Крис Пајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крис Пајн
Пајн на San Diego Comic-Con во 2016 г.
Роден(а)Кристофер Вајтло Пајн
26 август 1980 (1980-08-26) (38 г.)
Лос Анџелес, САД
ЗанимањеГлумец
Активен период2003–сè уште
РодителиРоберт Пајн
Гвин Гилфорд
РодниниАна Гвин (баба)

Кристофер ВајтлоКрисПајн[1] (роден на 26 август 1980 г.)[2] — американски глумец.

Тој е познат по улогата на Џејмс Т. Кирк во Ѕвездени патеки (2009), Ѕвездени патеки: Во мрак (2013) и Ѕвездени патеки: Од другата страна (2016). Тој исто така глумел во филмовите Дневниците на принцезата 2: Кралска веридба (2004), Само моја среќа (2006), Ас во ракав (2007), Борба за вино (2008), Незапирлив (2010), Ова значи војна (2012), Пет легенди (2012), Како да се ослободиш од шефот 2 (2014), Џек Рајан: Повик од сенка (2014), Во шумата (2014), З за Закарија (2015), Најдобрите часови (2016) и По секоја цена (2016).

Рани години[уреди | уреди извор]

Пајн е роден во Лос Анџелес, Калифорнија. Неговиот татко, Роберт (роден 1941 г.), е глумец, а неговата мајка, Гвин Гилфорд (родена 1946 г.), е поранешна глумица која сега е физиотерапевт.[3] Тој има постара сестра, Кејти.[4]

Неговата баба од страна на мајка му, Ана Гвин, била холивудска глумица, а нејзиниот сопруг, Макс М. Гилфорд (роден Макс Голдфарб), бил адвокат кој бил избран за претседател на холивудската адвокатска комора.[5] Неговиот дедо Макс потекнувал од руско еврејско семејство, а Пајн исто така влече англиски, велшки, германски и француски корени.[6]

Пајн дипломирал на Калифорнискиот универзитет, Беркли во 2002 година и добил диплома по англиски јазик.[7][8] Тој бил студент на размена на Лидскиот универзитет во Англија една година.[9] По дипломирањето, тој студирал на американскиот конзерваторски театар во Сан Франциско.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

2003–09[уреди | уреди извор]

Пајн по прикажувањето на Ѕвездени патеки во Кувајт во 2009 година

Првата улога во кариерата Пајн ја добил во 2003 година во епизода од серијата Ургентен центар; истата година тој исто така се појавил во една епизода од сериите Заштитник и Истрага на местото на злосторството: Мајами.[10]

Првата улога во долгометражен филм, Пајн ја добил во 2004 година во филмот Дневниците на принцезата 2: Кралска веридба. Тој го играл Николас Деверо, човек во кој бил заљубен ликот кој го играла Ен Хатавеј. Следата година Пајн се појавил во епзиода од серијата Два метри под земја, и во независниот филм Исповед, кој бил издаден директно во видео формат.[11]

Во 2006 година, тој глумел во романтичната комедија Само моја среќа наспроти Линдзи Лохан. Подоцна во годината, Пајн играл улоги во романтичната комедија Судар на слепо и во акциониот филм Ас во ракав. Во 2007 година, тој глумел наспроти Скот Волф во претставата Дебела свиња во продукција на театар од Лос Анџелес, и за својата изведба добил позитивни критики.[5] Тој го толкувал винарот Бо Барет во филмот од 2008 година, Борба за вино.

Во 2007 година, Пајн одбил улога во филмската адаптација на романот Бел џез,[12][13] за да ја прифати улогата на Џејмс Т. Кирк во филмот Ѕвездени патеки, кој бил издаден во мај 2009 година.[14] Истиот месец, тој го промовирал филмот во забавното шоу Saturday Night Live, заедно со колегите Закари Куинто и Ленард Нимој.[15] Во текот на летото од 2009 година, тој играл во претставата Фарагут Норт во продукција на театар од Лос Анџелес.[16]

2010–денес[уреди | уреди извор]

Се шпекулирало дека Пајн ќе го игра главниот лик во филмот Зелениот фенер, но сепак улогата ја добил Рајан Рејнолдс.[17][18]

Во есента 2009 година, Пајн започнал да го снима акциониот филм Незапирлив режиран од Тони Скот, кој бил издаден во ноември 2010 година. Во филмот тој играл млад кондуктер кој му помага на железнички инженер (Дензел Вашингтон) да запре долг товарен воз без екипаж, кој носи отровни течности и гасови и се заканува дека ќе го уништи градот.[19] The Hollywood Reporter го именувал Пајн како еден од младите глумци кои „грабат“ кон холивусиот „А-список“.[20] Во 2011 година, Пајн се појавил заедно со првичниот Капетан Кирк, Вилијам Шатнер, во долгометражниот документарен филм Капетани, кој го напишал и режирал Шатнер. Во филмот Шатнер го интервуира Пајн за неговата кариера и како се чувствувал кога ја добил улогата на Кирк во филмот од 2009 година. Во интервјуто има сцена во која двајцата се туркаат со раце; сликите од оваа сцена станале популарни на интернет и довеле до наслови „Кирк против Кирк“ и други.[21]

Пајн играл во романтичната комедија Ова значи војна заедно со Рис Витерспун и Том Харди, која била снимена во есента 2010 година во Ванкувер.[22] Филмот бил издаден во февруари 2012 година.[23] Пајн подоцна го позајмил својот глас во анимираниот филм Пет легенди.[24] Тој глумел заедно со Елизабет Бенкс, Оливија Валјд и Мишел Фајфер во семејната драма Луѓето како нас, која била издадена во јуни 2012 година.[25] Тој ја повторил улогата на Капетан Кирк во филмот Ѕвездени патеки: Во мрак, кој бил издаден во САД на 15 мај 2013 година.[26]

Во 2009 година, Пајн започнал разговори за да го игра ЦИА аналитичарот Џек Рајан во нов филм базиран на раманите на Том Кланси.[27] Тој ја добил улогата и играл во филмот Џек Рајан: Повик од сенка, кој бил издаден во 2014 година. Пајн бил четвртиот глумец кој го играл ликот, по Алек Болдвин, Харисон Форд и Бен Афлек.[28]

Во 2014 година, Пајн започнал разговори за да глуми во трилерот за крајбрежната стража на САД, Најдобрите часови,[29] издаден во јануари 2016 година.[30] Тој бил гостин во пет епизоди од серијата на Нетфликс, Влажно топло американско лето: Прв ден од кампот[31] и го позајмил гласот во анимираната серија Суперменшн во 2015 година.[32] За работата на Суперменшн, тој во 2016 година добил номинација за Еми награда за најдобро позајмен глас.[33]

Во мај 2015 година, било потврдено дека Пајн дека ќе игра еден од браќата Хауард, заедно со Бен Фостер во филмот По секоја цена. Снимањето на филмот започнало на 26 мај 2015 година во Ново Мексико.[34] Филмот премиерно бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај 2016 година и бил издаден во август истата година.[35] Тој ја повторил улогата на Капетан Кирк во Ѕвездени патеки: Од другата страна. Снимањето на филмот започнало во јуни 2015 година во Канада[36] и тој бил издаден во САД на 22 јули 2016 година.[37]

Пајн бил поканет од Барбара Страјсенд да направи дует со неа за нејзиниот албум Encore: Movie Partners Sing Broadway, заедно со други ѕвезди.[38]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. California Birth Index, 1905–1995“, „Ancestry.com“, Center for Health Statistics, California Department of Health Services, Sacramento, California (посет. 12 мај 2013 г).
  2. „Monitor“, 30 август 2013, стр. 20.
  3. Turbiville, Tom (February 7, 2010). „Aggie connections move actor to help Bryan school“. theeagle.com. конс. July 19, 2010. 
  4. Chiu, Alexis; Huver, Scott (May 25, 2009). „Star Trek's Hot New Hero Chris Pine“. People.com. конс. July 19, 2010. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Martin, Denise. „10 things you didn't know about Chris Pine“. Los Angeles Times. конс. July 19, 2010. 
  6. „Chris Pine biodata“. Flixster. May 4, 2009. конс. July 19, 2010. 
  7. Smith, Krista (May 2009). „To Boldly Star“. Vanity Fair. конс. July 19, 2010. 
  8. „Chris Pine biography“. TV Guide. конс. July 19, 2010. 
  9. „Chris's new role is light years from Leeds digs“. Yorkshire Post. May 1, 2009. конс. July 19, 2010. 
  10. Robinson, Paul (April 23, 2009). „Actor's Yorkshire days recalled as new Star Trek film hits the screens“. Yorkshire Evening Post. конс. July 19, 2010. 
  11. Torre, Nestor (May 15, 2009). Star Trek launches Chris Pine to stardom“. Philippine Daily Inquirer. конс. July 19, 2010. 
  12. Carnahan, Joe (October 22, 2007). „Clooney Drops Out of White Jazz, Too“. ComingSoon.net. конс. July 19, 2010. 
  13. „Chris Pine was once "scared" to play Capt. Kirk“. Access Hollywood. April 3, 2009. конс. July 19, 2010. 
  14. Boucher, Geoff (May 7, 2009). „As Kirk, Chris Pine boldly goes where we've been before“. chron.com. конс. July 19, 2010. 
  15. Star Trek stars beam up to SNL. Access Hollywood. May 10, 2009. конс. July 19, 2010. 
  16. McNulty, Charles. „Review: Farragut North at the Geffen Playhouse“, „Los Angeles Times“, 25 јуни 2009 (посет. 19 септември 2009 г).
  17. Vejvoda, Jim. „Ryan Reynolds cast as Green Lantern“, „IGN“, 10 јули 2009 (посет. 12 јули 2009 г).
  18. Abramowitz, Rachel. „Gosling and Clooney drop projects“, „Los Angeles Times“, 23 октомври 2007 (посет. 23 октомври 2007 г).
  19. Ditzian, Eric (June 4, 2009). „Exclusive: Chris Pine In Talks To Join Denzel Washington For Unstoppable. MTV. конс. July 19, 2010. 
  20. Blank, Emily. „Hollywood's A-List Redefined“, The Hollywood Reporter, 15 ноември 2010 (посет. 26 јуни 2012 г).
  21. „Exclusive Clips from William Shatner's 'The Captains'. Trekmovie.com. July 18, 2011. 
  22. Claggett, Bruce (September 12, 2010). „Film starring Reese Witherspoon to be shot in Vancouver“. NEWS1130. конс. September 20, 2010. 
  23. Abrams, Rachel (April 11, 2011). „Fox dates 'Chronicle,' 'This Means War'. Variety.com. конс. April 12, 2011. 
  24. Swayne, Valerie (July 6, 2012). 'Rise of the Guardians' Trailer Delves Into Jack Frost's Backstory“. hollywoodreporter.com. конс. April 15, 2015. 
  25. Breznican, Anthony (January 10, 2011). „EXCLUSIVE: Michelle Pfeiffer cast as Chris Pine's mom in 'Welcome to People'. Entertainment Weekly. конс. January 28, 2011. 
  26. Hepburn, Ned. (November 24, 2011) 'Star Trek' Sequel To Open May 17th, 2013 Архивирано November 27, 2011, во Wayback Machine., Blackbookmag.com; retrieved June 24, 2012.
  27. Leins, Jeff. „Chris Pine in Talks to Play the New Jack Ryan“, News in Film, 13 октомври 2009 (посет. 17 октомври 2009 г).
  28. „Chris Pine in Talks to Play Jack Ryan“. ComingSoon.net. October 14, 2009. конс. July 19, 2010. 
  29. „Chris Pine in Talks to Star in Disney Coast Guard Drama“. The Hollywood Reporter. April 17, 2014. 
  30. „Chris Pine Thriller ‘The Finest Hours’ Pushed to 2016 by Disney“. The Wrap. April 8, 2015. 
  31. „‘Wet Hot American Summer’: Chris Pine, Kristen Wiig, Jon Hamm & Jason Schwartzman Join Cast“. Deadline. Jan 28, 2015. 
  32. „Crackle Sets Premiere Dates For ‘The Art Of More’, ‘Supermansion’, ‘Comedians In Cars…’ – TCA“. Deadline. Aug 5, 2015. 
  33. Complete list of 2016 Emmy nominations and winners“, 18 септември 2016 (посет. 3 октомври 2016 г).
  34. „‘Comancheria’ With Chris Pine, Ben Foster & Jeff Bridges Acquired By CBS Films“. Deadline. May 4, 2015. 
  35. „Chris Pine’s ‘Hell or High Water’ to Hit Theaters in August“. Variety. May 3, 2016. 
  36. „Filming Begins on Star Trek 3 at the Squamish Boulders in British Columbia“. ComingSoon.net. June 25, 2015. 
  37. „‘Star Trek: Beyond’ Gets New Release Date“. Variety. September 17, 2015. 
  38. BWW Exclusive World Premiere: Watch Barbra Streisand & Chris Pine Take on MY FAIR LADY on Her ENCORE Album!“, Broadway World, 24 август 2016 (посет. 29 август 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]