Оскар за најдобар анимиран филм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оскар за најдобар анимиран филм
Се доделува за Најдобар анимиран филм кој трае подолго од 40 минути, значаен број на главни ликови се анимирани и најмалку 75% од времетраењето на филмот вклучува анимација.
Земја Flag of the United States.svg САД
Доделува Академија за филмски уметности и науки
Прво доделување 2001
Тековен лауреат Зоотропола (2016)
Портал oscars.org

Оскарот за најдобар анимиран филм е награда која ја доделува Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) годишно за најдобриот анимиран филм, кој од Академијата е дефиниран како филм кој трае подолго од 40 минути, ликовите се создадени со помош на технниката кадар-по-кадар, содржи значаен број на анимирани ликови и најмалку 75 проценти од времетраењето на филмот вклучува анимација. Наградата прв пат била доделена за филмови направени во 2001 година.

Номинираните филмови за Оскар и победниците се избираат од страна на членовите на АМПАС. Доколку има шеснаесет или повеќе поднесени филмови, победникот се изгласува од потесен избор од пет филмови, во спротивно во потесен избор влегуваат три филмови.[1] Дополнително, осум подобни анимирани филмови мораат да бидат издадени во округот Лос Анџелес во рамките на календарската година за оваа категорија да биде активирана.

Анимираните филмови можат да бидат номинирани и во други категории, но тоа е ретко; Убавицата и ѕверот (1991) бил прв филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Нагоре (2009) и Приказна за играчките 3 (2010) исто така добиле номинации за најдобар филм откако Академијата го зголемила бројот на номинирани филмови.

Валцер со Башир (2008) е единствениот анимиран филм воопшто номиниран за Оскар за најдобар странски филм (и покрај тоа што не успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм). Ноќта пред Божиќ (1993) и Кубо и двете жици (2016) се единствените анимирани филмови номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Победници и номинации[уреди | уреди извор]

2000.[уреди | уреди извор]

Година Победник Номинирани Нав.
2001 Шрек
Арон Варнер
[2]
2002 Авантурите на малечката Чихиро
Хајао Мијазаки
[3]
2003 Барајќи го Немо
Ендру Стентон
[4]
2004 Спасители
Бред Бирд
[5]
2005 Валас и Громит: Големата завера на зајаците
Ник Парк и Стив Бокс
[6]
2006 Танцот на пингвините
Џорџ Милер
[7]
2007 Рататуи
Бред Бирд
[8]
2008 Воли
Ендру Стентон
[9]
2009 Нагоре
Пит Доктер
[10]

2010.[уреди | уреди извор]

Година Победник Номинирани Нав.
2010 Приказна за играчките 3
Ли Ункрих
[11]
2011 Ранго
Гор Вербински
[12]
2012 Храбрата Мерида
Марк Ендрус и Бренда Чапман
[13]
2013 Снежно кралство
Крис Бак, Џенифер Ли и Питер Дел Вечо
[14]
2014 Екипа за 6
Дон Хол, Крис Вилијамс и Рој Конли
[15]
2015 Опаку наопаку
Пит Доктер и Џонас Ривера
[16]
2016 Зоотропола
Бајрон Хауард, Рич Мур и Кларк Спенсер
[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rule Seven: Special Rules for the Animated Feature Film Award“. Академија за филмски уметности и науки. архивирано од оригиналот на 5 јуни 2011. https://web.archive.org/web/20110605174517/http://www.oscars.org/awards/academyawards/rules/rule07.html. конс. 26 април 2011 г. 
  2. „74th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2002. конс. 28 ноември 2012 г. 
  3. „75th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2003. конс. 28 ноември 2012 г. 
  4. „76th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2004. конс. 28 ноември 2012 г. 
  5. „77th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2005. конс. 28 ноември 2012 г. 
  6. „78th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2006. конс. 28 ноември 2012 г. 
  7. „79th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2007. конс. 28 ноември 2012 г. 
  8. „80th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2008. конс. 28 ноември 2012 г. 
  9. „81st Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2009. конс. 28 ноември 2012 г. 
  10. „82nd Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2010. конс. 28 ноември 2012 г. 
  11. „83rd Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2011. конс. 28 ноември 2012 г. 
  12. „84th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2012. конс. 28 ноември 2012 г. 
  13. „85th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2013. конс. 16 јануари 2014 г. 
  14. „86th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2014. конс. 16 јануари 2014 г. 
  15. „87th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2015. конс. 15 јануари 2015 г. 
  16. „88th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2016. конс. 14 јануари 2016 г. 
  17. „89th Academy Awards Nominees“. Академија за филмски уметности и науки. http://www.oscars.org/oscars/ceremonies/2017. конс. 24 јануари 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]