Манчестер покрај море (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Манчестер покрај море“
РежисерКенет Лонерган
СценаристКенет Лонерган
Настапуваат
МузикаЛесли Барбер
КинематографијаЏоди Ли Липс
МонтажаЏенифер Лејм
Студио
Дистрибутер
Премиера23 јануари 2016 (2016-01-23) (Санденс)
18 ноември 2016 (2016-11-18) (САД)
Времетраење137 минути[1]
Држава САД
Јазиканглиски
Буџет8.5 милиони долари[2]
Бруто заработка60.8 милиони долари[3]

Манчестер покрај море (англиски: Manchester by the Sea) — американски драма филм од 2016 година, во режија и по сценарио на Кенет Лонерган. Во главните улоги се појавуваат Кејси Афлек, Мишел Вилијамс, Кајл Чендлер и Лукас Хеџс. Филмот следи човек кој се грижи за својот внук откако таткото на момчето починува.

Филмот премиерно бил прикажан на Филмскиот фестивал Санденс на 23 јануари 2016 година и набрзо потоа бил набавен од Amazon Studios за дистрибуција. Тој бил нашироко издаден на 16 декември 2016 година и од страна на критичарите добил пофалби и остварил заработка од 60.8 милиони долари во светски рамки наспроти буџетот од 8.5 милиони долари.

Манчестер покрај море бил наведен од многу филмски критичари за еден од најдобрите филмови за 2016 година, а за својата изведба Кејси Афлек добил унивезални пофалби.[4] Американскиот филмски институт го вброил Манчестер покрај море во најдобрите десет филмови во годината. На 89. доделување на наградите Оскар, филмот заработил номинации во шест категории: најдобар филм, најдобар режисер, најдобар глумец (Афлек), најдобар спореден глумец (Хеџс), најдобра споредна глумица (Вилијамс) и најдобро оригинално сценарио. Филмот исто така бил номиниран во четири категории за наградите Златен глобус, и победил во категоријата најдобар глумец во драма филм (Афлек).


Издавање[уреди | уреди извор]

Филмот премиерно бил прикажан на 23 јануари 2016 година на Филмскиот фестивал Санденс.[5] Набрзо потоа, Amazon Studios се стекнал со правата за дистрибуција на филмот во САД за 10 милиони долари, победувајќи ги Sony Pictures Classics, Universal Pictures, Lionsgate и Fox Searchlight.[6][7] Ова била втора обелоденета зделка по големина, зад филмот Раѓањето на една нација кој чинел 17.5 милиони долари.[8] Roadside Attractions, кој Lionsgate го поседува, подоцна станал ко-дистрибутер на филмот покрај Amazon.[9]

Манчестер покрај море бил прикажан на филмскиот фестивал во Телјурајд на 2 септември 2016 година,[10] на филмскиот фестивал во Торонто на 8 септември 2016 година,[11][12] на филмскиот фестивал во Њујорк на 1 октомври 2016 година,[13][14] и на филмскиот фестивал во Лондон на 11 октомври 2016 година.[15] Во кино салите, филмот започнал да се прикажува на 18 ноември 2016 година.[16]

Прием[уреди | уреди извор]

Заработка[уреди | уреди извор]

До 20 февруари 2017 година, Манчестер покрај море остварил заработка од 46.2 милиони долари во САД и Канада и 14.5 милиони долари во другите територии за вкупна заработка од 60.8 милиони долари.[3]

Филмот бил издаден ограничено на 18 ноември 2016 година, и заработил 256,498 долари од четири кина во текот на викендот, или во просек 64,125 долари по кино. Тој нашироко бил издаден на 16 декември 2016 година, прикажувајќи се во исто време со филмовите Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите и Скриена убавина, и заработил 4.2 милиони долари во текот на викендот, завршувајќи на шестото место по заработка на кино благајните.[17]

Критики[уреди | уреди извор]

Манчестер на море заработил универзално признание, со пофалби насочени кон сценариото и режијата на Лонегран и изведбите на Афлек, Вилијамс и Хеџс. На агрегаторот Rotten Tomatoes, филмот има рејтинг од 96%, врз основа на 219 прегледи, со просечен рејтинг од 8.9/10. Описот на сајтот гласи, „Манчестер на море испорачува трогателна драма исполнета со богати ликови, означувајќи друг силен чекор за режисерот-сценарист Кенет Лонерган.“[18] На Metacritic, филмот има резултат од 96 од можни 100, врз основа на 52 прегледи, означувајќи „универзално признание“.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Manchester by the Sea (15)". British Board of Film Classification. November 2, 2016. конс. November 2, 2016. 
  2. Енди Луис (November 24, 2016). "How Matt Damon's Almost-Directorial Debut 'Manchester by the Sea' Became Another Helmer's Comeback". The Hollywood Reporter. конс. November 29, 2016. 
  3. 3,0 3,1 "Manchester by the Sea (2016)". The Numbers. конс. February 20, 2017. 
  4. "Best of 2016: Film Critic Top Ten Lists". Metacritic. 
  5. "Manchester by The Sea". Филмски фестивал Санденс. конс. September 3, 2016. 
  6. Fleming Jr, Mike (January 24, 2016). "Sundance Sensation ‘Manchester By The Sea’ Near $10M Amazon Deal". Deadline.com. конс. September 3, 2016. 
  7. Siegel, Tatiana (January 24, 2016). "Sundance: Amazon Inks Huge Deal for 'Manchester by the Sea'". The Hollywood Reporter. конс. September 3, 2016. 
  8. Hime, Nelly (February 4, 2016). "The Complete List of Movies Sold at Sundance 2016, and Why Amazon and Netflix Went All Out". Vulture.com. конс. November 2, 2016. 
  9. Santer, Kristen (March 16, 2016). "Amazon Partners With Roadside Attractions for Awards Season Release of ‘Manchester By the Sea’". Indiewire.com. конс. September 3, 2016. 
  10. Hammond, Pete (September 1, 2016). "Telluride Film Festival Lineup: ‘Sully’, ‘La La Land’, ‘Arrival’, ‘Bleed For This’ & More". Deadline.com. конс. September 3, 2016. 
  11. "Manchester by the Sea". Toronto International Film Festival. конс. September 3, 2016. 
  12. Nolfi, Joey (July 27, 2016). "Toronto Film Festival 2016: Magnificent Seven, La La Land to screen". Entertainment Weekly. конс. September 3, 2016. 
  13. "Manchester by the Sea". New York Film Festival. конс. September 3, 2016. 
  14. Cox, Gordon (August 9, 2016). "New York Film Festival Loads 2016 Main Slate With Festival-Circuit Favorites". Variety. конс. September 3, 2016. 
  15. "Manchester by the Sea". BFI London Film Festival. конс. September 3, 2016. 
  16. Lang, Brent (March 16, 2016). "Amazon, Roadside Partner on ‘Manchester by the Sea’ Oscar Season Release (EXCLUSIVE)". variety.com. конс. March 16, 2016. 
  17. "‘Rogue One’ Flying To $152M+ Weekend; ‘Collateral Beauty’ A Career B.O. Low For Will Smith: PM Update". Deadline.com. 
  18. "Manchester by the Sea (2016)". Rotten Tomatoes. конс. December 27, 2016. 
  19. "Manchester by the Sea". Metacritic. конс. December 27, 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]