Гребен на спасените
„Гребен на спасените“ | |
---|---|
Режисер | Мел Гибсон |
Главни улоги | |
Музика | Руперт Грегсон-Вилијамс |
Кинематографија | Сајмон Дуган |
Монтажа | Џон Гилберт |
Дистрибутер |
|
Премиера | 4 септември 2016(Венеција) 3 ноември 2016 (Австралија) 4 ноември 2016 (САД) |
Времетраење | 139 минути [1] |
Земја | |
Јазик | англиски |
Буџет | $40 милиони[2][3] |
Бруто заработка | $175 милиони[4] |
Гребен на спасените (англиски: Hacksaw Ridge) — воен филм од 2016 година за искуствата од втората светска војна на Дезмонд Дос, американски медицински работник, припадник на Црквата на Адвентистите од седмиот ден, кој одбивал да носи или да користи оружје од било кој вид. Дос станал првиот приговарач на совеста на кој му бил доделен највисокиот воен орден на САД, медалот на честа, за неговата служба во текот на Битката за Окинава.
Филмот е во режија на Мел Гибсон по сценарио на Ендру Најт и Роберт Шенкан, заснован на документарниот филм за Дос, кој сега го толкува Ендру Гарфилд, додека во споредните улоги се појавуваат Сем Вортингтон, Лук Брејси, Тереза Палмер, Хуго Вивинг, Рејчел Грифитс и Винс Вон. Филмот бил издаден во САД на 4 ноември 2016 година, добил позитивни критики и остварил заработка од 175 милинои долари во светски рамки.[4]
Гребен на спасените бил вброен во најдобрите десет филмови на годината од американскиот филмски институт[5] и добил бројни награди и номинации, вклучувајќи шест номинации за Оскар на 89. доделување на наградите, и тоа номинации за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар глумец за Гарфилд. Филмот добил два Оскари, и тоа за најдобро миксање на звук и најдобра монтажа.[6] Филмот исто така добил номинации за Златен глобус во категориите најдобар драма филм, најдобар режисер и најдобар глумец[7] и добил дванаесет номинации за наградите на австралиската академија за филмски и телевизиски уметности, освојувајќи ги поголемиот дел, и тоа за најдобар филм, најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, најдобар глумец за Гарфилд и најдобар спореден глумец за Вивинг.
Содржина
[уреди | уреди извор]Во пролетта 1945 година, американските воени сили се соочиле со најважната и најопасна борба на Тихиот Океан, меѓутоа еден војник се истакнал како поинаков. Тоа бил Дезмонд Дос (Ендру Гарфилд) кој одбил да користи оружје и да убива луѓе и во војската служел како ненаоружан медицински работник и така го спасил животот на многумина без да испука ниту еден куршум. Со тоа тој станал првиот американец кој поради неговата служба го добил орденот медал на честа.
Улоги
[уреди | уреди извор]- Ендру Гарфилд како Дезмонд Дос
- Винс Вон како наредник Хауел
- Сем Вортингтон како капетан Џек Гловер
- Лук Брејси како Смити Рикер
- Хуго Вивинг како Том Дос
- Тереза Палмер како Дороти Шути, сопруга на Дос
- Рајан Кор како поручник Менвил
- Рејчел Грифитс како Берта Дос, мајка на Дос
- Ричард Роксбурк како полковник Стелцер
- Лук Пеглер како Милт „Холивуд“ Зејн
- Ричард Пајрос како Рендал Фулер
- Бен Минги како Гриз Нолан
- Фирас Дирани како Вито Ринели
- Демиен Томлинсон како Ралф Морган
- Мет Нејбл како потполковник Куни
- Роберт Морган како полковник Сангстон
- Мајло Гибсон како Лаки Форд
- Натаниел Бузолич како Харолд „Хал“ Дос
Музика
[уреди | уреди извор]Придружната музика во филмот била создадена од Руперт Грегсон-Вилијамс и била снимена во Abbey Road Studios во Лондон, со оркестар од седумдесет музичари и хор од триесет и шест членови.[8]
Прием
[уреди | уреди извор]Заработка
[уреди | уреди извор]До 19 февруари 2017 година, Гребен на спасените остварил заработка од 66,9 милиони долари во САД и Канада и 108,1 милиони долари во другите територии за вкупна заработка од 175 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетот од $40 милиони долари.[4]
Филмот започнал да се прикажува заедно со филмовите Доктор Стрејнџ и Тролови и се очекувало да заработи околу 12 милиони долари од 2,886 кина.[9][10] Филмот заработил 5,2 милиони долари на првиот ден на прикажување и 15,2 милиони долари во првиот викенд, завршувајќи на третото место по големината на заработка. Дебито на филмот било на исто ниво со последниот режиран филм на Гибсон, Апокалипто од 2006 година, кој имал слична заработка од 15 милиони долари.[11] Во вториот викенд на прикажување, филмот заработил 10,8 милиони долари (пад од само 29.1%), завршувајќи на петтото место по големината на заработка.
Гребен на спасените отворил успешно во Кина, заработувајќи преку 16 милиони долари во првите четири дена на прикажување.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Hacksaw Ridge (15)“. British Board of Film Classification. December 5, 2016. Посетено на December 6, 2016.
- ↑ Brooks Barnes (October 26, 2016). „'Hacksaw Ridge,' a Gory War Movie for Both Hawks and Doves“. The New York Times. Посетено на October 27, 2016.
- ↑ „'Doctor Strange' To Give Booster Shot To Sleepy Fall Box Office“. Deadline.com.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Hacksaw Ridge (2016)“. Box Office Mojo. Посетено на February 11, 2017.
- ↑ Hipes, Patrick (December 8, 2016). „AFI Awards: Best Of 2016 List Includes 'Silence', 'Hacksaw Ridge' & More“. Deadline.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2017. Посетено на December 8, 2016.
- ↑ „'Hacksaw Ridge' wins 2 Oscar awards, honoring local Desmond Doss“. February 28, 2017. Архивирано од изворникот на 2017-03-01. Посетено на February 28, 2017.
- ↑ „Golden Globes 2017: The Complete List of Nominations“. The Hollywood Reporter. December 12, 2016. Посетено на December 12, 2016. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Melinda Newman (October 26, 2016). „'Hacksaw Ridge' Composer Rupert Gregson-Williams on Working With Mel Gibson; Hear Score“. Billboard. Посетено на October 27, 2016.
- ↑ Ryan Faughnder (November 1, 2016). „'Doctor Strange' is expected to draw a massive audience for Disney's Marvel Studios“. Los Angeles Times. Посетено на November 2, 2016.
- ↑ Anthony D'Alessandro (November 1, 2016). „'Doctor Strange' To Give Booster Shot To Sleepy Fall Box Office“. Deadline.com. Посетено на November 2, 2016.
- ↑ D'Alessandro, Anthony (November 5, 2016). „'Doctor Strange' Resuscitates Fall Box Office With $81M To $83M+ Opening – Saturday AM Update“. Deadline.com. Посетено на November 5, 2016.
- ↑ „'Doctor Strange' to Repeat at #1 as 'Arrival', 'Almost Christmas' & 'Shut In' Hit Theaters“. Box Office Mojo.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Гребен на спасените на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Leepson, Marc (2015). „Desmond Thomas Doss (1919–2006)“. Dictionary of Virginia Biography. Library of Virginia. Посетено на July 11, 2016.
- Hacksaw Ridge на Metacritic
|