Сојузници (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Сојузници“
РежисерРоберт Земекис
Продуцент
СценаристСтивен Најт
Главни улоги
МузикаАлан Силвестри
КинематографијаДен Бержес
Монтажа
  • Мик Аудсли
  • Џереми О'Дрискол
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера9 ноември 2016
(Фокс театар, Лос Анџелес)
23 ноември 2016 (САД)
Времетраење124 минути[1]
Земја
ЈазикАнглиски
Француски
Германски
Буџет$85 милиони[2]
Бруто заработка$115 милиони[2]

Сојузници (Англиски: Allied) — романтичен трилер филм од 2016 година режиран од Роберт Земекис по сценарио на Стивен Најт. Дејството во филмот се случува во текот на втората светска војна, и во главни улоги се појавуваат Бред Пит, како канадски разузнавач и Марион Котијар, жена-борец од Францускиот отпор, кои се заљубуваат за време на мисија во Казабланка. Џаред Харис, Сајмон Мекберни и Лизи Каплан исто така играат улоги.

Снимањето на филмот започнало во Лондон во февруари 2016 година. Сојузници бил издаден во САД на 23 ноември 2016 година од Paramount Pictures, и добил мешани ревизии од критичарите, иако изведбте на Пит и главно на Котијар биле пофалени.Филмот добил номинација за Оскар за најдобра костимографија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1942 година во текот на втората светска војна, канадскиот разузчавач Макс Ватан патува во Казабланка во Француски Мароко за да изврши атентат врз германскиот амбасадор. Тој соработува со Маријен Босејжур, борец од Францускиот отпор која избегала од Франција откако нејзината група била загрозена и убиена.

Двајцата се претставуваат како венчар пар и се зближуваат, и покрај тоа што се согласуваат дека во нивната работа чувствата може да ги убијат. Маријен, на која германците и веруваат, обезбедува Макс да добие покана за забавата на која планираат да го извршат атентатот. На самиот ден, тие водат љубов во кола во пустина, знаејќи дека можеби нема да преживеат. Сепак, мисијата се одвива според планот и тие успеваат да избегаат. Макс ја прашува Маријен дали ќе дојде со него во Лондон и дали ќе се омажи за него. Двајцата се венчаат, се сместуваат во областа Хампстед, и добиваат ќерка Ана.

Една година подоцна, Макс дознава од британската Управа за специјални операции дека постојат сомневања дека Маријен е германски шпион, која го земала идентитетот на вистинската Маријен кога таа била убиена во Франција. Со намера да ги тестираат своите сомненија, Управата поведува операција: на Макс му е наредено да напише лажна разузнавачка информација дома, која Маријен може да ја најде. Доколку информацијата се пресретне од германските преноси, Макс мора лично да ја убие Маријен, или ќе биде обесен поради предавство. На Макс му е кажано да се однесува нормално.

Спротивно на наредбите, Макс го посетува поранешниот колега Гај Сангстер кој ја познавал Маријен, но бидејќи тој е слеп поради повреда од војната, не може да ја идентификува. Ток открива дека борецот на отпот Пол Деламар работел со Маријен во Франција и би можел да ја идентификува. Макс го пронаоѓа младиот пилот Џорџ Кавано, кој ќе лета за Франција, и му дава слика од својата сопруга, која треба да ја однесе кај Деламар за тој да потврди дали тоа е Маријен. Сепак, следниот ден, Макс е убиен во Франција додека чекал одговор.

Следната ноќ, Макс зема авион и одлетува во Франција за да се сретне со Деламар, кој е затворен во локалната полициска станица. Макс заедно со отпорот насилно влегува во затворот за да се соочи со Деламар. Тој е пијан, но се сеќава дека Маријен била одлична пијанистка.

Назад во Англија, Макс ја носи Маријен во локалниот паб и бара од неа да ја отсвири француската Марсеjеза на пијаното. Маријен незнаејќи да свири признава дека е германски шпион. Таа тврди дека нејзините чувства кон Макс се вистински и дека таа добила закани насочени кон неа и нивната ќерка Ана од германските шпиони во Лондон, меѓукои е и жената која живее во нивна близина и често ја чува Ана.

Макс, не сакајќи да ја убие својата сопруга, ѝ кажува дека треба да избегаат пред Управата да ги фати. Тој ги убива германските шпиони кои ја надгледуваат Маријен, но пред да полетаат од аеродромот, нивното бегство е спречено. Маријен му вели на Макс дека таа го сака и му вели да се грижи за Ана, а потоа се самоубива. Командирот им наредува на пристуните војници да известат дека Макс ја убил Маријен, за Макс да не биде казнет.

По војната, Макс се сели во Канада и ја одгледува Ана. Филмот завршува така што Маријен го чита писмото која таа претходно го напишала за нејзината ќерка, знаејќи дека еден ден нејзиниот вистински идентитет ќе биде откриен.

Улоги[уреди | уреди извор]

Издавање[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

Сојузници остварил заработка од 40.1 милиони долари во САД и Канада и 75 милиони долари во други територии за вкупна заработка од 115 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетот од 85 милиони долари.[2]

Сојузници започнал да се прикажува заедно со филмовите Вајана — Потрага по митскиот остров, Правила не важат и Лошиот Дедо Мраз 2 и се очекувало да заработи околу 15 милиони долари во првиот викенд на прикажување и околу 20–25 милиони долари во првите пет дена од 3,160 кина.[3][4] Филмот остварил заработка од 12.7 милиони долари во првиот викенд (првите пет ден 17.7 милиони долари), и завршил на четвртото место по големината на заработка.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Allied (15)“. British Board of Film Classification. November 9, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-11-11. Посетено на November 10, 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Allied (2016)“. Box Office Mojo. Посетено на February 15, 2017.
  3. „Will 'Moana' Slay 'Fantastic Beasts' Over The Thanksgiving Stretch?“. Deadline.com.
  4. 'Moana' Sets Sights on $80+ Million 5-Day Thanksgiving Debut“. Box Office Mojo.
  5. Ентони Д'Алесандро (November 24, 2016). 'Moana' Rings Up $81M+ & Ranks As 2nd Best Thanksgiving Debut After 'Frozen'. Deadline.com. Посетено на November 27, 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]