Кунг фу панда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Кунг фу панда
Kung Fu Panda“
Kung fu panda poster.jpg
РежисерМарк Озборн
Џон Стивенсон
ПродуцентМелиса Каб
СценаристЏонатан Ејбел
Глен Бергер
НастапуваатЏек Блек
Дастин Хофман
Анџелина Џоли
Ијан Макшејн
Џеки Чен
Сет Роген
Луси Лу
Рандал Дук Ким
Дејвид Крос
МузикаХанс Зимер
Џон Повел
КинематографијаЈонг Дук Џун
СтудиоDreamWorks Animation
ДистрибутерParamount Pictures
ПремиераСеверна Америка:
6 јуни, 2008
Австралија:
26 јуни, 2008
Велика Британија:
4 јули, 2008
Времетраење92 минути
ДржаваСАД
Јазиканглиски
Буџет130 милиони долари[1]
Бруто заработка631.908.951 долари[2]
СледенКунг фу панда 2 (2011).[3]

Кунг фу панда (англиски: Kung Fu Panda) е американски анимиран филм од 2008 година. Филмот е во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн и продуциран од Мелиса Каб. Во главната улога се наоѓа Џек Блек како По. Филмот е продуциран во студиото на DreamWorks Animation во Глендејл, Калифорнија, а дистрибуиран од Paramount Pictures. На главните ликови покрај Џек Блек како По, гласовите ги позајмиле, Дастин Хофман, Анџелина Џоли, Луси Лу, Сет Роген, Дејвид Крос и Ијан Макшејн. Дејството е поставено во античка Кина, и се работи за дебелата џиновска панда која сака да стане кунг фу воин. Откако се предвидува дека многу страшен воин ќе избега од затвор, на По му е претскажано да стане Змејов воин, на негово големо изненадување, како и на разочарување на веќе искусните кунг фу воини.

Иако коцептот за 'кунг фу панда' бил планиран уште од 1993, работата на филмот не започнала се до 2004.[4] Идејата за филмот била значната од Мајкл Леченс,[5] извршител на DreamWorks Animation. Филмот во почетокот бил планиран да биде пародија, но режисерот Стивенсон одлучил наместо тоа, да снима акционо-комичен филм со боречки вештини во духот на акционото кино на Хонгконг кое го вклучува херојското патување на раскажувачки архетип за главниот лик. Компјутерската анимација во филмот е посложена од која било друга анимација на DreamWorks, досега. Како и со повеќето анимирани филмови на DreamWorks, Ханс Зимер (овој пат соработувајќи со Џон Повел) ја направил музиката за Kung Fu Panda. Тој ја посетил Кина за да ја абсорбира кинеската култура и да го запознае Меѓународниот кинески симфониски оркестар како дел од неговата подготовка.

Кунг фу панда премиерно се прикажуваше во САД на 1 јуни, 2008 и оттогаш се има здобиено со многу поволни критики.


Цитати[уреди | уреди извор]

Угвеј:

Yesterday is history,
tomorrow is a mystery,
but today is a gift!
That is why it is called present.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kung Fu Panda“. The Numbers. конс. 2008-06-11. 
  2. „Kung Fu Panda“. The Numbers. конс. 2008-12-25. 
  3. „Dreamworls Animation announces plans for "Kung Fu Panda" sequel in 2011“. Dreamworks News. 1 октомври, 2008. конс. 2009-02-13. 
  4. Brown, Geoff. „Who framed the animator's artistry?“, „The Times“, 19 октомври 1993.
  5. „Imagi Announces Strategic Alliance for Gatchaman and Astro Boy Toy Development“. IT News. 2007-08-07. конс. 2008-09-01. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]