Џон Херт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сер Џон Херт
ЗБИ
Херт во 2015 година
Роден(а)22 јануари 1940(1940-01-22)
Честерфилд, Англија
Починал(а)25 јануари 2017(2017-01-25) (воз. 77 г.)
Кромер, Англија
ЗанимањеГлумец
Активен период1961–2017
СопружникАнет Робертсон (1962–1964)
Дона Пикок (1984–1990)
Џоан Далтон (1990–1996)
Анвен Рис-Мајерс (2005– до неговата смрт 2017)
Деца2

Сер Џон Винсент Херт, ЗБИ (22 јануари 1940 – 25 јануари 2017) — англиски глумец чија кариера траела шест децении. Тој првично станал познат по споредната улога Ричард Рич во филмот Човек за сите времиња (1966). Подоцна, тој играл главни улоги, и тоа како Џон Мерик во биографскиот филм Човекот-слон (1980), Винстон Смит во 1984 (1984), Г-дин. Брадок во драмата Убиство (1984) и Стивен Ворд во драмата Скандал (1989). Тој е исто така познат по телевизиските улоги како Калигула во Јас, Клавдиј (1976) и како воениот доктор во Доктор Ху.[1][2]

Херт исто така играл значајни улоги во затвореничката драма Полноќен експрес (1978), научно-фантастичниот хорор филм Осмиот патник (1979), авантуристичкиот филм Роб Рој (1995), политичкиот трилер О за одмазда (2006), натприродниот трилер Клуч на тајни (2005), научно-фантастичниот авантуристички филм Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп (2008), филмскиот серијал Хари Потер (2001–11), суперхеројските филмови Хелбој (2004) и Хелбој: Златната војска (2008) и шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011). Последната сцена на неговиот лик во филмот Осмиот патник била прогласена од бројни публикации како една од најнезаборавните сцени во филмската историја.[3]

Еден од последните филмови на Херт е биографскиот филм Џеки (2016). Негов последен филм во кариерата ќе биде филмот Најтемниот час, кој ќе биде издаден во ноември 2017 година, во кој тој ќе го толкува британскиот премиер Невил Чемберлен. Во својата богата кариера, тој добил две номинации за Оскар, еден Златен Глобус и четири БАФТА награди, од кои последната е за животно остварување за неговиот извондреден придонес кон британската кинематографија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jones, Paul. "Doctor Who 50th anniversary: John Hurt to play "part of the Doctor"". Radio Times. конс. 18 May 2013. 
  2. Tobin, Christian. "John Hurt teases 'Doctor Who' 50th anniversary special role". Digital Spy. конс. 18 May 2013. 
  3. Sources that refer to the final scene of Hurt's character in Alien as one of the most memorable in cinematic history include these:
  4. "John Hurt 'thrilled' with Bafta lifetime achievement honour". bbc.co.uk. BBC News. конс. 13 April 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]