Хуго Вивинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hugo Weaving 2014.jpg

Хјуго Волис Вивинг (англиски: Hugo Weaving) е австралиски актер, роден 4 април 1960 година во Остина (Нигерија). Најпозната улога ја остварил како агент Смит во серијалот Матрикс и како Елронд во филмската трилогија Господар на прстените.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Нигерија од англиските родители Волиса и Ен. Детството го поминал во Јужноафричка Република, за потоа како тинејџер да се всели во [Обединето Кралство]], каде тој присуствувал во Queen Elizabeth's Hospital. Годината 1976 се сели во Австралија и таму тој присуствува во Knox Grammar School во Сиднеј. Покасно матурирал на австралискиот национален инстутут за драмски уметности.

Својата прва поголема улога ја остварил во 1984 година како англиски капетан Даглас Џардин во ТВ серијата Bodyline. Четири години покасно се појавува во австралиска мини-серија The Dirtwater Dynasty, а година покасно игра заедно со Никол Кидман во филмот Bangkok Hilton. Годината 1991 примил награда од страната на австралискиот филмски институт за најдобар главен актер во нискобуџетниот филм Proof. Годината 1994 го остварил својот интернационален успех со филмот Priscilla, Queen of the Desert, за по четири години да прими награда како најдобар глумец за филмот The Interview на филмскиот фестивал во Монтреал. Подоцна го игра Посејдон во мини-серијата Одисеј, а позајмувал глас и во цртаниот филм The Magic Pudding.

Својата светска популарност ја стеекнува со улогата на Агент Смит во три филма за Матрикс (The Matrix, The Matrix Reloaded, The Matrix Revolutions), а се докажал и во филмската трилогија Господар на прстените каде го играл Елронд. Подоцно играл во неколку запазени филмови како што ср: Happy Feet, V for Vendetta и Трансформерси каде позајмувал глас за Мегатрон.

Филмографија[уреди | уреди извор]

1999 Матрикс
2001 Господар на прстенитеа: Дружина на прстените
2002 Господар на прстените: Две кули
2003 The Matrix Reloaded
2003 Господар на прстените: Повраток на кралевите
2003 The Matrix Revolutions
2006 В како вендета
2006 Среќно стапало
2007 Трансформерси

Познати глумци со кои соработувал[уреди | уреди извор]

Надворешни врки[уреди | уреди извор]