Ла Ла Ленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ла Ла Ленд (англиски: La La Land) — американски филм од 2016 година, во режија на Демиен Шазел. Главните улоги ги толкуваат: Рајан Гослинг и Ема Стоун.

Ла Ла Ленд заработил критичко признание и според многумина е еден од најдобрите филмови за 2016 година. Филмските критичари ги пофалиле сценариото и режијата на Шазел, изведбите на Гослинг и Стоун, музиката на Џастин Гурвиц и филмските музички сцени. Филмот победил во секоја категорија во која бил номиниран на 74. доделување на наградите Златен глобус,[1] добивајќи рекордни седум Златни глобуси, и добил единаесет номинации на 70. доделување на наградите БАФТА, победувајќи во пет категории. Филмот добил 14 номинации на 89. доделување на наградите Оскар, изедначувајќи го рекордот за најмногу номинации на филмовите Титаник (1997) и Сѐ за Ева (1950), и ги добил Оскарите за најдобар режисер, најдобра глумица (Стоун), најдобра кинематографија, најдобра оригинална музика, најдобра оригинална песна („City of Stars“) и најдобра сценографија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Себастијан (го игра Гослинг) е незадоволен џез-пијанист кој свири лесна музика во еден ресторан. Мија (ја игра Стоун) работи како келнерка, а истовремено посетува аудиции за улоги во лоши телевизиски серии. Себастијан мечтае да отвори сопствен џез-клуб, а Мија сонува да добие улоги во филмови. На почетокот од нивното запознавање, тие не можат да се поднесат меѓусебно, но подоцна се вљубуваат еден во друг.[2]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Јаневски, „La La Land (Ла Ла Ленд)“, Економија и Бизнис, година 18, број 224, февруари 2017, стр. 96-97.
  2. Ѓорѓи Јаневски, „La La Land (Ла Ла Ленд)“, Економија и Бизнис, година 18, број 224, февруари 2017, стр. 96-97.