Џеки (филм од 2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Џеки“
РежисерПабло Лараин
СценаристНоа Опенхајм
Настапуваат
МузикаМика Леви
КинематографијаСтефан Фонтен
МонтажаСебастијан Сепулведа
Студио
ДистрибутерFox Searchlight Pictures
Премиера7 септември 2016 (2016-09-07) (Венеција)
2 декември 2016 (2016-12-02) (САД)
Времетраење99 минути[1][2]
Држава
Јазиканглиски
Буџет9 милиони долари[3]
Бруто заработка18.7 милиони долари[4]

Џеки (англиски: Jackie) — биографски филм од 2016 година режиран од Пабло Лараин по сценарио на Ноа Опенхајм.

Главна улога во филмот игра Натали Портман како Џеки Кенеди, следејќи го нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг Џон Кенеди во 1963 година. Во филмот иста така играат Питер Сарсгаард, Грета Гервиг, Били Крудап и Џон Херт. Ова било последен објавен филм во кој игра Џон Херт пред неговата смрт во јануари 2017 година.

Џеки премиерно бил прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал, каде бил во конкуренција за наградата Златен лав,[5] додека пак во САД бил издаден на 2 декември 2016 година од дистрибутерот Fox Searchlight Pictures. Филмот се здобил со универзално критичко признание и добил номинации за три Оскари на 89. доделување на наградите, и тоа во категориите најдобра глумица (Портман), најдобра оригинална музика и најдобра костимографија.[6]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ја следи Џеки Кенеди (Натали Портман) во деновите кога таа била прва дама на САД и нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, Џеки Кенеди се бори со болката и траумата да ја поврати својата вера, утеши своите деца, и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Jackie (15)". British Board of Film Classification. November 16, 2016. Посетено на November 16, 2016.
  2. "Venezia 73". Посетено на August 11, 2016.
  3. Ана Томпсон (September 12, 2016). "How TIFF 2016 Rocked The Oscar Race: Why 'Moonlight' Glows, 'Birth' Struggles, and More Revelations". Indiewire.com. Посетено на September 12, 2016.
  4. "Jackie (2016)". The Numbers. Посетено на February 5, 2017.
  5. "Venice Film Festival 2016". Deadline. July 28, 2016. Посетено на July 28, 2016.
  6. "Oscar Nominations: Complete List". Варајети (списание). January 24, 2017. Посетено на January 24, 2017. Text "Варајети]] " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]