'Don't Breathe' Screams $26M+ Opening, Gives Sony 3rd Summer Cash Cow After 'Sausage Party', 'Shallows': Early Sunday Update“. <nowiki />Deadline.com<nowiki />. конс. August 28, 2016. 
  10. D'Alessandro, Anthony (2016-05-19). 'Hell Or High Water' Breaks Out On Croisette; Director David Mackenzie On Capturing “The Loss Of The Old West” – Cannes“ (en-US). конс. 2016-08-28. 
  11. „Hell or High Water (2016)“. Rotten Tomatoes. конс. December 16, 2016. 
  12. „Hell or High Water reviews“. Metacritic. конс. September 2, 2016. 
  13. Richard Roeper (August 11, 2016). „Hell or High Water: Modern western the year's best film so far“. Chicago Sun Times. конс. September 3, 2016. 
  14. Samantha Ladwig (August 14, 2016). „Hell or High Water Review“. IGN. конс. August 20, 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]