Со љубов, Винсент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Со љубов, Винсент“
Vincent van Gogh - Self-portrait with grey felt hat - Google Art Project.jpg
РежисерДорота Кобела
Хју Велхман
ПродуцентХју Велхман
Ајван Мактагарт
Шон М. Бобит
СценаристДорота Кобела
Хју Велхман
Јацек Денел
Настапуваат
МузикаКлинт Мансел
КинематографијаТристан Оливер
МонтажаДорота Кобела
Јустина Виершинска
СтудиоBreakThru Productions
Trademark Films
ДистрибутерAltitude Film Distribution
Next Film [1]
Премиера12 јуни 2017 (2017-06-12) (Анси)
6 октомври 2017 (2017-10-06) (Полска)
13 октомври 2017 (2017-10-13) (Обединето Кралство)
Времетраење95 минути[2]
Држава
Јазиканглиски
Буџет5.5 милиони долари[3]
Бруто заработка30.2 милиони долари[4]

Со Љубов, Винсент (англиски: Loving Vincent) — анимиран биографски драма филм од 2017 година за последните денови од животот на сликарот Винсент ван Гог. Ова е прв долгометражен анимиран филм во кој сите фрејмови, вкупно 65,000, се рачно насликани со масло на платно, истата техника која ја користел и самиот Ван Гог. [5] Филмот, во режија на Дорота Кобела и Хју Велхман е во полска продукција, финансиран од полскиот филмски институт и делумно преку кампања на Kickstarter.[6]

На анимацијата на филмот работеле 125 сликари од целиот свет. Филмот премиерно бил прикажан на 12 јуни 2017 година на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Анси. Филмот бил прогласен за најдобар анимиран филм на 30. доделување на европските филмски награди и добил номинација за Оскар за најдобар анимиран филм на 90. доделување на Оскарите.

Улоги[уреди | уреди извор]

Гласовите ги позајмиле следните глумци:[7][8][9]

Прием[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

До 28 јануари 2018 година, филмот остварил заработка од 30.2 милиони долари во светски рамки, од кои 6.5 милиони долари во домашните кина. Во надворешни рамки, филмот остварил заработка од 2.9 милиони долари во Јужна Кореја, 1.5 милион долари во Италија и 10.8 милиони долари во Кина.[4]

Критики[уреди | уреди извор]

На агрегаторот за рецензии Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг од 83% врз основа на 125 рецензии, со просечен рејтинг од 7.1/10. Критичкиот консензус на сајтот гласи: „Импресивните визуелни достигнувања на Со љубов, Винсент го прават овој биографски филм за Ван Гог да вреди – дури и ако неговата нарација е многу помалку ефикасно составена.“[10] На Metacritic филмот има резултат 62 од 100 врз основа на 21 критика, означувајќи „генерално поволни рецензии“.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „LOVING VINCENT IS RELEASED IN POLAND, CANADA AND VIETNAM“. Loving Vincent. конс. 19 November 2017. 
  2. LOVING VINCENT (12A)“. British Board of Film Classification. конс. 30 August 2017. 
  3. „Van Gogh, a new film and a tantalising question: was Vincent murdered?“. The Daily Telegraph. 27 June 2016. конс. 3 July 2017. 
  4. 4,0 4,1 Hopewell, John. „‘Loving Vincent’ Passes $20 Million at Worldwide Box Office“. Variety. конс. 11 December 2017. 
  5. Macdonald, Fiona (16 October 2017). „Loving Vincent: The film made entirely of oil paintings“. BBC. конс. 21 October 2017. 
  6. „Watch the Mesmerizing Trailer for a Movie About Van Gogh Fully Animated From Oil Paintings“. Slate. 29 February 2016. конс. 2 March 2016. 
  7. Waring, Olivia (2016) This animated Van Gogh movie rendered entirely in paint looks unbelievably stunning; Metro 87.1M, 23 March 2016. Retrieved 4 August 2016.
  8. ‘Loving Vincent’ Starring Vincent van Gogh; Fashion Industry Broadcast FIB, 4 April 2016. Retrieved 4 August 2016.
  9. Loving Vincent (2016) Full Cast & Crew; IMDb. Retrieved 4 August 2016.
  10. „Loving Vincent Movie Reviews“. Rotten Tomatoes. конс. 14 November 2017. 
  11. „Loving Vincent Reviews“. Metacritic. конс. 14 November 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]