Исао Такахата
Исао Такахата | |
---|---|
Роден | октомври 29, 1935 Исе, Префектура Мие, Јапонија |
Починал | 5 април 2018 Токио, Јапонија | (возр. 82)
Занимање | режисер сценарист |
Исао Такахата (高畑 勲 , [Такахата Исао] Error: {{Transliteration}}: transliteration text not Latin script (pos $1) (help), роден на 29 октомври 1935) - 5 април 2018 во Токио) е јапонски аниме режисер често сметан за еден од најголемите режисери на аниме или јапоснки анимирани филмови на сите времиња. Заедно со Хајао Мијазаки во 1985 година го основаат легендарното јапонско студио за анимирани филмови Студио Гибли.
За својата работа како режисер на анимирани филмови, Такахата добива меѓународно критичко признание. Неговите анимирани филмови во Студио Гибли опфаќаат извонреден спектар на жанрови: романтична драма (Како да беше вчера), комедија (Моите соседи Јамада), и еколошка авантура (Пом Поко), воен филм (Гробот на светулките). Гробот на светулките е разлгасен за еден од најдобрите воени филмови на сите времиња од страна на американскиот филмски критичар Роџер Еберт. Последниот филм на Такахата, Приказна за принцезата Кагуја, е номиниран за Оскар во категоријата за Оскар за најдобар анимиран филм на Осумдесет и седмото доделување на наградите Оскар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Исао Такахата е роден на 29 октомври 1935 во Уџијамада, префектура Мие, Јапонија.
Дипломира на Универзитетот во Токио во 1959 година со специалност француска литература. За време на студирањето го гледа францускиот филм Le Roi et l'Oiseau (Кралот и птицата) на Пол Гримо (фр. Paul Grimault), што во него буди интерес за анимација. Анимацијата го повеќе интересира како медиум, поради што не толку сака да анимира, а претпочита да пишува и режира за анимирани филмови.
По дипломирањето започнува да работи во новосоздадената компанија за анимирани филмови Toei Animation, каде се запознава со Мијазаки за време на работа на своето режисерко деби-филмот Hols: Prince of the Sun (јап.太陽の王子 ホルスの大冒険 букв. Големата авантура на принцот на сонцето Хорус). Филмот нема особен финансиски успех, но е од историска важност за аниме жанрот, воведувајќи број технички и стилски иновации - психолошки реализам, комплицирани визуализации, отворени политички и општествени теми, стилизирано насилство.
Заради неуспехот на Hols: Prince of the Sun Такахата не може да се избори за подобра позиција во студиото, поради што со Мијазаки го напуштат студиото во 1971 година и започнуваат работа на лични проекти. По неуспешните преговори за правата над ликот на Пипи Долгиот Чорап со шведската авторка за деца Астрид Линдгрен, ги остваруваат успешните анимирани филмови Lupin the Third Part I, Panda Kopanda, Heidi, Girl of the Alps, Anne of Green Gables и сл.
Студио Гибли
[уреди | уреди извор]Инспириран од критичкиот успехот на своето режисерско деби со долгометражниот филм Замокот Каљостро (јап. ルパン三世 カリオストロの城 Rupan Sansei: Kariosutoro no Shiro) од 1979, Мијазаки започнува да работи на својата манга Наусикаа од Долината на ветерот и режирањето на истоименуваната филмска адаптација од 1984, која доживува огромен финансиски и критички успех. Должејќи се на успехот на Наусикаа, Мијазаки доаѓа до идеја заедно со Такахата да основаат сопствено анимациско. На тимот се подоцна придружува и Тошио Сузуки, кој претходно работи за Tokuma Shoten и неколкупати соработува со Мијазаки пишувајќи статии за неговите филмови.
Стил и влијание
[уреди | уреди извор]На стилот на Такахата е видно влијание од француските режисери Пол Гримо, Жан-Лик Годар и Фредерик Бак со краткометражниот анимиран филм Човекот кој садеше дрва (анг.The Man who Planted Trees). За него е важно да се постигне тромплеј т.е. илузија за тридимензионалност на дводимензионален медиум.
За возврат филмовите на Такахата имаат големо влијание на Хајао Мијазаки, поради што аниматорот Јасуо Оцука сугерира дека Мијазаки го приучува чувството за општествена одговорност од Такахата.
Филмови режирани од Исао Такахата
[уреди | уреди извор]- Hols: Prince of the Sun
- Panda! Go, Panda!
- Гробот на светулките
- Како да беше вчера
- Пом Поко
- Моите соседи Јамада
- Приказна за принцезата Кагуја
|