Истрага на местото на злосторството: Мајами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
CSI: Miami
Создадена од Ентони Е. Зикер
Учесници Дејвид Карузо
Емили Проктер
Адам Родригез
Канди Александер
Џонатан Того
Рекс Лин
Ева ЛаРу
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Бр. на сезони 7, досега
Бр. на епизоди 142, досега
Продукција
Времетраење 40–45 минути
Прикажување
Првична мрежа CBS
Сликов формат 480i (SDTV),
1080i (HDTV)
Првично прикажување 23 септември, 2002 – денес
Надворешни врски
Мрежна страница cbs.com/primetime/csi miami

Истрага на местото на злосторството: Мајами (англиски: CSI: Miami) е популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.

Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.

Шеф на одделот е поручник Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра актерот Дејвид Карузо.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]