Прејди на содржината

Ендру Гарфилд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ендру Гарфилд
Гарфилд во 2014 година
Роден(а)Ендру Расел Гарфилд
20 август 1983(1983-08-20)(41 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија
ДржавјанствоАмериканско и Британско
Алма матерЛондонски универзитет[1]
ЗанимањеГлумец
Активен период2004–сè уште

Ендру Расел Гарфилд (роден на 20 август 1983 г.)[2][3] — американско-британски глумец.[4][5][6][7] Роден во Лос Анџелес и израснат во Епсом, Гарфилд ја започнал својата кариера во британскиот театар и во телевизиски продукции. Својата прва улога во долгометражен филм тој ја добил во 2007 година во филмот Глинени гулаби. Гарфилд го привлекол вниманието на светската јавност во 2010 година толкувајќи го Едуардо Саверин во драма филмот Друштвена мрежа, улога за која добил номинации за наградите Златен глобус и БАФТА, а за улогата во филмот Не дозволувај да одам ja добил наградата Сатурн.

Гарфилд подоцна добил пофалби за неговата изведба на човекот-пајак во суперхеројскиот филм Неверојатниот Спајдермен (2012). Тој исто така глумел во театар, играјќи го Биф во Бродвејската продукција на претставата Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година, улога која му донела номинација за наградата Тони за најдобар глумец. Во 2014 година, тој бил ко-продуцент и глумец во трилер драмата 99 домови. Во 2016 година, Гарфилд се појавил во два успешни историски филмови: Тишина на Мартин Скорсезе и Гребен на спасените на Мел Гибсон. Неговата изведба на Дезмонд Дос во Гребен на спасените му донела номинации за наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобар глумец.

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Белешки
2005 Мамбо Џамбо Симо Краткометражен филм
2007 Глинени гулаби Тод Хајс
2007 Момче А Џек Буриџ / Ерик Вилсон
2008 Другата девојка од Болејнови Френсис Вестон
2009 Имагинариумот на Доктор Парнасус Антон
2009 Воздух Том Краткометражен филм
2010 Тука сум Шелдон Краткометражен филм
2010 Не дозволувај да одам Томи
2010 Друштвена мрежа Едуардо Саверин
2012 Неверојатниот Спајдермен Питер Паркер / Спајдермен
2014 Неверојатниот Спајдермен 2 Питер Паркер / Спајдермен
2014 99 домови Денис Неш Исто така и продуцент
2016 Гребен на спасените Дезмонд Дос
2016 Тишина Отец Себастијао Родригес
2017 Диши Робин Кевендиш Постпродукција
2017 Под Сребреното Езеро Постпродукција
  1. „High Profile Alumni“. The Royal Central School of Speech and Drama. Посетено на 1 June 2015.
  2. „Andrew Garfield“. Hollywood.com. Посетено на 10 May 2016.
  3. „The Birth of Andrew Garfield“. California Birth Index. Посетено на 31 March 2014.
  4. „Andrew Garfield on The Amazing Spider-Man: interview“. GamesRadar. 3 July 2012. Посетено на 5 June 2015.
  5. „The Amazing Spider-Man 2 actor Andrew Garfield is his own harshest critic“. News.com.au. 13 April 2014. Архивирано од изворникот на 2015-04-10. Посетено на 3 January 2015.
  6. „Andrew Garfield—The Social Network, The Amazing Spider-Man—9/20/10“. GrouchoReviews.com. 20 September 2010. Посетено на 3 January 2015.
  7. „Spider-Baby alert: Andrew Garfield feels the 'need to procreate'. Yahoo! Movies Singapore. 28 March 2014. Посетено на 3 January 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]